Canon CanoScan 4400F
Скенирајте со квалитет и разновидност.
Скенирајте со квалитет и разновидност.
Скенирајќи со извонредни 4800dpi, CanoScan 4400F испорачува слики со врвен квалитет, без да ви го пробие буџетот. Фалејќи се со FAU, QARE ниво 3 и 7 EZ копчиња, овој супер-брз скенер е елегантен и разновиден.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
4800 x 9600dpi, 48 bit-на длабочина на боја
-
FAU - 6 x 35mm филмска лента и 4 x 35mm слајдови
-
Супер-брза машина за скенирање
-
QARE ниво 3 отстранување на прав/гребаници од фотографиите
-
Опширен софтверски пакет
-
USB 2.0 Hi-Speed
-
7 EZ копчиња
-
Брз мулти-фото режим
-
Напреден Z-капак
Детални карактеристики
-
Величествен квалитет на скенирање
Со CCD сензор со 4800x9600dpi*, кој зафаќа неверојатни детали, CanoScan 4400F испорачува величествени свежи слики, погодни за зголемување и за печатење со висока резолуција. 48-bit-ната длабочина на бојата обезбедува вашите скенови да имаат извонредно точна репродукција на бојата.
-
Скенирање филм
CanoScan 4400F е опремен со разновидна вградена адаптерска единица за филм (FAU), која ви овозможува да скенирате 6 х 35mm негативи или 4 монтирани слајда, во една единствена постапка.
-
Супер-брзи скенови
Супер-брзата машина за скенирање на CanoScan 4400F ја оптимизира вашата продуктивност, обезбедувајќи преглед за само 5 секунди. Дури и кога скенирате при максимална резолуција, работниот тек останува ефикасен, бидејќи поврзувањето со USB 2.0 Hi-Speed обезбедува брз пренос на податоци.
-
Автоматско ретуширање
Заштедувајќи ви многу часови рачно ретуширање, технологијата QARE ниво 3 автоматски ги враќа вашите изгребани, оштетени или избледени фотографии во нивниот првобитен сјај. Тој ја редуцира и зрнетоста кај фотографиите направени на филм со голема брзина.
-
Опширен софтвер
Пакетот на CanoScan 4400F го надополнува цела палета софтвер за работа со слики. Со ArcSoft PhotoStudio, OmniPage SE и Presto!PageManager, лесно можете да ги уредувате скенираните слики, директно да претворате хартиени документи во датотеки кои може да се уредуваат и лесно да управувате со документите. ScanGear и CanoScan Toolbox на Canon се надградени за да вклучуваат квалитет на сликата и функционалност подобри од кога и да е. CanoScan 4400F е компатибилен и со Windows и со Mac.
-
EZ копчиња
Нудејќи флексибилност и заштедувајќи ви време, седум копчиња за скенирање обезбедуваат изведување на редовните работни задачи со само еден допир. Прилагодете си ги за да ги изведуваат функциите кои најмногу ги користите: копирање, скенирање, креирање датотеки во PDF или испраќање до вашата програма за e-пошта. Четири од копчињата се наменети за скенирање директно во PDF, вклучувајќи скенирање во боја или црно-бело.
-
Скенирајте мулти-фотографии
Со помош на брзиот режим мулти-фото, на Canon, CanoScan 4400F во овозможува да скенирате до 10 одделни слики во едно минување, па потоа да ја обработувате секоја посебно. Мулти-фото автоматски идентификува, отсекува и израмнува повеќекратни слики, препознавајќи го дури и типот на оригиналот што го користите (филм или фотографија).
-
Скенирајте дебели предмети
Вклучувајќи го напредниот Z-капак, CanoScan 4400F може да скенира дебели документи, книги или мали предмети, со иста леснотија како да се само еден лист во А4. Со одржување на рамномерен притисок на она што лежи на стаклото, капакот го обезбедува најдобриот можен резултат, без оглед на големината и обликот на предметот.