Canon
Апликација MOBILE FILE TRANSFER

Искористете ја моќноста на 5G и одново дефинирајте го безжичниот работен процес со мобилна апликација за префрлување датотеки што ви овозможува да создавате, уредувате и додавате IPTC-податоци во слики за побрзо означување и каталогизирање додека работите на терен.

ЗАБРЗАЈТЕ ГО РАБОТНИОТ ПРОЦЕС

Подобрете го работниот процес и пренесувајте ги вашите слики побрзо со апликација дизајнирана за високи перформанси. Додавајте метаподатоци на сликите, поставувајте FTP-протоколи и многу повеќе со помош на оваа апликација од Canon за мобилни уреди на вашиот телефон компатибилен со 5G. Овозможува нови нивоа на испорака - дури и додека фотографирате.

Испратете ги информациите за сликата директно до фотоапаратот

Користете ја апликацијата за да додадете IPTC-метаподатоци на сликите пред или по снимањето. На фотоапаратот внесете детали за фотографирањето, како што се локација, субјект, настан и користениот фотоапарат за да заштедите време подоцна.

Увезете однапред подготвени податоци

Времето поминато пред фотографирањето ја зголемува ефикасноста подоцна, па токму затоа апликацијата ви овозможува автоматски да додавате информации и гласовни белешки на сликите во моментот на снимањето.

Создајте поставки за FTP-сервер и зачувајте ги на телефонот

Користете ја апликацијата за да складирате до 20 FTP-адреси, префрлувајќи слики преку Wi-Fi или телефон компатибилен со 5G; идеално решение за професионален фотограф во движење.

Поврзете се преку USB или Wi-Fi1 и користете ја функцијата за автоматско префрлување

Апликацијата овозможува жична или безжична врска за брзо и стабилно префрлување слики од фотоапаратот во апликацијата; користете ја мобилната врска или Wi-Fi-врската на телефонот за да префрлувате слики до клиенти во моментот на снимањето.

Изберете и испратете слики

Прегледајте ги вашите слики во апликацијата и испратете ги поединечно или групно преку префрлување на повеќе слики. По испраќањето, сликичките ќе бидат означени за да се прикаже успешно префрлување.

Отсечете2, додајте гласовна белешка и поставете оценка со ѕвездички

Отсечете и испратете ги вашите слики и користете го универзално поддржаното оценување со ѕвездички за да го означите тоа што ви се допаѓа и додајте гласовни белешки на вашите фотографии за специфични информации или упатства.

Главни придобивки

Метаподатоци што ги следат стандардите од индустријата

Кога работите со новинарски организации, осигурувањето дека вашите авторски права и податоците за текстот се согласуваат со прифатените протоколи е од витално значење. Информациите како вашето име, авторските права и текстот можат лесно да се вградат во апликацијата MFT. Метаподатоците со стандард IIM вграден во сликите се нарекуваат „IPTC-заглавја“ и може лесно да се кодираат и декодираат од повеќето популарни софтвери за уредување фотографии. Користете ја апликацијата за да ги додадете овие метаподатоци на сликите пред или по снимањето. На фотоапаратот внесете детали за фотографирањето, како што се локација, субјект, настан и користениот фотоапарат за да заштедите време подоцна.

Работете попаметно далечински и подгответе се побрзо

Благодарение на континуираното спроведување на 5G-мрежи, апликацијата може да работи со мобилниот сигнал на вашиот телефон, што ви овозможува да работите далечински без Wi-Fi за да можете да испраќате од секое место на терен. Кога ги знаете деталите на задача и можете претходно да ги додадете информациите, апликацијата ви овозможува да ги внесете информациите претходно, автоматски додавајќи информации за фотосесијата како географски ознаки преку GPS и гласовните информации на вашиот телефон, во моментот кога се снима секоја слика. Апликацијата може да се заклучи откако ќе бидат внесени информациите за да се спречи случајно бришење кога сте на терен.

Изберете ги или сменете ги поставките за FTP-сервер

Апликацијата MFT овозможува на FTP-серверот да биде избран или променет пред испраќање, што овозможува полесно и побрзо испраќање слики кон различни места. Користете ја апликацијата за да складирате до 20 FTP-адреси, префрлувајќи слики преку Wi-Fi или телефон компатибилен со 5G; идеално решение за професионален фотограф во движење.

Поврзете се преку USB или Wi-Fi1 и користете ја функцијата за автоматско префрлување

Користете ја функцијата за префрлување во апликацијата за да го видите статусот на префрлување на сликите во реално време додека се испраќаат. Апликацијата овозможува жично или безжично поврзување за брзо и стабилно префрлување слики од фотоапаратот до апликацијата. Користете го поврзувањето преку Wi-Fi или мобилното поврзување на телефонот за да ги префрлите сликите до клиентите во моментот на снимањето. Сликите не се префрлуваат на вашиот телефон, туку само минуваат низ апликацијата директно од вашиот фотоапарат, така што не мора да се грижите за неочекувано полнење на меморијата на вашиот телефон. Најважно од сѐ, автоматското префрлување може да се користи за создавање резервна копија од сликите на друго место кога снимате во опасни ситуации.

Изберете и испратете слики

Во апликацијата има два методи за испраќање слики: како поединечни датотеки или групно преку префрлување повеќе слики. Наједноставниот начин за испраќање одредена снимка е преку испраќање единечна слика. Најдете ја сликата што сакате да ја испратите, па кликнете ја иконата „Префрлување“, по што ќе се испрати кон FTP-серверот од фотоапаратот. Оваа опција е идеална ако треба да се испрати гласовна белешка преку телефонот. За групно праќање, притиснете го копчето „Избери“ во горниот десен агол на екранот и изберете ги сликите, или изберете повеќе слики со тоа што ќе притиснете и задржите една слика, а потоа ќе ја изберете последната слика во низата што сакате да ја испратите. По испраќањето, сликичките ќе бидат означени за да се прикаже успешно префрлување. Користете жично поврзување преку USB за побрзо префрлување.

Отсечете2, додајте гласовна белешка и поставете оценка со ѕвездички

Апликацијата MFT се одликува со основна можност за исправување и функција за отсекување за подобрување на сликите пред префрлување преку FTP. Апликациите може да се користат за подредување на сликите преку оценки со ѕвездички. Апликацијата и фотоапаратот можат да ги постават овие оценки за да можете да уредувате од голема група слики за да изберете кои слики да ги испратите од крајна серија. Или, пак, оценките може да се користат за идентификување различни субјекти за идно уредување или за каталогизирање по фотосесија. Системот за оценување (ѕвездички) е универзално поддржан за оценетите слики да може да се видат при отворање во повеќето апликации за уредување слики, како што се Lightroom и Photoshop. На тој начин, оценките може да се користат како дел од вашиот работен процес, од фотографирањето до уредувањето.

Преземете ја апликацијата MOBILE FILE TRANSFER од Canon

Апликацијата MOBILE FILE TRANSFER е достапна за бесплатно преземање од вашиот уред. Само отворете ја App Store или Google Play и побарајте „Mobile File Transfer“.

Погледнете ја веб-страницата на апликацијата за да ги дознаете сите информации за компатибилноста.

Информации за компатибилност

Апликацијата MOBILE FILE TRANSFER од Canon е достапна на уреди со iOS и Android.

Слични статии

Снимајте одлични спортски фотографии што ќе ја победат конкуренцијата

Сакате спорт, но не знаете како да го фотографирате? Пет професионални фотографи ги откриваат техниките што ги користат за фотографирање.

Апстрактно макро фотографирање: фотографирање сапуница

Дознајте како да снимате прекрасни, разнобојни и апстрактни макро фотографии од сапуница во овој едноставен водич со објаснувања во чекори.

Нескротен по природа

Пет причини поради кои PowerShot SX740 HS е совршен за фотографирање диви животни.

Ажурирање за EOS R6, EOS R5 и EOS-1D X Mark III

Ажурирањето на фирмверот придодава нови функции на најдобрите фотоапарати од Canon. Richard Walch, Martin Bissig и Eddie Keogh ќе ги тестираат нивните перформанси.

Може да ве интересира и

Апликација Canon Camera Connect

Поврзете го фотоапаратот со вашиот уред од Apple или уред со Android за да го ажурирате фирмверот, да фотографирате далечински или да ги преземате вашите фотографии на едноставен начин.

Digital Photo Professional Express

Брзо обработувајте RAW-датотеки на вашите мобилни уреди кога сте во движење.

  1. Повеќе информации за компатибилноста побарајте во Apple App Store или Google Play Store
  2. Само Android