canon-press-centre

Canon CanoScan LiDE 90

Ултра-компактно, лесно скенирање

Придобивки

  • Најмалиот на светот во својата класа, со вертикален држач за закачување

  • Напојување преку USB, не е потребно посебно напојување

  • 2400x4800dpi*; 48 bit-на длабочина на боја

  • A4, 300dpi за приближно 14 сек.

  • Скенирајте во компјутер, е-пошта и PDF

  • 4 EZ копчиња

  • Автоматска корекција на слика

  • Опширен софтвер

Детални карактеристики

  • Квалитет

    Сензор со 2400x4800dpi* зафаќа фини детали, обезбедувајќи свежи слики, погодни за зголемување и за печатење со висока резолуција. 48-bit-ната длабочина на бојата обезбедува извонредно точна репродукција на бојата.

  • Брзина

    Скенирајте страница во A4 со 300dpi за приближно 14 секунди. Интерфејсот USB 2.0 High-Speed обезбедува брз пренос на слики до вашиот компјутер.

  • Дизајн

    Ова е најмалиот скенер на светот во својата класа - само 25 x 36,4 x 4cm - така што никогаш нема да ви стои на патот. Држач за закачување - овозможува практично вертикално скенирање, штедејќи уште повеќе простор. Генијалниот Z-капак со двојни шарки овозможува лесно скенирање на книги, списанија и други мали тродимензионални предмети.

  • Функции

    Скенирајте документи и фотографии директно во компјутер, е-пошта или во PDF. Креирајте документи со повеќе страници во PDF, во комплет со брзо пребарување текст.Прецизниот софтвер за оптичко препознавање знаци го претвора печатениот текст - обезбедувајќи електронски документи со можност за уредување, без комплицирано прекуцување.

  • Лесно ракување

    Четири EZ копчиња за скенирање нудат едноставно ракување со еден допир. Тие се конфигурирани да ги завршуваат најчестите работни задачи; како копирање, скенирање, PDF или испраќање во е-пошта.

  • Мулти-фото режим

    Скенирајте до 10 одделни слики во едно минување, со тоа што секоја ќе се регистрира посебно. Мулти-фото автоматски идентификува, отсекува и израмнува повеќекратни слики, штедејќи време и компликации.

  • Автоматска корекција на слика

    Технологијата QARE ниво 3 автоматски ги обновува вашите изгребани, оштетени или избледени фотографии - заштедувајќи ви многу часови рачно ретуширање. Софтверот ScanGear овозможува компензација на заднинското светло и ја намалува зрнетоста.

  • USB напојување

    Овој елегантен скенер ја влече сета потребна енергија од само едно USB поврзување - што значи уште повеќе практичност и помалку кабли. Тој е ултра-лесен и пренослив, за користење насекаде.

  • Софтвер

    Испорачаниот софтвер вклучува ArcSoft PhotoStudio, OmniPage и Presto! PageManager (само за ПЦ). Софтверот MP Navigator EX го прави едноставно ракувањето со вашиот скенер и изведувањето на повеќето комплексни операции од вашиот компјутер.* Погледнете ги спецификациите