Пристапност до Canon

Посветеноста за лесна пристапност на Canon

Прилагодете го вашето доживување

Подобрување на пристапноста до нашата веб-страница

Контактирајте нè


Изјава за пристапност за веб-страницата на Canon Europe што важи од октомври 2023 година


Посветеноста за лесна пристапност на Canon

Компанијата Canon Europe е посветена да ги направи своите веб-страници, апликации и дигитални услуги колку што е можно попристапни. Нашата цел е да ги споиме одличните кориснички доживувања со високи нивоа на пристапност и вклученост за да можат сите да ги користат нашите дигитални услуги, независно од нивните можности или нивната хендикепираност. Тоа е дел од нашата посветеност да ги видиме сите луѓе, независно од културата, обичаите, јазикот или расата, да живеат и работат заедно за доброто на сите - ова е нашата деловна филозофија kyosei, длабоко верување врз кое темелиме сè што работиме. Континуираниот развој на нашата веб-страница, развојот на апликациите и создавањето содржини се води по најдобрите стандарди за пристапност како што се WCAG 2.1 и ISO 30071-1.

Прилагодете го вашето доживување според вашите потреби

И покрај тоа што оваа веб-страница е создадена за користење „таква каква што е“, некои луѓе ќе можат полесно да ја користат преку прилагодување на нивниот компјутер според нивните потреби - на пример: за да добијат гласовна поддршка, да ги променат боите или да го зголемат текстот.

Ако тоа ви звучи корисно, тогаш ви препорачуваме да ги посетите следните веб-страници:

WAI’s Better Web Browsing: Tips for Customizing your Computer за да прочитате или да погледнете видеоснимки како овие прилагодувања (добиени преку функциите за пристапност на вашиот компјутер, телефон или таблет-уред или преку инсталирање помошни технологии) може да ви помогнат.

Подобрување на пристапноста до нашата веб-страница

Преку експертска ревизија на пристапноста и тестирање на нашата веб-страница со хендикепирани лица, утврдивме дека постојат подобрувања за пристапност што можеме да ги примениме нашата веб-страница и веќе изготвивме план за да ги имплементираме. Во моментот работиме за да ги поправиме следните проблеми:

  • Го прегледуваме алтернативниот текст на веб-страницата и ги коригираме пропустите.
  • Работиме на обезбедување звучно објаснување за дополнителни видеа.
  • Ја прегледуваме и структурата на некои елементи на нашата веб-страница за да провериме дали се интуитивни и логични кога се читаат преку читачи на екранот.
  • Ја прегледуваме бојата на некои линкови на нашата веб-страница за полесно да се види кога текстот е линк.
  • Ги прегледуваме текстовите и боите во заднина на некои текстови и икони на нашата веб-страница за да провериме дали се лесни за читање и дали целиот текст може да се зголеми во пребарувачите
  • Работиме на подобрување на пристапноста до менијата и банерот за колачиња на нашата веб-страница.
  • Работиме на подобрување на начинот на кој функционираат некои елементи на нашата веб-страница за корисници што користат само тастатура.
  • Го прегледуваме кодирањето на нашите страници за да провериме дали читачите на екранот добро ги изговараат зборовите на страниците.

Ако некои од овие ограничувања ве спречат да ги добиете информациите или услугите што ви се потребни од нашата веб-страница, ве молиме контактирајте нè на accessibility@canon-europe.com и ние со задоволство ќе ви помогнеме.

Ве молиме пријавете доколку имате потешкотии при користењето на оваа веб-страница

Ние постојано бараме нови начини за подобрување на пристапноста на нашата веб-страница, па доколку пронајдете нешто на страницата што е тешко за користење ве молиме пријавете го на accessibility@canon-europe.com. За да ни помогнете побрзо да ја разбереме вашата тешкотија, ве молиме внесете ги информациите во делот „Контактирање со организациите за непристапни веб-страници“ во вашето барање.

Сите конструктивни повратни информации за пристапноста или користењето на нашата веб-страница се добредојдени и внимателно ќе се разгледаат.

Оваа изјава за пристапност е ажурирана во октомври 2023 година и ги следи изјавите за пристапност во меѓународниот стандард ISO 30071-1.