Заборавете на ангажирањето трети страни за дизајн: создавајте постери, реклами и летоци за вашата компанија во 4 лесни чекори

Имате печатач од Canon? Започнете да создавате со PosterArtist - бесплатен и практичен софтвер за дизајнирање

Независно дали станува збор за брошура од сјајна хартија, летоци за отворање на некој ресторан или информативен постер од здравствена установа, печатењето има важна улога во стратегиите за комуникација во многу индустрии. Всушност, едно неодамнешно истражување посочува дека секторите за продажба, производство, здравство и јавниот сектор трошат 50% од нивниот буџет за комуникација за печатење1, а и другите сектори имаат слични трошоци.

Но, печатењето рекламни материјали што оставаат силен впечаток може да биде скапо, особено поради тоа што 95% од компаниите ангажираат надворешни субјекти за нивните потреби за печатење, односно други компании што нудат специјални услуги. Причината за тоа е потребата од професионален квалитет бидејќи компаниите немаат сопствени ресурси за тоа.

Конечните отпечатени материјали не се единствен фактор во процесот. Немајќи сопствен искусен дизајнерски тим, компаниите често се одлучуваат да ангажираат трети страни за целосниот процес, почнувајќи од дизајн па сè до производство. Иако ангажирањето трети страни генерира одреден профит, организациите што сакаат брзо создавање на ад-хок материјали може да наидат на проблеми во однос на времето и трошоците за производство.

Буџетите за маркетинг сè повеќе се намалуваат, поради што организациите се под притисок да ги намалат своите трошоци, но благодарение на новите решенија на пазарот како што е PosterArtist, компаниите нема да треба да прават компромиси во печатењето. Организациите со уред од Canon сега ќе имаат подобри алатки за дизајнирање и создавање рекламни материјали самостојно, во случаи кога не е профитабилно да се ангажираат трети страни.

Што е PosterArtist?

PosterArtist е веб-алатка за дизајнирање и печатење од Canon која им овозможува на сите да дизајнираат рекламни материјали за само неколку минути на едноставен начин. Дизајнирана е да им овозможи на сите корисници - со или без вештини за дизајнирање - да создаваат материјали брзо, лесно и со висок стандард.

Ако сте професионалец со многу кратко време на располагање, тогаш софтверот ќе ви овозможи да создадете материјали од почеток, а притоа ќе ви понуди соодветни ресурси за да заштедите време и да ја реализирате вашата идеја. Бесплатниот пристап до многубројни збирки на фотографии, меѓу кои и Pixabay, Unsplash и Pexels, ќе ви овозможи да пронајдете слики што најдобро ќе го промовираат вашиот бизнис. Освен тоа, може да ги приспособувате фонтовите, боите и текстурите за да го претставите стилот на вашиот бренд и да го привлечете вниманието на вашите клиенти.

Не секој се гледа себеси како дизајнер или има визија за тоа што сака да го постигне. Затоа PosterArtist нуди и стотици однапред дизајнирани шаблони што може да ги изберете и што се организирани по индустрија за да можете полесно да ги пронајдете најсоодветните однапред подготвени опции. Шаблоните лесно се приспособуваат и адаптираат според потребната намена.

Како да создадете постер

Чекор 1: Изберете шаблон или почнете да работите од почеток

PosterArtist е веб-софтвер што значи дека не треба да го инсталирате, туку само да ја отворите неговата веб-страница и да го вклучите софтверот. Внесете лозинка за да направите сметка и почнете да работите.

Прво ќе се прикаже почетниот екран, со икони од различни апликации што можете да ги изберете за постери, реклами, менија, календари и летоци. Изберете ја опцијата што сакате да ја создадете. Потоа може да навлезете во деловни сфери како продажба, храна и пијалаци, училиште и образование и други теми за настани. Во третата категорија ќе пронајдете мали сликички од однапред подготвените шаблони што може да ги изберете.

Picture of the PosterArtist homescreen - Canon UK

Изберете некој шаблон од богатата понуда или одете на почетниот екран за да ја изберете опцијата „Create new“ (Создај ново).

Чекор 2: Приспособете ги заднината, фонтовите и боите

Доколку избравте однапред подготвен шаблон, сега ќе имате можност да уредите поединечни елементи од дизајнот. Започнете со заднината. Шаблоните имаат стандардна заднина, но може да ја промените бојата или да ја отстраните доколку сакате. Исто така, може да ги искористите алатките за форми за да додавате форми по ваш избор - зголемете ги, подредете ги и обојте ги во шаблонот или на празното платно за да ја создадете вашата заднина.

Потоа размислете за текстот. Може да го уредите текстот од шаблонот според вашите потреби или да внесете сопствени фрази и информации што сакате да бидат присутни доколку почнувате да работите без шаблон. Потоа уредете го фонтот, дебелината, положбата и бојата на текстот.

Дали сакате да додадете луксузен ефект? Изберете ја функцијата за златна/сребрена текстура за да создадете заднина со ефект на метална текстура на полињата со текст и лого ознаките.

Ако ви треба помош за да ги позиционирате вашите слики и текст, тогаш активирајте ја паметната функција за автоматски дизајн. Изберете ја категоријата на постерот, изберете слики и внесете текст, а потоа софтверот ќе ви понуди одлични идеи за подобрување на вашиот дизајн.

Picture of PosterArtist Auto Design function - Canon UK

PosterArtist е дизајниран да биде компатибилен со сите печатачи од Canon. Тоа значи дека може да ги искористите придобивките од специјалните функции на вашиот уред, како додавање флуоресцентна розова боја со серијата imagePROGRAF GP.

Picture of pre-loaded template - Canon UK

Чекор 3: Изберете слики

Ако користите однапред подготвен шаблон, тогаш тој веќе ќе содржи неколку слики што лесно може да ги замените. Може да увезувате слики директно, односно да вчитувате слики што самите сте ги снимиле. Ако веќе сте зачувале слики и лого ознаки, тогаш може да ги пронајдете во зоната „File“ (Датотека) од каде што ќе можете да ги додадете во вашиот дизајн.

Или, пак, отворете ги збирките со слики каде што може да пребарувате илјадници потенцијални слики и фотографии што ќе одговараат на вашиот дизајн. Сите слики можат да се уредат. Може да им ја менувате големината, положбата, соодносот и да им додавате ефекти како сенки или рамки.

Picture of Canon printer printing high definition images.

Чекор 4: Печатење

Софтверот PosterArtist е компатибилен со печатачите од Canon, па независно дали користите печатач PIXMA во домот, печатач imageRUNNER ADVANCE или i-SENSYS во канцеларијата или, пак, печатач imagePRESS или imagePROGRAF во вашата просторија за професионално печатење, бидете сигурни дека материјалите што ќе ги отпечатите ќе бидат исти како сликата што ја гледате на компјутерскиот екран. Кликнете на копчето „Proceed to Print“ (Продолжи со печатење) и гледајте како вашиот дизајн станува реален.

Дали ви треба повеќе помош за користење на PosterArtist? Погледнете го видеото со објаснувања во чекори тука.

Побарајте информации

  1. Извештај за увид од Canon, создавање поголема вредност за клиентите, 2020 година