Binoculars FAQs

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ЗА ДВОГЛЕДИ

Какви видови двогледи постојат?

Првиот двоглед бил измислен пред приближно 400 години. Сега постојат повеќе стотици различни модели на двогледи што се произведуваат и продаваат низ целиот свет. И покрај тоа што концептот за гледање зголемена слика со сопствените очи не е променет, сепак постојат два различни видови на двогледи: двогледи со призма и Galileo двогледи

  • Двогледи со призма

Повеќето двогледи што се продаваат денес користат конвексни леќи за објективот и визирот. Тие се нарекуваат двогледи со призма бидејќи призмите се користат за „корекција“ на превртената слика.

Призми Porro

Кај призмите Porro, светлината што минува низ нив создава облик во форма на „Z“ пред да допре до очите.

Призми во вид на кров

Кога користите призми во форма на кров (или наречени Dach: значи кров на германски), светлината минува низ нив по права линија што овозможува дизајнирање на компактни двогледи.

  • Двогледи Galileo

Во овие објективи се применува истиот концепт што го користел Галилео Галилеј во телескопите во 17 век. Бидејќи за визирот се користат конкавни леќи, не се потребни призми за корекција на сликите. Овој вид на двогледи е познат и како очила за опреа и се користел за гледање предмети на мала оддалеченост.

Што претставува доближувањето?

Доближувањето претставува сооднос помеѓу големината што се гледа со око и големината што се добива со двогледот. На пример, ако еден двоглед има зголемување од 10x, предметот ќе биде зголемен 10 пати. Со други зборови, некој предмет на оддалеченост од 100 метри ќе изгледа како да е на оддалеченост од 10 метри од објективот.


Телефото објективите од 1.000 mm за фотоапарати нудат пет пати поголемо зголемување од објективите од 200 mm. Истото важи и за двогледите, односно предметот се зголемува пет пати повеќе со двогледите со доближување од 20x отколку со двогледите со доближување од 4x. Единствената разлика е во тоа што телефото објективот мора да биде доволно широк за да ја зголеми сликата за прилично широкиот отвор на блендата кај фотоапаратите, а двогледот треба само да ја зголеми сликата за релативно помалиот ирис на човечкото око. На пример, имате двоглед со доближување до 12x. За да ја добиете истата зголемена слика со фотоапарат со објектив од 35 mm, треба да користите телефото објектив од 700-800 mm. Различни видови двогледи: двогледи со призма и Galileo двогледи.

Зошто сликата се гледа подобро кога е зголемена?

Степенот на препознавање детали што го нуди двогледот се нарекува моќ на обработка. Бидејќи површината со конусни клетки за вид во ретината на човечкото око е мала, не постои физичка вежба со која би можела да се зголеми моќта на обработка. Единствениот начин да се зголеми е да се погледне низ добар двоглед. Ако користите двоглед со доближување од 10x, тогаш ќе имате 10x поголема моќ на обработка од стандардната.


Не сите двогледи го нудат соодносот на доближување и моќта на обработка наведени на уредот. Ако има премногу аберација, тогаш нема доволно моќ за обработка. Без разлика колку е добар двогледот, моќта за обработка ќе се намали поради тресењето на сликата. Колку е поголем соодносот на доближување, толку поголемо ќе биде тресењето на сликата. Воглавно, двогледи со доближување над 10x не се препорачуваат за рачна употреба. За да го елиминира овој проблем, Canon почна да ги применува своите врвни оптички технологии од објективите за фотоапарати. Освен тоа што користи два елементи за израмнување на полето, UD леќа и асферични леќи за да создаде идеална моќ за обработка, Canon ја употреби и својата оригинална технологија за стабилизација на слика (кај серијата IS) што значително се справува со тресењето на рацете. Токму поради овие технологии, со двогледите од Canon ќе можете јасно да ги видите сите пердуви од крилјата на птиците.

Зошто има три различни видни полиња за различни двогледи?

Оптичката структура на секој модел на двоглед е различна, па дури и ако степенот на доближување е ист, нивото на доближување кај секој двоглед ќе биде различно. Ширината на приказот што може да се види низ двогледот се нарекува видно поле. Пошироко видно поле е попрактично за гледање птици во голема шума.

  • Реално видно поле

Тоа е приказот низ двогледот што се мери од центарот на леќата на објективот и се изразува во степени (агол). Колку е помало доближувањето на двогледот, толку е поголемо реалното видно поле и колку е поголемо доближувањето, толку е потесно видното поле. Поради тоа, тешко е да се спореди реалното видно поле на некој двоглед со видното поле на двоглед што има различен степен на доближување.


  • Достапно видно поле

Оваа вредност се основа врз пресметка направена со стандардот ISO 14132-1:2002 и го претставува видното поле што ќе го видите низ двогледот. Таа може да се споредува дури и кај двогледи со различно доближување. Воглавно, ако достапното видно поле е поголемо од 60°, тоа се смета за широко видно поле.

Зошто некои двогледи прикажуваат посветла слика?

Светлината се разликува во зависност од моделот на двогледот. Светлината се разликува во зависност од цената и големината на двогледот. Постојат повеќе степени на светлина во зависност од потребите на корисниците.

  • Излезна зеница

Светлиот видлив круг кога го гледате визирот на растојание од приближно 10 инчи од очите се нарекува излезна зеница. Дијаметарот се мери во милиметри и се нарекува отвор на зеницата. Колку е поголема излезната зеница, толку посветла слика прикажува двогледот, а светлината се изразува со квадратот на отворот на излезната зеница.


Големината на човечките зеници е приближно 2-3 mm во светли услови, а излезните зеници на двогледот се приближно 3 mm. Во темни услови нашите зеници се прошируваат приближно до 7 mm, па затоа е пожелно да имате двоглед со големи излезни зеници доколку сакате да го користите навечер. Меѓутоа, недостатокот кај овие двогледи е тоа што се многу големи и тешки.

  • Достапен отвор на леќата на објективот

Дијаметарот на леќата на објективот низ која минува светлината се нарекува достапен отвор на леќата на објективот. Ако доближувањето е исто, тогаш колку е поголем отворот на леќата на објективот, толку посветла ќе биде сликата што ја прикажува двогледот. Ефектот е ист и кај телефото објективите со многу голем дијаметар на леќата. Соодносот помеѓу овие три фактори е:


Отвор на излезната зеница = достапен отвор на леќата на објективот / доближување.

Како да ја препознам разликата во квалитетот на сликата?

Идеални двогледи се оние двогледи што ќе заборавите дека ги користите додека гледате низ нив. Ако купите двоглед со широко видно поле и квалитетот на сликата е навистина добар (доволно добар за да не се забележува голема разлика од гледањето без двоглед), тогаш со часови ќе уживате во неговото користење. Некои луѓе се убедени дека поради тоа што тие се фокусираат само на средината од објективот, ако останатата површина е заматена тоа нема да им пречи при користењето. Воглавно, ретината проектира слики без аберација, па кога гледате заматени слики, мозокот се обидува да ги игнорира. Ако свесно се обидувате да ги игнорирате заматените слики подолг временски период, тогаш можно е да почувствувате замор, па дури и лошење. Квалитетот на сликата многу тешко се одредува само преку листа со спецификации. Најлесниот и најсигурниот начин за тоа е да погледнете низ двогледот. Имајте ги следните фактори на ум при купување двоглед.


  • Дали гледате само една слика или две?

Двогледите користат два објективи што се меѓусебно паралелни. Меѓутоа, ако порамнувањето за време на производството не е совршено или, пак, двогледот претрпи потрес за време на транспортот, тогаш објективите може малку да се изместат. Во тој случај ќе гледате две слики. Дури и ако го поправите двогледот, објективите ќе продолжат да се поместуваат при најмал потрес. Не ви препорачуваме такви двогледи.


  • Дали сликата е доволно остра?

Проверете дали буквите на некој знак или тенките гранки на дрвата се кристално јасни. Исто така, светилките навечер и ѕвездите не треба да бидат заметени, а формите не треба да бидат изобличени. Острината на сликата тешко може да се одреди ако гледате само преку еден двоглед. Обидете се да погледнете преку повеќе двогледи и тогаш ќе можете да воочите разликата.


  • Дали изгледа дека боите се прелеваат? Дали забележувате избледување на боите?

Кога гледате бел предмет се појавува прстен во вид на виножито. Тоа се нарекува хроматска аберација, квалитетот на сликата се намалува и оваа појава е присутна кај двогледи со поголем отвор на блендата и поголем зум. Исто така, боите може да се променат и поради слоевите и различните објективи поставени на двогледите. Насочете го двогледот кон бела слика и проверете како изгледа сликата. За да го спречи избледувањето на боите, Canon користи UD објектив (15X50 IS AW, 18X50 IS AW, 10x32 IS, 12x32 IS и 14x32 IS) од серијата на EF објективите познати по нивната супериорна оптичка технологија. Освен тоа, со слојот „super spectra“ ви гарантираме светли и јасни слики.


  • Дали целата слика е јасна?

Достапни се многу објективи со широко видно поле што ги задоволуваат потребите на потрошувачите. Меѓутоа, достапни се и двогледи со широко видно поле што е добиено „присилно“, а тоа предизвикува намалување на квалитетот на сликата околу рабовите на објективот. Најчестата причина поради која настанува оваа појава е кривата на полето. Насочете го двогледот кон ѕид, фокусирајте нешто и проверете дали сè наоколу се гледа јасно. Ако кривата на полето е голема, тогаш рабовите ќе бидат заматени. Не ви препорачуваме да купувате такви двогледи. Canon користи објектив за израмнување на полето и асферичен објектив за значително намалување на кривата на полето. Со двогледите од Canon ќе добиете одличен квалитет на слика во секоја пригода.


  • Дали сликата е изобличена?

Кога гледате низ двогледот, понекогаш линиите на циглите или прозорците под прав агол кај зградите изгледаат заоблени во рабовите на објективот. Тоа се нарекува изобличување. Кога изобличувањето е многу големо, не само што целиот предмет ќе изгледа изобличено, туку и кога ќе го движите двогледот, предметот ќе изгледа како да лебди и тешко ќе можете да го видите. Canon користи асферични објективи со голема прецизност за корекција на изобличувањата.

Зошто серијата IS од Canon е толку уникатна?

  • Го елиминира „тресењето на сликата“ што претставува голем проблем кај двогледите. Користи најнапредна стабилизација на слика.

    Многумина што користеле двоглед на некој спортски настан или концерт забележале колку се тресе сликата, па затоа сметаат дека двогледите се бескорисни. Најголемата поплака на корисниците е тресењето на сликата. Колку е поголемо зголемувањето, толку поголемо е и тресењето на сликата. Воглавно, сите двогледи со доближување над 10x не треба да се користат долги временски периоди. Најдоброто решение досега беше употребата на статив. Меѓутоа, стативите се крупни и не може да се користат секаде. Дури и ако ви треба двоглед со доближување над 10x за гледање птици, максималното доближување што ќе сакате да го користите додека одите ќе биде помеѓу 7x и 8x.


Canon е првиот производител во светот што вградува активна оптичка стабилизација на слика во серијата IS. Оптичкиот систем врши компензација за движењата и се контролира преку микропроцесор, поради што се елиминира тресењето предизвикано од рацете. Како резултат на тоа, дури и ако се користи доближување над 10x, нема да биде потребен статив. Тие може да се користат и кога гледате преку нив на подвижна платформа.


  • Широко видно поле со врвен квалитет на слика. Користи два елементи за израмнување на поле.
Квалитетот на сликата околу рабовите е многу важен фактор при изборот на двоглед. При долго користење на двоглед со слаб квалитет на слика, корисникот брзо ќе почувствува замор, а можеби и лошење. Серијата IS го користи првиот објектив со два елементи за израмнување на поле во светот. Ова е ексклузивен оптички дизајн од Canon со два објективи за израмнување на поле, а тоа се објективи што се вградуваат во двогледи од висока класа. Со употреба на два објективи, Canon успеа да создаде широко видно поле од 61° (15x50 IS AW) и 60,3° (18x50 IS AW), со ненадмината острина.


  • Лесен и водоотпорен: одличен за надворешна употреба.
Птицата што ја следевте од далечина ненадејно ви се приближи. Еден од проблемите што се појавуваат е најмалото фокусно растојание. Воглавно, колку поголемо доближување нудат двогледите, толку поголемо фокусно растојание имаат. Многупати сте биле приморани да гледате без двогледот, бидејќи не сте можеле да фокусирате доволно брзо. Исто така, кога гледате птици постојано се движите наоколу со двогледот. Поради тоа сакате да носите лесен двоглед.


И покрај тоа што 10x30 IS II од Canon се одликува со стабилизација на слика и максимална големина, тој тежи само 600 g. Стативите тежат по неколку килограми, што значи дека товарот се намалува значително. 15x50 IS AW и 18x50 IS AW се дизајнирани со затворена конструкција што е соодветна за надворешна употреба, дури и во услови со обилен дожд. Тие се создадени за СИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ (AW).

Различни видови и карактеристики на технологијата за стабилизација на слика

Денес има три производители, во кои спаѓа и Canon, што продаваат двогледи со стабилизација на слика.


  • Вид на призма со променлив агол

Два сензори што откриваат хоризонтално и вертикално тресење. Двете призми со променлив агол во левиот и десниот телескоп се контролираат преку микропроцесор за моментално прилагодување на аголот на прекршување на светлината што навлегува. Овој систем се користи во двогледите со стабилизација на слика од Canon.


Предности: компактен, лесен; моментално подобрување по активирање на стабилизацијата на сликата (системот се активира веднаш по притиснување на копчето); сликата е стабилна дури и при поместување. 

Недостатоци: потребни се батерии.


  • Вид со поместување на оптиката

Овој вид е сличен на призмата со променлив агол, но тука оптиката што се користи за корекција на тресењето е составена од стандардни елементи за објективи и нивното движење се контролира со посебен систем - исто како стабилизацијата на слика кај палетата на EF објективи од Canon.


Предности: подобра острина и корекција на поекстремно движење, како на пример, лулање на брод или бавни движења при дишење.


  • Вид со жироскоп

Жироскоп со брз мотор прикачен на призма. Сликата ќе биде стабилна без разлика колку се тресе двогледот. Овој систем се користи во Stabiscope S1240 и S1640 од Fujinon.


Предност: извонредно отпорен на екстремно тресење или движење. Недостатоци: на моторот со 12.000 rpm му е потребна една минута за да се активира; тежок е; овој систем не може да разликува помеѓу тресење и поместување, па затоа сликата не е стабилна при поместување; му требаат батерии.


  • Механички вид

Системот со призма е поврзан со системот Cardanic Suspension кој го спречува движењето на призмите без оглед на јачината на тресење на двогледот. Овој систем се користи во Zeiss 20x60S Professional.


Предности: не се потребни батерии благодарение на механичкиот систем; моментално подобрување по активирање на стабилизацијата на сликата (системот се активира веднаш по притиснување на копчето).

Недостатоци: тежок е; овој систем не може да разликува помеѓу тресење и поместување, па затоа сликата не е стабилна при поместување.