ScanFront 400
Брз и моќен скенер за мрежна употреба
Извонредно тенкиот DR-C225W II располага со софтверот CaptureOnTouch и вградена Wi-Fi-врска за да овозможи скенирање со голема брзина на мали работни маси
Тенкиот профил на DR-C225W II ви овозможува да го поставите на најмали површини и затоа е совршен за мала канцелариска маса или пулт за малопродажба. Благодарение на моќниот софтвер CaptureOnTouch и вградениот Wi-Fi, ова е уред што ќе ви заштеди најмногу простор
Заштедете уште повеќе простор со извонредно тенок скенер. Иновативниот дизајн со патека во форма на J зафаќа мал простор на работната маса, а документите се скенираат „завртени нагоре“ за да се овозможи попрактично користење.
Вградениот Wi-Fi овозможува едноставно скенирање кон мобилни уреди, таблет-уреди и компјутери, што е идеално за канцелариска употреба и скенирање документи на продажни места.
Скенирајте безжично со брзина до 50 слики/мин. со 300 dpi и брзини до 25 стр./мин. за документи во боја. Ултразвучното откривање на двојно повлекување документи овозможува сигурна работа со документи за брзо скенирање.
Софтверот CaptureOnTouch го олеснува скенирањето. Ракувањето со еден допир ги извршува сложените задачи за неколку секунди, а целосниот автоматски режим интуитивно ги избира најдобрите поставки.
Корисничкиот интерфејс со икони ќе ве води чекор по чекор за полесно да ги извршувате процесите за скенирање, а може да создавате и PDF-документи со можност за пребарување кои овозможуваат едноставно организирање на документите.
Вградена Wi-Fi-врска
Безжично скенирање со брзина до 25 стр./мин.
Софтвер CaptureOnTouch
Компатибилност со Windows и Mac
Содржи eCopy PDF Pro Office
Cardiris
Двострано скенирање
Автоматски механизам за снабдување со документи
Скенер
Документација
Диск за поставување
eCopy PDF Pro диск
USB кабел
AC адаптер
Кабел за напојување
Брз и моќен скенер за мрежна употреба
Извонредно тенок USB-скенер
Сигурен скенер со голема брзина на скенирање