COT Admin Server и COT Admin Tool

COT Admin Server од Canon е изборна софтверска апликација за ИТ-администратори наменета за далечинско управување на работните процеси на мрежните скенери DR-S150 од Canon, а нуди и дополнителни функции

Намалете ги трошоците и зголемете ја контролата

Поедноставно управување со скенерите, почнувајќи од далечинско поставување и управување со кориснички профили и работни процеси за скенирање па сè до зголемување на безбедноста.

Главни придобивки

Лесно централизирано управување со скенери

Едноставно управување и дистрибуција на задачи

Безбедно проверување на идентитет

Управување со корисници со активен директориум

Дополнителни напредни функции за скенирање

Создавање приспособени дестинации кон кои ќе скенирате

Како може COT Admin Server да ѝ помогне на вашата компанија?

COT Admin Server е изборна софтверска апликација за ИТ-тимовите кои ја користат апликацијата COT Admin Tool, наменета за далечинско поставување и управување со мрежните скенери DR-S150 од Canon, работните процеси за скенирање и корисничките профили за задачи, а нуди и дополнителни функции за безбедност и обработка на слики. На овој начин може значително да ги намалите работните трошоци и да добиете поголема ефикасност и контрола во опкружувањата со повеќе уреди.

Лесно централизирано управување со скенери

ИТ-администраторите можат да управуваат централно со најмногу 1.000 скенери независно каде се наоѓаат, да ги конфигурираат и да управуваат далечински или централно и со скенерите и со корисничките профили за задачи, со помош на COT Admin Tool.

Управување и дистрибуција на задачи

Им овозможува на ИТ-администраторите да дистрибуираат задачи до скенерите и да создаваат, регистрираат и управуваат со задачите. Исто така, им овозможува да поставуваат и управуваат со задачи што се дистрибуираат до скенерите врз основа на уред или корисник, со можност за групирање на профилите за задачи, на пример, по оддел во компанијата или локација на канцеларијата.

Безбедно проверување на идентитет

Корисничките информации можат да се проверуваат централно преку податоците за активен директориум или со проверка на идентитет преку NFC, со помош на картички доколку е инсталиран изборниот фах за NFC, што претставува сеопфатна безбедност за скенирање низ целата мрежа на уреди.

Дополнителни функции за скенирање

Ако се потребни дополнителни функции за скенерите DR-S150 од Canon, ИТ-администраторите можат да додаваат дополнителни функции, на пример, различни функции за обработка на слика, создавање PDF-документи со голема компресија и префрлување датотеки кон FTP или сервер за е-пошта.

Создавање приспособени дестинации кон кои ќе скенирате

На корисниците им овозможува независно создавање на сопствени излезни интерфејси со помош на COT Admin SDK и создавање приспособени икони за задачи на контролниот панел на скенерот

Дали имате прашања за COT Admin Server или COT Admin Tool?

imageFORMULA DR-S150

Интуитивно и висококвалитетно скенирање со разновидни опции за поврзување со сите апликации и опкружувања за скенирање.

COT Admin Server

Преземете COT Admin Server веднаш.

COT Admin Tool

Преземете COT Admin Tool веднаш.