Функција
Брзина на печатење
Брзина на скенирање
Софтвер
Безбедност
TPM 2.0
TPM 2.0
Потрошни материјали
Опции за завршна обработка
Брзи и продуктивни повеќефункционални уреди за печатење A4-формати во боја со интегриран софтвер којшто е заснован на Cloud и паметни технологии коишто ви гарантираат безбедна соработка од секоја локација.
Паметните технологии ја зголемуваат продуктивноста преку забрзување на печатењето и дигитизација на документите и ги поедноставуваат работните процеси, со што се зголемува ефикасноста и се подобрува корисничкото искуство.
Складирањето на шифрирани податоци на SSD, како и резервните копии на TPM 2.0 и Cloud овозможуваат сеопфатна безбедност од типот 360°, а софтверот McAfee Embedded Control ја минимизира слабоста на уредот од надворешни напади.
Уредот лесно е лесен за одржување благодарение на предвидливиот работен век на потрошните материјали, пакетот видеозаписи за корисничко одржување, како и сè-во-едно картриџите со тонер коишто брзо и лесно се заменуваат.
Софтверот uniFLOW Online основан врз Cloud овозможува безбедна соработка и пристап до формати на документи за повеќекратна употреба независно од локацијата, во секое време и од секој уред.
Поради практичните димензии, компактниот уред за печатење А4-формати може да се постави на работната маса наместо да ви зазема простор на подот, со што дискретно ќе се вклопи во секоја работна средина.
Задоволете ги зголемените потреби за одржливост на хибридниот работен простор благодарение на тивкото функционирање на уредот што овозможува непречено канцелариско работење и намалете ги трошоците како резултат на помалата потрошувачка на енергија.
Создадете ја оптималната средина за печатење во вашиот хибриден работен простор благодарение на големата продуктивност и напредна безбедност што ја нудат повеќефункционалните уреди за печатење A4-формати.
Зголемете ја продуктивноста во хибридниот работен простор со помош на интегрираниот хардвер и софтвер којшто ќе ви овозможи оптимална дигитална соработка.
Подобрете ја продуктивноста благодарение на дополнителните опции за завршна обработка на интегрираниот и практичен уред.
Дознајте зошто imageRUNNER ADVANCE DX C478 од Canon е идеалниот партнер во вашата дигитална трансформација.
Откријте ги деловните придобивки од соработката со Cloud овозможена од интегрираниот софтвер и хардвер кај серијата imageRUNNER ADVANCE DX C478.
Погледнете ги техничките спецификации за секој модел од серијата imageRUNNER ADVANCE DX C478.
Бесплатната апликација ви овозможува да печатите фотографии и документи, да ги читате скенираните податоци и да префрлувате содржини во услугите за складирање на Cloud користејќи голем избор на печатачи од Canon, директно од вашите мобилни уреди.
Награден бидејќи е сеопфатно решение за следење трошоци, безбедно и преносливо печатење, скенирање и управување со уреди.
Софтверот uniFLOW Online е достапен како изборно решение
Разгледајте ја обемната палета imageRUNNER ADVANCE DX за да дознаете повеќе за уредите и технологиите на Canon што континуирано еволуираат и се дизајнирани да ја подготват вашата компанија за иднината.
Потполна заштита за вашите документи, мрежа и уреди со безбедност од типот 360°, вклучувајќи го софтверот McAfee Embedded Control, за максимална безгрижност.
Напредувајте во дигиталната трансформација со спојување на нашите управувани услуги за печатење од деловна класа и решенијата за соработка во работниот простор во еден пакет