Скенери за документи
Canon imageFORMULA R30
Подобрете ја практичноста за мали и домашни канцеларии со помош на скенер за документи што е лесен за користење и може да се користи директно по отпакувањето без потреба од инсталирање софтвер.
Поедноставете го скенирањето за сите со помош на уред дизајниран за практичност
Зголемете ја ефикасноста
Заштедете драгоцено време и зголемете ја продуктивноста со вградениот софтвер CaptureOnTouch Lite, што ја отстранува потребата за инсталирање софтвер. Само поврзете го скенерот со вашиот уред со Windows или Mac и започнете да скенирате за помалку од 1 минута.
Зголемете ја продуктивноста
Бидете во тек со задачите со помош на продуктивните брзини на двострано скенирање до 50 слики/мин. и големиот автоматски механизам за снабдување со документи за 60 листови. Скенирајте индивидуални или мешани серии медиуми и опфатете различни материјали, вклучувајќи и пластични, картички со релјеф или визит картички, а сето тоа при зачувување кон повеќе формати на датотеки со помош на оптичкото препознавање на знаци и создавање дигитални датотеки што може да се пребаруваат.
Печатете висококвалитетни резултати
Осигурете се дека квалитетот на сите скенирани материјали е неверојатен со тоа што ќе користите автоматски функции за подобрување на слика што ги приспособуваат поставките врз основа на содржината на скенираната слика. Вчитајте ги документите и скенирајте ги со функции како што се автоматско откривање на големина, корекција на закосување и корекција на ориентација на текст.
Намалете го влијанието врз животната средина
Сведете го влијанието врз животната средина на минимум со овој енергетски ефикасен уред што користи помалку од 10 W електрична енергија за време на користењето. Намалете го отпадот, благодарение на висококвалитетните технологии и потрошни материјали со голема издржливост. Помалата тежина ја прави логистиката поефикасна, а уредот е спакуван со еколошки материјали и помалку пластика.
Преземете содржина
Дознајте како Canon imageFORMULA R30 може да ви помогне да ги поедноставите процесите на скенирање.
Спецификации
-
Брзини на скенирање до 50 слики/мин.
-
Двострано скенирање
-
Голем ADF за 60 листови
-
Вграден CaptureOnTouch Lite со OCR
-
Можност за поврзување и скенирање со уреди со Windows и Mac
-
Автоматски функции за обработка на слика - вклучувајќи и автоматско откривање на големина на страница, поставување на резолуција и отсекување на слика
-
Потрошувачка на енергија помала од 10 W
Слични производи и решенија
-
Скенери за документи
imageFORMULA R10
Скенирајте во движење со пренослив и двостран скенер што е идеален за скенирање насекаде и во секое време. Не е потребна инсталација, само поврзете го преку USB-кабел и почнете да скенирате. -
Скенери за документи
imageFORMULA RS40
Доживејте ги одново вашите драгоцени спомени со imageFORMULA RS40. Скенирајте, подобрувајте и споделувајте нови и стари фотографии на едноставен начин, со само неколку кликнувања. -
Скенери за документи
imageFORMULA R40
Практичен и сигурен скенер за на работна маса што ќе ви помогне да работите продуктивно без напор во вашиот дом или во мала канцеларија.
РЕШЕНИЈА
Услуги за дигитална трансформација
Напредувајте во дигиталната трансформација со спојување на нашите управувани услуги за печатење од деловна класа и решенијата за соработка во работниот простор во еден пакет