Технологија на маса
Технологија за сушење со UV
Технологија за печатење
Максимална брзина на печатење
Медиуми
Големина на маса
Мастило
Софтвер за работни процеси
Компаниите што нудат услуги за комерцијално и самостојно печатење во растечкиот сегмент за печатење во среден обем можат да создадат отпечатени материјали со извонреден квалитет, со помош на печатачите со рамно лежиште од серијата Arizona 1300, којашто е опремена со многу функции и револуционерна технологија FLXflow.
Идеалното решение за ракување со многу различни задачи, вклучително и многу видови на задачи со мал тираж (како и со повеќе плочи и двострано) во текот на производството во денот.
Ви овозможува да понудите апликации со речиси фотореалистичен квалитет и фина уметност на голем број медиуми, особено на невообичаени апликации. Со инсталираната опција за медиуми во ролна, можете да печатите врз груби и флексибилни медиуми.
Со над 8.000 печатачи во светот, серијата Arizona, изработена во Германија, ја заслужи репутацијата како одржлив и сигурен уред за напорно користење на кој можете да се потпрете.
Најновото издание 2.1 на PRISMAelevate XL ја удвојува висината на печатењето до 4 mm за да им помогне на потрошувачите да создадат впечатливи и тактилни уметнички дела за усовршени апликации за печатење кои ја подобруваат и прошируваат палетата на производи.
Уживајте во напредни контроли за распоред на слики за крајни приспособувања на печатачот, намалување на материјален отпад и алатки PRISMAservice за предвидливо одржување и далечинска помош.
Сопствениците на Arizona 1300 со технологија FLOW може да се надградат до најновата верзија со функционалности FLXflow, вклучително и функции за Лебдење и Моментално менување, како и нови напредни контроли за распоред на слики.
FLXflow нуди три функционалности—Задршка, Лебдење, како и Моментално менување - за подобрено ракување со медиуми.
Функцијата за задршка користи патентирана технологија за проток на воздух за да прицврсти различни видови на медиуми на место со минимално лепење, а изборната функција Лебдење создава воздушно перниче за лесно позиционирање тешки подлоги, намалувајќи го ризикот за оштетување на медиумите и овозможувајќи непречена регистрација. Функцијата Моментално менување овозможува лесно префрлување меѓу режимите за Задршка и Лебдење со ножни педали, поедноставувајќи го користењето на печатачот и отстранувањето на медиумите.
Arizona 1300 FLXflow е дизајниран за обновливост, намалувајќи го отпадот и потрошувачката на енергија. FLXflow ја намалува потребата за лепење и подлоги, а печатењето со LED-UV ја намалува потрошувачката на енергија најмалку 15% во споредба со претходни модели. Печатачот се одликува и со опции за заштеда на енергија како точно печатење од прв пат и функција за печатење веднаш по вклучувањето. Поради мастилата со сертификат UL GREENGUARD Gold, отпечатените материјали се безбедни за користење во чувствителни опкружувања.
Програмата за повторно производство од Canon им овозможува на потрошувачите да ги заменат нивните стари печатачи Arizona за репарирани печатачи, зголемувајќи го работниот век. Canon ја прими наградата BLI 2024-2025 Pacesetter in Wide Format Sustainability за водечки еколошки иновации во целото портфолио, вклучително и палетата Arizona.
Arizona го револуционизираше печатењето во широк формат над 15 години, воведувајќи ги првите печатачи со вистинско рамно лежиште. Им овозможивме на илјадници потрошувачи да ги надминат креативните граници и да откријат нови можности.
Успехот бара предизвикување на статус кво и надминување на пречките. Arizona нуди технологија со високи перформанси која испорачува сигурни резултати за секое барање, со партнер кој го поддржува вашиот пионерски дух и креативни амбиции.
Изборен PRISMAguide XL за точно печатење од прв пат. Во комбинација со ONYX Thrive, PRISMAguide XL нуди автоматизирано и единствено решение за работни процеси.
Arizona 1300 FLXflow се одликува со сметководствен интерфејс за добивање податоци како потрошувачка на мастило и време на производство за интеграција во сметководствени пакети.
Користете го изборниот интерфејс за автоматизација на Arizona за да ги поврзете системите за автоматизација како роботи за континуирано додавање и одземање медиуми.
Напредувајте во дигиталната трансформација со спојување на нашите управувани услуги за печатење од деловна класа и решенијата за соработка во работниот простор во еден пакет
Ефикасност на работните процеси и продуктивност: печатачот овозможува разновидно и прецизно двострано печатење и печатење со повеќе плочи. Со новите функции за Лебдење и Моментално менување, сега е полесно и побрзо да се справите со голем број медиуми, вклучително и тешки и неправилни подлоги. Поради ова е идеален за голема мешавина на кратки задачи. Изборниот интерфејс за автоматизација на Arizona овозможува непречена интеграција со автоматизирани системи од трета страна за континуирано додавање и одземање медиуми, што ја оптимизира продуктивноста уште повеќе.
Висок квалитет и разновидност: печатачот произведува апликации со речиси фотореалистичен квалитет и фина уметност на голем опсег на медиуми, вклучително и невообичаени материјали како дрво, плочки, стакло и други градежни материјали. Достапноста на мастилата во светла цијан, светла магента и бела боја го зголемува квалитетот на сликата, а опцијата за додавање лак за заштитни слоеви или мат/сјајни ефекти со точки лак нуди покреативни примени. Изборниот PRISMAelevate XL овозможува подобрено печатење, што отвора можности за апликации со текстури со голема вредност, трајни потписи, украсување на производи, награди, материјали за декорација и прототипи на пакувања. Оваа функција е соодветна и за апликации за лица со оштетен вид, репродукции на фина уметност и уметност за декорации на ентериер и панели.
Сигурност и сервисирање: серијата Arizona, со над 8.000 поставени печатачи во целиот свет од 2007 година е позната по својата издржливост и сигурност. Изработен во Германија, Arizona 1300 FLXflow е изграден на челична рамка и е дизајниран за многу години интензивно користење. Изборни алатки за сервисна поддршка како што е PRISMAservice обезбедуваат овластена далечинска помош од страна на квалификувани техничари. Програмата за услуги по продажбата proCARE го покрива одржувањето, резервните делови, превентивното одржување и далечинска поддршка, овозможувајќи брз одзив и заштита на времето на активност.
Печатачот Arizona 1300 FLXflow е разновидно решение дизајнирано за голем број апликации, поради што е врвен избор за бизниси во многу индустрии.
Малопродажно и POP/POS-печатење: идеално за создавање висококвалитетни материјали за продажни места (POP) и рекламни материјали (POS), Arizona 1300 FLXflow нуди ненадмината флексибилност и голем опсег на подлоги. Извонредниот квалитет на слики и практично користење го прават совршен избор за произведување рекламни табли и други промотивни материјали, зголемувајќи ја продуктивноста и поедноставувајќи ги решенијата за работни процеси.
Печатење за внатрешно декорирање: совршено за пазарот за внатрешно декорирање, овој печатач може да се справи со различни груби медиуми, вклучувајќи и неправилни облици и материјали како алуминиум, стакло и дрво. Со изборната функција PRISMAelevate XL, може да се создадат отпечатени материјали со текстура и повеќе димензии, поради што е моќна алатка за проекти за внатрешно декорирање.
Печатење на пакувања: Arizona 1300 FLXflow е одличен во просперитетната индустрија за пакување, мотивиран од е-трговијата и потребата од приспособување. Поддржува голем број подлоги и нуди лесни прототипи, поради што е идеален за кратки задачи, персонализирано пакување и одржливи решенија.
Индустријално и специјализирано печатење: дури и во индустрии во кои печатењето не е главниот фокус, Arizona 1300 FLXflow беспрекорно се интегрира во процесите за производство. Го овозможува создавањето на уникатни производи како керамички плочки, панели за врата, знаци за безбедност и спортска опрема. Поддржува и производство на приспособени и единствени предмети, како скејтбордови и дискови за голф, со брзо завршување на задачите.
Функција за Задршка на Arizona FLXflow: оваа функција обезбедува сигурно задржување и позиционирање на различни видови на медиуми, вклучително и неправилни форми. Ја зголемува продуктивноста со тоа што може да смести голем опсег на подлоги и големини со минимално лепење, подобрена регистрација и поефикасни работни процеси.
Изборна функција за Лебдење на Arizona FLXflow: оваа нова функција овозможува лесно ракување со тешки подлоги како дрво, стакло и метали со тоа што лебдат над масата. Помага при порамномерна регистрација и ракување со гломазни материјали.
Архитектура со рамно лежиште: печатачот нуди разновидни опции за печатење, вклучително и печатење врз целата површина, двострано, со повеќе плочи и повеќеслојно печатење. Може да се справи со големи медиуми, медиуми со невообичаена форма, тешки медиуми, мазни медиуми, претходно исечени груби медиуми, па дури и флексибилни медиуми со изборна опција за медиуми во ролна.
Нови напредни контроли за распоред на слики: овие контроли овозможуваат прилагодување во последен момент на печатачот, обезбедувајќи дополнителна флексибилност во позиционирање слики на таблата и таблата на масата за печатење, намалувајќи го непотребното трошење на скапи подлоги.
Нови отворени интерфејси (API): печатачот се одликува со отворени интерфејси за беспрекорна интеграција во работните процеси и системи за управување со информации, како сметководствени интерфејси за следење на трошоците на задачите и автоматизирани интерфејси за интегрирање на ракување со медиуми од трета страна.
Изборна поддршка за работни процеси: софтверот за работни процеси PRISMA XL Suite може да се комбинира со процеси за управување со работните процеси за лесно создавање задачи и применување едноставни рецепти на повеќе задачи.
Нов изборен и подобрен PRISMAelevate XL: оваа функција го овозможува создавањето отпечатени материјали со висина до 4 mm (0,157 инчи) за допирни ефекти и ефекти со текстура, со што се нудат нови можности за креативни отпечатени материјали кои се истакнуваат.
Систем за автоматизирано одржување: овој систем обезбедува одржување на главите за печатење без користење на рацете, овозможувајќи максимално време на активност.