Canon imageFORMULA R10
Скенирајте насекаде и во секое време!
Ако патувате постојано и ви треба едноставен, а сепак ефикасен и пренослив скенер, ние ќе ви понудиме идеално решение. Новиот двостран скенер R10 е идеален за брзо и лесно скенирање документи без потреба од инсталација на каков било софтвер или драјвери, треба само да го приклучите и ќе можете да скенирате насекаде и во секое време!
Брзо и лесно поставување
Едноставно скенирање со еден допир и автоматско ажурирање на софтверот
Двострано скенирање
Двострано скенирање во едно поминување со механизам за автоматско снабдување со документи за 20 листови
Бидете организирани
Претворајте документи во датотеки PDF, JPG и Bitmap со можност за уредување
Продолжете да работите во движење
Елегантен, компактен и пренослив дизајн со напојување преку USB
Едноставен дизајн за скенирање насекаде и во секое време!
Компактен дизајн
Носете го скенерот R10 со вас секаде каде што ќе посакате! Елегантен и лесен уред со соодветна големина за пренослива употреба. Тој е идеален додаток за домашни канцеларии, училници, теренски работни места и практично насекаде.
Едноставно користење
Поврзете го уредот и почнете да скенирате за неколку секунди, без потреба да инсталирате какви било драјвери или апликации, користејќи го вградениот уникатен софтвер CaptureOnTouch Lite од Canon.
Ефикасно скенирање во едно поминување
Скенирајте двострани документи во едно поминување со брзина до 12 стр./мин., а добијте и поголема ефикасност со капацитетот за 20 листови на механизмот за снабдување со листови, што ќе ви помогне да го олесните работниот процес кога сте во движење.
Брз скенер што се напојува преку USB
Не грижете се доколку го заборавите полначот бидејќи овој уред се напојува само преку USB-кабел, а со тоа се минимизира напорот и времето потребно за да почнете да скенирате.
Интуитивно ракување со хартијата
Скенирајте сигурно различни документи, почнувајќи од A4-листови па сè до потврди и пластични визит картички. Напредните функции за откривање документи автоматски ги прилагодуваат поставките за скенирање, за да добиете оптимални резултати при секое скенирање.
Не се штетни за животната средина
Еколошко пакување и извонредно мала потрошувачка на енергија што ви овозможува да заштедите енергија.
Преземете содржина
Дознајте за практичното користење што го нуди преносливиот скенер imageFORMULA R10.
Лист со податоци за придобивките
Погледнете како imageFORMULA R10 може лесно да ви помогне да го подобрите начинот на кој работите во домот, во канцеларијата и кога патувате.
Спецификации
-
Пренослив скенер
Тип
-
12 стр./мин./14 слики/мин.
Максимална брзина на скенирање
-
CIS
Сензор
-
600 dpi
Резолуција
-
Бела
Боја на заднина
-
20 листови
Капацитет на механизмот за снабдување со листови (80 g/m2)
-
USB2.0
Интерфејс
-
500 листови/ден
Препорачан дневен обем
-
285 x 95 x 40 mm
Димензии (Ш x Д x В)
-
0,9 kg
Тежина
-
5 W
Потрошувачка на енергија
Слични производи и решенија
Разгледајте ја целосната палета на imageFORMULA за да пронајдете уред што ќе одговара на вашите потреби за скенирање.
-
imageFORMULA R40
Практичен и сигурен скенер за на работна маса што ќе ви помогне да работите продуктивно без напор во вашиот дом или во мала канцеларија.
Make It – ново виртуелно доживување од Canon
Онлајн фестивал на печатење со разновидни содржини на барање вклучувајќи инспиративни теми, презентација на технологии, интересни дискусии и професионално менторство.