Управување со скенери преку iWMC
Управувајте централно со скенерите за документи користејќи ја iW конзолата за управување од Canon со дополнителната компонента Scanner Management и USB Scanner Agent.
Зголемете ја максимално продуктивноста на мрежата и USB скенерите
Отсега ќе можете да управувате централно со вашата група скенери за документи. Следете и одржувајте компатибилни imageFORMULA скенери од Canon, како и повеќефункционални уреди и печатачи од Canon, преку еден централен интерфејс со помош на iW конзолата за управување од Canon (iWMC).
Управувајте со вашите уреди од Canon
Пронајдете печатачи и скенери од Canon на вашата мрежа со опцијата за откривање на iWMC. Проверете ги имињата на производите, сериските броеви, IP адресите, фирмверот и верзиите на софтверот на скенерите.
Далечинско следење на скенери
Следете ги сите откриени мрежни скенери и погледнете го бројот на скенирања, ролерите, состојбата на потрошните делови и евиденцијата за успешно/неуспешно скенирање.
Истовремено ажурирање
Фирмверот, драјверите и апликациите од Canon или поставките за задачите може лесно да се ажурираат во исто време кај повеќе скенери за документи преку менито за задачи на iWMC.
Управувајте со мрежни скенери
Дополнителната компонента Scanner Management ви овозможува директно следење и управување на вашите мрежни скенери ScanFront – преку iW конзолата за управување од Canon.
Додадете USB скенери за документи
Следете ги и управувајте со USB скенерите на вашата мрежа и интегрирајте ги во iWMC со инсталирање на Scanner Management Agent во компјутерите поврзани со скенерите.
Помага во намалување на трошоците
Со проактивно управување на вашите печатачи и скенери од Canon преку една алатка, можете далечински да ги контролирате уредите и да ги намалите трошоците за ИТ.
Одговара на вашиот работен процес
Дополнителната компонента Scanner Management од Canon е алатка за сервери која се интегрира со iWMC од Canon за да ви овозможи да работите во прегледен и практичен интерфејс базиран на интернет.