canon-press-centre

Canon CanoScan LiDE 700F

Генијално скенирање: резолуција од 9600dpi и дизајн со 3 позиции.

Придобивки

  • LiDE скенер со CIS сензор

  • Иновативен дизајн со 3 позиции

  • Напојување преку USB 2.0 кабел

  • 9600x9600dpi скенирање на филмови

  • 4800x4800dpi рефлективно скенирање

  • 48-битни бои

  • Режим за автоматско скенирање

  • EZ копчиња со можност за конфигурирање

  • Автоматско QARE отстранување на прав и гребнатини

Детални карактеристики

  • LiDE скенер со CIS сензор

    LiDE скенерот со CIS сензор ви нуди извонредна комбинација на скенирање со неверојатно висока резолуција и ниска потрошувачка на енергија. Напојуван преку само еден USB кабел поврзан на компјутер, на LiDE 700F не му е потребен дополнителен кабел за напојување, така што тој е навистина пренослив и ќе ви заштеди простор.

  • Иновативен дизајн со 3 позиции

    Генијалниот дизајн на LiDE 700F со држач со можност за одвојување, нуди поставување во 3 позиции - хоризонтално портрет, хоризонтално пејзаж или вертикално – што ќе ви овозможи поставување во речиси секаков простор.

  • 9600x9600dpi скенирање на филмови

    Скенирањето со неверојатно висока резолуција од 9600x9600dpi на 35mm филмови е можно благодарение на наменската единица за скенирање филмови која може да се прицврсти (се испорачува). Ова значи дека негативите/позитивите на вашите 35mm филмови ќе можете да ги зголемувате и печатите со неверојатни детали.

  • 4800x4800dpi рефлективно скенирање

    Овој скенер со рамно лежиште може да се користи во каква било позиција, нудејќи ви прецизно и остро скенирање на слики и документи со оптичка резолуција до 4800x4800dpi.

  • 48-битен влез

    Добијте реалистична репродукција на боите со 48-битниот влез, кој нуди можност за реплицирање на милијарди одделни бои – подобрувајќи го скенирањето во боја со неверојатно прецизна длабочина и тон.

  • Режим за автоматско скенирање

    Со едно притиснување на копче, режимот на автоматско скенирање го препознава типот и форматот на оригиналот, кој потоа се скенира и се зачувува со користење на соодветните параметри. Ракувањето со едно притиснување на копче ќе ви заштеди време преку елиминирање на потребата за долго конфигурирање на параметрите.

  • EZ копчиња со можност за конфигурирање

    Четирите EZ копчиња со можност за конфигурирање овозможуваат брзо и практично користење на функциите за PDF, копирање, скенирање и е-mail. Можете да ги изберете параметрите и да ги доделите на некое од копчињата – откако овие конфигурации ќе бидат зачувани вие ќе можете да го користите скенерот токму онака како што ви е потребно.

  • QARE отстранување на прав и гребнатини

    QARE е кратенка за Quick Automatic Retouching and Enhancement (брзо автоматско ретуширање и подобрување) технологијата. Рефлективните документи и старите фотографии отсега можат да бидат подобрени и отпечатени на квалитетен фото печатар. LiDE 700F автоматски го детектира и отстранува правот од скенираните содржини за добивање на беспрекорни резултати кои ќе ви заштедат време преку избегнување на напорното ретуширање по скенирањето. Поддржана од ScanGear, QARE технологијата нуди одлични ефекти на ретуширање без зголемување на цената.

  • Вклучен софтвер

    MP Navigator EX софтверот од Canon ви нуди управување со скенираните фајлови: конвертирајте ги документите во PDF со можност за пребарување, заштитете ги со лозинка и користете OCR за преку 15 јазици.

Спецификации

  • Резолуција на скенирање во точки по инч

  • Не е потребно напојување

  • Брзина на скенирање на A4 документ во боја

  • Скенирање на негативи од филм

  • Ракување со еден допир

  • Функција за создавање на PDF фајлови