MAKE IT '22
Ни беше задоволство да ги поканиме нашите клиенти и колеги од регионот EMEA да ни се придружат на нашиот прв настан во живо годинава. Се споделија нови перспективи, се остварија нови контакти и може да се каже дека настанот беше мошне успешен.
Го пропуштивте настанот во живо? Збирка на најважни моменти, вклучувајќи презентации, демонстрации и сесии за деловни иновации, сега е достапна за преглед на нашиот практичен веб-сајт за B2B-настани.
Make It ‘22
Нашиот прв настан во живо со физичко присуство од 2019 година. Со инспиративните презентации и наменските истражувања за деловен развој, споделивме нови перспективи за производственото печатење и се фокусиравме на начините на кои може да создадете уште повредни понуди за вашите клиенти во новиот свет.
Make It 2021
Дигитално доживување и фестивал - и најважниот онлајн настан за индустријата за печатење. Создадовме интересна комбинација од демонстрации на производи во живо, професионално менторство од целиот свет и инспиративни теми во време кога компаниите се справуваа со „новото нормално“.
Свет на професионално искуство за вашата компанија за печатење
Пристапете до инспиративни содржини и корисни деловни увиди од меѓународни експерти. Тука сме да ви помогнеме да закрепнете и да постигнете развој.
Практични совети од вашето опкружување
Настанот Make It ‘22 нуди спој од инспиративни презентации со демонстрации на технологии во живо и наменски истражувања и сесии за деловен развој за да ви помогне да замислите и реализирате нови нивоа на успех.
Сакате да најдете инспирација и да дознаете начини за развој на вашата компанија?
Погледнете ги новите технологии на Canon. Регистрирајте се и најавете се на нашата платформа за хибридни настани за да добиете директен пристап до голем број корисни увиди и видеосодржини што опфаќаат сè, од идејно лидерство за деловен развој и иднината на индустријата за печатење до возбудливи презентации на теми и демонстрации на технологии на Canon во регионот EMEA.
Работете и развивајте се
Преминување од режим на преживување во уживање на сегашните и идните можности.
Работете со конкретна цел
Нашиот најнов извештај за увид ја истакнува важноста да им се објасни повратот на инвестицијата во дигиталното печатење на потенцијалните и постојните клиенти, со јасни, комерцијални услови поврзани со деловните цели.
Работете беспрекорно
Интелигентна и надградлива автоматизација што ви овозможува максимално да ги искористите сегашните и идните инвестиции во технологијата за претпечатење, печатење и завршна обработка, како и да ја разбудите целосната креативност и продуктивност на вашиот тим.