Canon CanoScan LiDE 120
Снимајте фотографии и документи со висока резолуција на едноставен начин во домот со помош на овој достапен, стилски и компактен скенер со рамно лежиште.
Достапен и практичен домашен скенер
Снимајте фотографии и документи со висока резолуција на едноставен начин во домот со помош на овој достапен, стилски и компактен скенер. Уживајте во брзо и директно скенирање кон Cloud услуги преку вашиот компјутер.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Уживајте во скенирање со висока резолуција до 2400 x 4800 dpi со CIS сензор
-
Снимајте фотографии со исклучителни детали и прецизни бои, благодарение на 48-битната внатрешна длабочина на бои
-
Заштедете време со скенирањето на A4 формати во боја со 300 dpi за само 16 секунди
-
Уживајте во слободата за директно скенирање кон Cloud услуги преку вашиот компјутер
-
Ракување без напор со 4 EZ копчиња на допир
-
Подобрувајте го текстот, графиката и сликите во скенираните документи поединечно, со помош на технологијата Auto Document and Photo Fix
-
Моментално препознавање на документи со едно кликнување со помош на автоматското скенирање
-
Поврзете го и напојувајте го преку еден USB кабел за да го минимизирате нередот на работната маса
Детални карактеристики
-
Скенирање со висок квалитет
Задоволете ги сите ваши потреби за скенирање фотографии и документи во домот без напор со помош на овој достапен и висококвалитетен скенер. Тој нуди скенирање со висока резолуција до 2400 x 4800 dpi со CIS сензор. Доловува остар текст, јасни фотографии со исклучително ниво на детали и прецизни бои, благодарение на 48-битната внатрешна длабочина на бои на скенерот. Многу брзо скенирање во A4 формат со 300 dpi за само 16 секунди.
-
Поврзување со Cloud
Скенирајте и испраќајте висококвалитетни документи и детални фотографии на едноставен начин кон Cloud услуги, како Evernote и Dropbox, преку вашиот компјутер.
-
Стилски и практичен
Скенирајте со стил. Овој извонредно компактен и стилски скенер не зафаќа многу простор на работната маса и изгледа одлично во секој дом. Скенирајте ги сите видови документи на едноставен начин - вклучувајќи и книги - без промени во стилскиот дизајн, благодарение на напредниот вграден капак.
-
Едноставно ракување со еден допир
Контролирајте го скенирањето на многу едноставен начин, благодарение на 4-те EZ функциски копчиња на допир. Скенирајте фотографии и документи со само едно кликнување на копчето за автоматско скенирање, кое автоматски го препознава оригиналот и соодветно ги оптимизира подесувањата. Исто така, можете да создавате PDF фајлови, да копирате и да испраќате e-mail пораки за неколку секунди со еден допир на наменските копчиња.
-
Подобрувања за слики кои заштедуваат време
Обновете ги и подобрете ги вашите фотографии со само едно кликнување. Уживајте во професионални корекции за дел од секундата, автоматско намалување на правта и гребнатините и прекрасно обновување на избледените бои кај старите фотографии со функцијата за отстранување на прав и гребнатини. Освен тоа, можете и поединечно да подобрувате текст, графика и слики во скенираните документи со помош на софтверот Auto Document Fix. Во останатите функции кои заштедуваат време спаѓаат Auto Photo Fix II и Solution Menu EX.
-
Минимално поврзување со кабли
Минимален неред од кабли на работната маса, благодарение на едниот USB кабел кој служи и за поврзување и за напојување.
Спецификации
-
Резолуција на скенирање во точки по инч
-
Испраќање кон Cloud
-
Не е потребно напојување
-
Брзина на скенирање на A4 документ во боја
-
Ракување со еден допир
-
Скенирајте дебели документи или списанија
-
Функција за создавање на PDF фајлови
Што содржи кутијата
-
Уред за скенирање – CanoScan LiDE 120
-
USB кабел
-
CD-ROM за поставување, упатство и други документи, (CD само за Windows)