imagePROGRAF TX-3200
Ново

Canon imagePROGRAF TX-3200

Забрзајте го печатењето со одржлив печатач со 5 бои за формати до 36”, кој нуди импресивна продуктивност, попрактично користење, професионален квалитет на слика и моќна безбедност. Дизајниран за големи корпоративни и владини канцеларии, компании за услуги за печатење во секторите за архитектура, инженерство, градежништво и производство.

3,3 стр./мин. (A1)

Печатење со голема брзина

Подобрен квалитет на слика

Ново магента мастило

Одлична безбедност

Заштита на важните информации

700/330/160 ml

Различни големини на резервоарите за мастило

Создаден за продуктивност во опкружувањата каде што се печати во голем обем

imagePROGRAF TX -3200 е дизајниран да обезбеди голема продуктивност. Импресивната брзина на печатење ви овозможува да ги извршувате задачите според планираното, како и многу други функции за зголемување на продуктивноста што може да ви помогнат да печатите висококвалитетни CAD-цртежи отпорни на вода и да ги заштитите чувствителните информации.
imagePROGRAF TX-3200 - импресивна продуктивност

Импресивна продуктивност

Зголемете ја продуктивноста со брзина на печатење до 3,3 стр./мин. (A1) и минимизирајте го времето на неактивност со 30% побрза размена на медиуми, а конфигурацијата со два валјаци и резервоарите за мастило, кои може да се менуваат без прекинување на работата, овозможуваат замена на мастилата за време на печатењето. Погрешните печатења се минимизираат преку калибрација на боите, следење на главата за печатење и автоматските прилагодувања.

Попрактично користење

Уживајте во непречени работни процеси со автоматското ставање медиуми, поедноставните поставки за медиуми, интуитивниот интерфејс и Direct Print Plus - бесплатна алатка за праќање задачи која ги минимизира погрешните печатења преку прегледување на документите.

imagePROGRAF TX-3200 - попрактично користење
imagePROGRAF TX-3200 - професионален квалитет на слика

Професионален квалитет на слика

Печатете висококвалитетни материјали со водоотпорно мастило со пигмент, создавајте прегледни слоеви во CAD-цртежите со новото магента мастило и погрижете се отпечатените материјали да бидат колку што е можно попрецизни, со неверојатно остри линии и живописни бои.

Одлична безбедност

Од подобрени шифрирани комуникации и безбедно печатење со PIN-код, па сè до напреден процес за проверка на идентитетот и безбедно бришење на тврдите дискови, imagePROGRAF TX-3200 нуди највисоко ниво на заштита за вашите документи, уреди и мрежа.

imagePROGRAF TX-3200 - подобрена безбедност
imagePROGRAF TX-3200 - поддршка за одржливост

Поддршка за одржливост

imagePROGRAF TX-3200 е одржлив печатач со ознака EPEAT Gold1 за енергетска ефикасност и пакување кое не содржи стиропор (EPS).

Виртуелна галерија

Погледнете што нуди интерактивната алатка за виртуелна галерија на imagePROGRAF.
Дознајте за иновациите од Canon што се вградени во овие печатачи за широки формати што нудат „нов стандард на инженерство“.

Canon Camera

Преземете содржина

Дознајте како Canon imagePROGRAF TX-3200 може да го забрза вашето печатење на големи формати.

  1. Ознаката EPEAT Gold е регистрирана во САД
Оригинално мастило LUCIA од Canon

Оригинално мастило LUCIA од Canon

Секогаш избирајте оригинални мастила LUCIA од Canon наместо какви било други мастила што не се произведени од Canon. Никогаш не правете отстапки во квалитетот на отпечатените материјали.

Откријте како вашиот бизнис може да ги искористи придобивките од
Серија imagePROGRAF TX.