Cimpress и VistaPrint воведуваат иновации со Canon

Дознајте како Canon и VistaPrint остварија партнерство за да испорачаат уникатно решение за завршна обработка што во целост ја искористува моќта на varioPRINT iX3200.
video of Canon and VistaPrint using varioPRINT iX3200 printer

Цели

Компанијата VistaPrint бараше партнер за печатење на мали и големи формати што ќе ѝ овозможи да ги задоволи барањата на потрошувачите и да го подготви своето деловно работење за иднината.

Предизвикот

Избраниот партнер мораше да биде доверлив и сигурен, а притоа и да испорача сеопфатно решение што ќе ѝ помогне на VistaPrint одлично да ги извршува сите свои различни задачи, вклучувајќи ги и сложените проекти во кои се користат различни подлоги и лакови.

Клучната можност

Создавање поедноставен работен процес на внатрешна завршна обработка за испорака на квалитетни обложени материјали со голема брзина, со многу мала рачна интеракција.

Им овозможуваме на компаниите да создадат брендови

VistaPrint им овозможува на сопствениците на мали компании да создаваат експертски дизајнирани приспособени рекламни материјали со професионален изглед, подготвени за користење веднаш. Матичната компанија на VistaPrint, Cimpress plc, создава и долгорочно инвестира во претприемачки компании за печатење во голем обем што се фокусирани на потрошувачите и генерира годишен приход од над 3,2 милијарди американски долари.

Благодарение на најновите технологии за печатење, компанијата VistaPrint нуди голем број маркетиншки производи за мали компании, како и пристап во реално време до професионална дизајнерска поддршка, доколку е потребна. Тоа значи дека нивните потрошувачи лесно може да дизајнираат усогласен бренд што ќе го рефлектира целото нивно деловно работење, без разлика дали поседуваат продавница, работат онлајн, на конкретна локација или во движење.

Cimpress plc office

VistaPrint

Приоритетите на VistaPrint беа:

• Подобрување на краткото време за испорака на резултати, брзото завршување на задачите, исклучителниот квалитет на слика и сигурност
• Задржување на едноставноста и флексибилноста
• Обезбедување лесно користење во поглед на потребното знаење и компетентност
• Висока репродукција и повторливост на сите отпечатени материјали
• Прифаќање решенија што ги поддржуваат нејзините амбиции за постигнување сеопфатна дигитализација и усвојување на процесите на индустријата 4.0

Предизвикот за секое деловно работење е да се создаде предност во однос на конкуренцијата. Постојано се стремиме да се подобриме со помош на технологијата. Секако, за да го сториме тоа, ги бараме и вистинските партнери“.

Зошто Canon

Разновидно портфолио на целосни решенија

Богатото портфолио за печатење на Canon, кое опфаќа хардвер, софтвер, технолошки партнерства и услуги, беше гаранција дека ќе може да ѝ понуди целосен пакет на компанијата VistaPrint и да помогне нејзиното деловно работење да ги исполни разновидните барања за печатење графика во мал и голем формат.

Лесно користење

Технологијата на Canon нуди интуитивно користење и лесно одржување. За VistaPrint, тоа беше првиот чекор кон зголемена оперативна флексибилност без намалување на квалитетот. varioPRINT iX3200 ѝ нуди особена флексибилност на VistaPrint во поглед на прераспределбата на работните ресурси, дури и при периодите на највисока побарувачка.

Висок квалитет и продуктивност

Инк-џет машината за печатење со механизам за снабдување со листови varioPRINT iX3200 се одликува со брзина и доследност која е водечка на пазарот, што ѝ овозможува на компанијата VistaPrint да ја зголеми продуктивноста во деловното работење. Печатачот за големи формати од серијата Colorado M ѝ овозможува ефикасно печатење на компанијата VistaPrint, а и нуди и исклучително сигурно бело мастило.

Улогата на Canon

Иако компанијата Canon беше добавувач на компаниите на Cimpress со години, партнерството на Canon со VistaPrint во Венло, Холандија, започна во 2020 година, со првото инсталирање на инк-џет машина за печатење со механизам за снабдување со листови varioPRINT iX3200.

Компанијата VistaPrint внимателно соработуваше со одделите за истражување и развој на Canon во EMEA и HQ пред претставувањето на уредот, со што му помогна на Canon да ги разбере барањата на компанијата и соодветно да го приспособи развојот на конечното решение.

По успехот на таа инсталација, овој модел беше копиран и кај другите печатачи, а додавањето на технологијата од Canon во VistaPrint Venlo прерасна до степен што технологијата од Canon прејде и во другите сегменти на пазарот во поддршката на потрошувачите и нивните потреби од областа на маркетингот, изработката на знаци и пакувањето.

Canon склучи партнерство и со VistaPrint за да интегрира внатрешен уред Plockmatic DigiCoater Pro 400 со една од машините за печатење varioPRINT iX3200, клучен чекор во развојот на партнерството.

klantcase Vistaprint Cimpress
Vistaprint Cimpress

Придобивки за VistaPrint

Инвестициите на VistaPrint отклучија нови начини на работа во рамките на деловното работење:

varioPRINT iX3200

VistaPrint ја изврши својата прва инвестиција во технологијата за инк-џет печатење со механизам за снабдување со листови затоа што varioPRINT iX3200 од Canon беше два до три пати побрз, а и посигурен од технологијата што VistaPrint ја користеше претходно. Тој може да се инсталира без големи промени во просторијата за печатење.

Благодарение на оваа технологија, VistaPrint може едноставно да ангажира дополнителна поддршка за време на периодите со најголема побарувачка, со што го намалува времето за печатење и овозможува поефикасно распределување на членовите на тимот.

Дополнителен фактор беше и конкурентната цена за користење на инк-џет машината за печатење, споредено со другите технологии, што значеше поволни вкупни трошоци за користење.

Во комбинација со постојаниот квалитет на varioPRINT iX3200, тоа резултираше со исклучително ефективно решение кое доведе до зголемување во вкупната стапка на задоволство на крајните потрошувачи.

Приспособена интеграција

Големата брзина на varioPRINT iX3200, која изнесува повеќе од 9000 SRA3-слики на час, го отежнува создавањето ефикасни работни процеси со внатрешна завршна обработка за лакираните материјали како што се календарите, летоците и поштенските картички. VistaPrint побара еднократен работен процес за печатењето обложени материјали, а Canon, VistaPrint и Plockmatic соработуваа за да го овозможат тоа.

Благодарение на ова приспособено решение, VistaPrint можеше да го искористи целосниот потенцијал на опремата за завршна обработка Plockmatic DigiCoater Pro 400 со varioPRINT iX3200, со што си обезбеди брзо сеопфатно работење без рачна интеракција и повисока вкупна ефективност на опремата.

Погледнете ја серијата

Colorado
klantcase Vistaprint Cimpress

Colorado

VistaPrint ја користи серијата Colorado M и печатачите Colorado C1650, сето тоа со технологијата UVgel.

VistaPrint ја користи серијата Colorado M исклучиво за печатење 2-слојни бели материјали, како што се фолиите за прозорци и налепниците за автомобили. Иновативното и уникатно бело мастило од Canon овозможува компанијата VistaPrint да верува во сигурноста на печатачот дури и по цел викенд поминат во континуирано печатење.

Печатачите Colorado C1650 се користат за голем број примени, вклучувајќи печатење налепници, печатење на платно, печатење постери на хартија и пластика, па дури и украсна хартија.

Благодарение на печатачите Colorado, VistaPrint ужива во придобивките од добрата постојаност во печатењето и долгото време на активна работа, а касетата за чистење овозможува ниско ниво на интервенции од страна на операторите и целосно автоматизиран процес на печатење.

За време на печатењето, технологијата UVgel на Colorado испорачува отпечатени материјали без мирис кои веднаш се подготвени за обработка по печатењето, на пример за сечење или пластифицирање.

Погледнете ја серијата

Canon ProStream printer

ProStream

Во одделот за офсет печатење, VistaPrint Venlo ја имплементираше технологијата за континуирано инк-џет печатење. VistaPrint Venlo инвестираше во технологијата ProStream, која нуди дигитална разновидност, исклучително висока продуктивност и квалитет на офсет печатење.

VistaPrint ја користи машината за печатење ProStream за да го замени обемот на офсет печатење. Машината е опремена со можности за завршна обработка за автоматизирано печатење на летоци, брошури и календари.

ColorWave

Клучниот аспект на користењето на печатачите ColorWave во VistaPrint е создавањето економични и прецизни рамни листови за да се поддржи офсет печатењето и да се добие поголема ефикасност во просторијата за печатење.

PRISMAproduce Tech

Што е следно за VistaPrint и Canon?

Canon и VistaPrint создадоа длабоко партнерство и се подготвени да соработуваат на идните иновации. Со развивањето на технологијата за печатење, ова партнерство ќе нуди побрза испорака, помалку рачно извршување на процесите, подобрени дигитални работни процеси, а над сѐ, постојан висок квалитет што ќе ги инспирира потрошувачите на VistaPrint.

Со задоволство им нудиме релевантни и конкурентни понуди на нашите потрошувачи за да им овозможиме повеќе можности преку технологијата и за да останеме нивен претпочитан партнер за дизајн и маркетинг. Затоа, клучно е да може да сметаме на ценетите партнери како што е компанијата Canon“.

Разгледајте повеќе

varioPRINT iX3200

Инк-џет машината за печатење со механизам за снабдување со листови varioPRINT iX3200 го револуционизира рекламното печатење.

Серија Colorado M

Потполно модуларен печатач со технологија UVgel и валјаци за графика во голем формат. Конфигурирајте го системот во зависност од вашите потреби и надградете го подоцна кога ќе се зголеми обемот на печатење. Достапни се многу опции, вклучувајќи и мешано печатење врз сјајна/мат хартија и бело мастило.

Серија ProStream 3000

Забрзајте ја дигиталната трансформација со две повеќенаменски машини за инк-џет печатење што користат медиуми во ролна, кои се идеални за опкружувања во кои се печатат големи обеми.

Серија colorWAVE T

Печатачите од серијата colorWAVE T од Canon нудат сигурно и лесно производствено печатење и се дизајнирани за долготрајна употреба.

Обратете се кај нас

Дознајте повеќе за можностите за партнерство со Canon