Canon imageFORMULA DR-C240
Компактен скенер за документи кој е совршен за динамични работни групи и опкружувања во кои се присутни корисници.
Компактен скенер за документи кој е совршен за динамични работни групи и опкружувања во кои се присутни корисници.
imageFORMULA DR-C240 е извонредно компактен и моќен скенер за на работна маса кој се одликува со цврст дизајн и сигурна обработка на документи за снимање повеќе големини и формати на документи, вклучувајќи и пасоши.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Зголемете ја продуктивноста со 2-страно скенирање со брзина до 90 слики/мин.
-
Скенирајте различни видови документи на едноставен начин, вклучувајќи и пасоши, со еден компактен уред
-
Уживајте во безгрижноста со неверојатната сигурност при ракување со документи и издржливата конструкција
-
Подобрете го вашето опкружување со тивко функционирање, компактна изработка и елегантен дизајн
Детални карактеристики
-
Високи перформанси и флексибилни апликации
Извонредниот квалитет на изработка и функциите за зголемување на продуктивноста кај imageFORMULA DR-C240 се револуционерни во оваа класа. Одликувајќи се со брзо скенирање до 45 стр./мин. / 90 , imageFORMULA DR-C240 претставува очигледен избор за канцелариски оддели и работни групи. Неговото тивко функционирање, како и компактниот и привлечен дизајн за на маса, оставаат одличен впечаток во канцелариите и просториите за услуги за потрошувачи, на пример во банки, хотели, болници и владини канцеларии.
-
Дизајниран да ги задоволи потребите на потрошувачите
Цврстата конструкција и издржливиот механизам за снабдување со документи на imageFORMULA DR-C240 се создадени како директен резултат од повратните информации на потрошувачите. Тоа претставува чекор нанапред во квалитетот на изработка во оваа класа на скенери, кои без напор снимаат до 6.000 скенирања дневно. Вашата продуктивност ќе стане максимална благодарение на ADF за 60 листови кој овозможува сигурно снабдување на серии документи со различни големини и видови на медиуми: од пасоши и пластични картички па сè до двострани A4, A3 (користејќи превиткување) и документи со должина до 3m.
-
Прецизно ракување со хартијата
За непрекинат тек на вашите работни процеси, imageFORMULA DR-C240 нуди моќен и висококвалитетен механизам за снабдување кој овозможува најголема сигурност во својата класа за скенирање различни документи, вклучувајќи и извонредно тенки хартии од 27 gsm. Ултразвучното откривање на двојно повлекување документи и функцијата за ослободување при двојно повлекување документи (DFR) овозможуваат брзо рестартирање на скенирањето, поради што прекините се минимални.
-
Едноставно користење, доследни резултати
imageFORMULA DR-C240 нуди голем избор на висококвалитетни опции за обработка на слики. Тука спаѓаат и функциите за автоматско откривање на големина на страница и насока на текст, подобрување текст, корекција на закосување и автоматско откривање бои. Практичниот контролен панел им овозможува на операторите да скенираат со притиснување на едно копче, поради што задачите за скенирање се забрзуваат и стануваат поедноставни.
-
Обемен испорачан софтвер
Напредната апликација CaptureOnTouch Pro од Canon овозможува ефикасно сериско скенирање и нуди поддршка за испорачаниот драјвер Kofax VRS за подобар квалитет на слика. Користете го софтверот CaptureOnTouch од Canon за интуитивно скенирање документи кои потоа можете лесно да ги испратите на повеќе дестинации (вклучувајќи и Cloud услуги).
-
Економично користење и одржување
Валјаците за задржување и снабдување со долг работен век кај imageFORMULA DR-C240 можете да ги промените без напор, така што вкупните трошоци се минимални. Импресивно малата потрошувачка на енергија, од само 19 W при користење и 1,4 W во режим на подготвеност, дополнително ги намалува трошоците и го минимизира вашето влијание врз животната средина.
Спецификации
-
Брзина на скенирање за A4 (еднострано)
-
Автоматски механизам за снабдување со документи
-
од 3.500 до 6.000 скенирања/ден
-
Двострано скенирање
-
USB поврзување
-
Лесно и интуитивно скенирање
-
Подобрен квалитет на слика
Испорачан софтвер
-
CaptureOnTouch Pro
Овој скенер се испорачува со CaptureOnTouch Pro, софтверот за скенирање од Canon што е лесен за користење, со професионален квалитет. Снимајте и класифицирајте серии на скенирање, интегрирајте го скенерот од Canon во вашето деловно работење и вашите работни процеси со документи и зголемете ја вашата продуктивност на едноставен начин.
Компатибилност: Windows
-
Kofax VRS
Софтверот за обработка на слика VRS, кој е водечки во индустријата, го намалува времето потребно за рачна подготовка на документите, го подобрува квалитетот на скенираните слики и ги максимизира перформансите на скенерите за голем обем. Подобрата читливост и повисоката стапка на препознавање со OCR ја зголемуваат продуктивноста.
Компатибилност: Windows -
Програмата за програмери од Canon е наменета да ви обезбеди пристап до многубројни технички информации што ќе ви помогнат при создавањето апликации за нашата палета на деловни производи. За повеќе информации за нашите SDK, ве молиме посетете ја веб-страницата на Програмата за програмери од Canon.
Преземете содржина
Од заштедување време, па сѐ до подобрување на одржливоста, откријте ги сите придобивки што ги нуди imageFORMULA DR-C240.
Лист со податоци
Погледнете ги сите придобивки што ги нуди безбедниот, компактниот и сигурниот скенер imageFORMULA DR-C240.