CANON
CAMMERA CONNECT V3
Поврзете го вашиот фотоапарат од Canon со паметен телефон или таблет-уред и направете многу повеќе.
Поврзете се. Контролирајте. Создавајте.
Една апликација, многу придобивки
Најнови вести
Допрете и изберете
Приспособете ја апликацијата со слика од вашиот фотоапарат, како и со неговиот прекар, а можете да придвижите лево или десно за да додадете повеќе.
Контролирајте и преземете
Поврзете го фотоапаратот со вашиот паметен уред и изберете ги сликите или видеоснимките што сакате да ги префрлите од фотоапаратот. Потоа споделете ги на социјалните медиуми или испратете им ги на клиентите по е-пошта, без напор.
Лесен пристап до апликациите
Користете кратенки до вашите омилени апликации и овозможете совршено функционирање на фотоапаратот и објективите со најновите верзии на фирмверот што често нудат нови функции.
Апликацијата што ви нуди повеќе
Главни придобивки
Фотографирајте и снимајте далечински
Ако фотографирате плашливи диви животни, пејзажи со долга експозиција, интересен автопортрет или, пак, снимате видеоблогови, функцијата за далечинска контрола ви овозможува нови креативни опции за вашите фотографии и видеоснимки. Гледајте слика во живо од фотоапаратот преку вашиот уред од далечина, со можност за прилагодување многу поставки на фотоапаратот. Во фотостудијата, пак, можете да ги контролирате блицовите далечински со помош на предавателот ST-E10 Speedlite. А ако сакате уште подолги експозиции со режимот за сијалица, ракувајте со блендата преку апликацијата за да спречите појава на вибрации кај фотоапаратот.
Преземете, оценете и споделете
Поврзете го вашиот паметен уред и изберете ги сликите што сакате да се префрлат или префрлете ги сите слики во него автоматски. Може да изберете да отворите слики во други апликации од Canon, како Digital Photo Professional Express за уредување или Canon Print за печатење. И префрлувањето видеоснимки од фотоапаратот е лесно, без напор и без кабли заради поедноставен работен процес, при што големината на видеозаписите се прилагодува заради полесно споделување кога сте во движење. Штом го впарите фотоапаратот со вашиот паметен телефон ќе можете да ги прегледувате сликите од фотоапаратот преку екранот на телефонот, ракувајќи само со паметниот телефон - дури и ако фотоапаратот е исклучен. Сликите може да ги префрлите во вашиот телефон со оригинална или променета големина, за да можете веднаш да ги споделувате на социјалните мрежи.
Прецизни информации за локација
Ако го поврзете вашиот паметен телефон со апликацијата Canon Camera Connect ќе ја отклучите функцијата за GPS на вашиот телефон, па во случај вашиот фотоапарат да нема таква функција, вие ќе можете да го мапирате и евидентирате вашето патување, независно од локацијата. Исто така, можете лесно да го поставите часовникот на фотоапаратот кога патувате во различни временски зони!
Ажурирајте го вашиот фотоапарат редовно
Проверете дали го имате најновиот фирмвер за вашиот фотоапарат и вашите објективи со добивање известувања за нови ажурирања директно во апликацијата. Преземете го и инсталирајте го новиот фирмвер за фотоапаратот преку вашиот телефон, без потреба да користите компјутер или да отстранувате картички. На тој начин, вашиот фотоапарат ќе биде ажуриран со најновиот фирмвер каде и да одите, а притоа ќе располагате со најновите функции.
Преземете Camera Connect v3
Апликацијата Camera Connect може достапно да се преземе во вашиот уред. Само отворете App Store или Google Play и побарајте „Canon Camera Connect“.
Погледнете ја веб-страницата на апликацијата за да ги дознаете сите информации за компатибилноста.
Информации за компатибилност
Слични статии
Снимајте одлични спортски фотографии што ќе ја победат конкуренцијата
Сакате спорт, но не знаете како да го фотографирате? Пет професионални фотографи ги откриваат техниките што ги користат за фотографирање.
Апстрактно макро фотографирање: фотографирање сапуница
Дознајте како да снимате прекрасни, разнобојни и апстрактни макро фотографии од сапуница во овој едноставен водич со објаснувања во чекори.
Нескротен по природа
Пет причини поради кои PowerShot SX740 HS е совршен за фотографирање диви животни.
Ажурирање за EOS R6, EOS R5 и EOS-1D X Mark III
Ажурирањето на фирмверот придодава нови функции на најдобрите фотоапарати од Canon. Richard Walch, Martin Bissig и Eddie Keogh ќе ги тестираат нивните перформанси.