Canon CanoScan LiDE 100
Сестраниот и ефтин LiDE скенер за секојдневниот корисник
Сестраниот и ефтин LiDE скенер за секојдневниот корисник
Овој едноставен LiDE скенер содржи EZ тастер за лесно работење со фотокопирање, скенирање, е-пошта и PDF функции. Лесната употреба е подобрена со Режимот за автоматско скенирање и намалувањето на прашина и гребнатини.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Дизајн кој штеди простор
-
2400x4800dpi резолуција и и 48-bit боја
-
Брзо 300dpi A4 скенирање
-
4 EZ тастери за фотокопирање, скенирање, е-пошта и PDF
-
Редуцирање на прашина и гребнатини
-
Режим за автоматско скенирање
-
Hi-Speed USB конекција
-
Z-lid за скенирање на дебели документи
Детални карактеристики
-
Скенирање со висок квалитет
Без разлика дали скенирате документи или фотографии, вие ќе добиете резултати со висок квалитет со резолуција од 2400x4800dpi. 48-bit внатрешна длабина на боја обезбедува точна репродукција на боите. Брзото скенирање е исто така возможно со 300dpi A4 скенирања кои се извршуваат за приближно 24 секунди.
-
Елегантен, компактен дизајн
Скенерот зафаќа минимален простор од бирото или канцеларијата заради интелигентниот дизајн кој во себе содржи современ Z-lid со двојни шарки, со што е возможно скенирање на дебели документи и книги. Лесен за аиснталирање и употреба, скенерот има една едноставна USB конекцијам така што нема потреба од AC адаптер.
-
Практични и креативни карактеристики
Има четири EZ тастери кои ви овозможувата брзо да фотокопирате, скенирате, да праќате е-пошта или да креирате PDF документи само со едно притискање. Овие тастери можат да се конфигурираат. Режимот за автоматско скенирање автоматски го детектира видот на оригиналот - документ или фотографија - потоа ги избира соодветните нагодувања, скенира и снима со едно притискање. Прашината и гребнатините можат автоматски да се отстранат од вашите документи и фотографии , со користење на вклучениот софтвер.
-
Софтвер
Софтверот кој е составен дел на скенерот содржи ArcSoft PhotoStudio. Софтверот MP Navigator EX и ScanGear го прави едноставно ракувањето со вашиот скенер и изведувањето на повеќето комплексни операции од вашиот компјутер или Mac.