Canon CanoScan LiDE 110
Разновиден и достапен LiDE скенер за секојдневниот корисник
Разновиден и достапен LiDE скенер за секојдневниот корисник
Овој основен модел на LiDE скенер се одликува со EZ копчиња за едноставно ракување при автоматското скенирање, копирање, праќање е-mail и функциите за создавање PDF. Уште поедноставна употреба со режимот за автоматско скенирање и намалувањето на прав и гребнатини.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Резолуција од 2400x4800dpi со 48-битна боја
-
A4 скенирање со 300dpi за 16 секунди
-
4 EZ копчиња за автоматско скенирање, копирање, праќање е-mail и PDF
-
Интуитивно намалување на прав и гребнатини кај фотографиите
-
Режим за автоматско скенирање: едноставност при скенирањето и зачувувањето
Детални карактеристики
-
Квалитетно скенирање
Овој основен модел на скенер ги скенира сите ваши фотографии и документи без напор, користејќи импресивна резолуција од 2400 x 4800dpi. Со својата внатрешна 48-битна длабочина на боја, овозможува снимање на фотографии со високо ниво на детали. Сензорот за слика и валјакот имаат еднаква широчина и обезбедуваат остра и јасна репродукција на сите ваши слики.Брзо A4 скенирање во боја со 300 dpi за само 16 секунди.
-
Компактен и стилски
Скенерот се одликува со извонредно компактен и стилски дизајн, кои го прават привлечен додаток во секој дом. Вградениот капак е дизајниран да овозможи скенирање на сите видови документи, како што се книги, без да ја наруши стилската естетика.
-
Едноставно користење
Овој скенер ви ги олеснува задачите благодарение на 4-те функциски копчиња на допир. Копчето за автоматско скенирање автоматски го препознава типот на оригиналот и овозможува скенирање на вашите фотографии и документи со само едно кликнување. На сличен начин, копчињата за копирање, праќање e-mail и за создавање PDF придонесуваат за неговата едноставност.
-
Подобрувања на сликата кои заштедуваат време
За вашите фотографии е достапна опција за отстранување на прав и гребнатини, која овозможува подобрување на сликите. Таа автоматски ги намалува правта и гребнатините, а помага и во обновувањето на избледените бои на старите фотографии. Auto Document Fix е технологија која одделно го подобрува текстот, графиката и сликите кај скенираните документи. Во останатите функции кои заштедуваат време спаѓаат Auto Photo Fix II и Solution Menu EX.
-
Напојување преку USB
Скенерот се поврзува и напојува со еден USB кабел, минимизирајќи ги каблите и нередот кој го создаваат.
Спецификации
-
Резолуција на скенирање во точки по инч
-
Не е потребно напојување
-
Брзина на скенирање на A4 документ во боја
-
Ракување со еден допир
-
Скенирајте дебели документи или списанија
-
Функција за создавање на PDF фајлови