Canon UVgel Wallpaper Factory

Дигитално како што треба
Потполно модуларно решение за масовно приспособено и автоматизирано печатење на тапети со технологија UVgel.

Погледнете го видеото за демонстрација

Репродуцирајте го видеото за настанот на YouTube

Побарајте информации

UVgel Wallpaper Factory

Подигнете го приспособеното печатење на материјали за ѕидно декорирање на повисоко ниво

Дизајниран да работи во текот на целиот ден, како и за максимални резултати и висок квалитет, UVgel Wallpaper Factory е потполно автоматизирано и модуларно решение за производствено печатење на дигитални тапети: од огромната количина на медиуми што се внесуваат до отпечатените материјали во ролна.

UVgel_Wallpaper_Factory

„Тапетите никогаш не биле попопуларни затоа што ви овозможуваат да ѝ дадете личен печат на собата“.

UVgel_Wallpaper_Factory_Right_Close_Angle_videobg

Погледнете како UVgel ја оживува 100-годишната историја на тапетите

Погледни видеозапис

UVgel printer

Можности: приспособувањето е новиот стандард

Изработката на прекривни ѕидни материјали претставува брзорастечки бизнис во светот на внатрешниот дизајн. Тапетите, муралите и другите големи елементи за декорирање претставуваат брзорастечки глобален пазар.

Тековниот тренд кон поголема персонализација се одразува во начинот на кој луѓето ги украсуваат своите простории за живеење.

Ова води до поголема побарувачка за ексклузивни и персонализирани производи за внатрешна декорација, за лични простори и за деловни опкружувања, што нуди фантастични можности за развој на вашиот бизнис.

UVgel во сржта: совршена за печатење тапети

Технологијата UVgel, што е во сржта на нашите печатачи со валјаци Colorado, е идеална за печатење и ѕидни тапети меѓу другото. Таа нуди продуктивност, квалитет, брзина и разновидни опции какви што се потребни на денешниот пазар за прекривни ѕидни материјали.

UVgel: максимални придобивки, без ограничувања


Технологијата UVgel ги обединува сите придобивки од стандардните технологии за мастила, а воедно елиминира голем број од нивните ограничувања.

icon-richcolors icon-richcolors

Богати бои, остри детали

Благодарение на прецизното поставување на точките без нивно зголемување, отпечатените материјали со UVgel имаат неверојатен квалитет и доследност на боите, од широка палета на бои, со остри детали и големо заситување на темните бои.

Velvety matte finish Velvety matte finish

Кадифена мат завршна обработка

Капките мастило UVgel се „прилепуваат“ веднаш врз медиумите, пред да започне сушењето со LED-светлина, што резултира со неверојатна кадифена мат завршна обработка на голем избор на медиуми, како необложени и винилни медиуми.

Odourless Odourless

Без непријатна миризба

Отпечатените материјали UVgel без непријатна миризба се сертифицирани за непосредна внатрешна употреба, дури и во специјални опкружувања како училишта и здравствени установи.

Robust, consistent prints Robust, consistent prints

Цврсти и доследни отпечатени материјали

Отпечатените материјали се отпорни на гребење и вдлабнување, поради што се помалку подложни на оштетување. Поставувањето на точките се контролира заради добивање доследни слики при секое печатење и при користење различни машини.

Потполно модуларно решение со отворен интерфејс

Дали сакате да го подигнете вашето деловно работење на повисоко ниво? Независно каква е вашата ситуација, ние ќе ви понудиме вградено или хибридно решение.

Отворениот интерфејс на Colorado значи дека може да го интегрирате UVgel Wallpaper Factory во вашите постојни работни процеси, а притоа да изберете влезни и излезни решенија од вашиот препорачан испорачувач.

UVgel Wallpaper Factory Right Side

Дали сте подготвени за врвно дигитално печатење на внатрешен декор?

РАЗГОВАРАЈТЕ СО НАШИОТ ТИМ

Разгледајте повеќе