„ИНЖЕНЕРИТЕ БЕА МНОГУ ЗАДОВОЛНИ ОД ПЛОТЕРОТ ПОРАДИ БРЗИНАТА КОЈА БЕШЕ 15–20 ОТСТО ПОБРЗА ОД УРЕДИТЕ ШТО ГИ КОРИСТЕВМЕ ПРЕТХОДНО. НАЕДНАШ, СИТЕ САКАА ДА ПЕЧАТАТ НА CANON ПЛОТЕРОТ.“
Краток преглед
Градежниот институт Македонија (ГИМ) е основан во Скопје, во 1975 година. Во областа на градежништвото, ГИМ е една од највлијателните регионални компании, вклучена во некои од најголемите инфраструктурни проекти на Западен Балкан. Градежните индустрии имаат многу специфични барања за печатење: голем обем на печатење, цртање со висока прецизност, големи формати. Во последните години, институтот успеа смело да ги оптимизира процесите на печатење и цртање, кои претходно им предизвикуваа значителни непријатности, избирајќи ги Canon решенијата за големи формати.