PRISMA Tech suite

Canon PRISMA Tech Suite

На пазарот за печатење технички документи во големи формати, деловниот софтвер PRISMA Tech Suite им овозможува на корисниците лесно да управуваат со печатењето и да ја задржат контролата со ефикасни и практични софтверски решенија за работни процеси.

Револуционерен софтвер за поедноставно управување со работните процеси.

PRISMA Tech Suite претставува комплет софтверски решенија за работни процеси, што им помага на корисниците во управувањето со техничките документи и одржувањето на ефикасно печатење. Со поддршката за печатење технички цртежи, овој деловен софтвер го продолжува докажаното искуство во областа на решенија за печатење во големи формати за да им овозможи на корисниците во архитектонскиот, инженерскиот и градежниот сектор да ги поедностават работните процеси. Корисниците на печатачи за големи формати добиваат одлична подготовка на задачи и поголема продуктивност во работните процеси со моќни деловни решенија за Cloud што се дизајнирани да ги поддржат нивните секојдневни операции.

Што содржи PRISMA Tech Suite:

PRISMAproduce Tech

Ако печатењето технички цртежи е дел од вашиот бизнис, најважно е да се најде ефикасно и прецизно решение за печатење во големи формати. Од огромно значење е да се избегнат непотребните пробни печатења и неефикасното производство. Можноста за лесно и безбедно подготвување, испраќање и пристап до задачите за печатење е од суштинско значење. PRISMAproduce Tech претставува моќен софтвер за подготовка на документи, како и практичен начин за подобрување на управувањето со технички документи и за создавање комплети документи од десетици датотеки што лесно ќе ги испратите до вашиот plotWAVE, colorWAVE и до голем број печатачи за големи формати.

PRISMAproduce Tech
PRISMA Tech suite

PRISMAservice

Врвна алатка за сервисирање наменета за партнерите и корисниците. Добијте максимално време на активна работа преку методологијата CARE:
- Собирање дијагностички податоци од далечина
- Анализирање на ситуацијата со собраните податоци
- Поправање преку далечинска поддршка за дијагностика
- Процена врз основа на континуирано подобрување

Ќе добиете побрза, поефикасна и поефективна служба за поддршка на корисници. За сервисирање наменето за партнерите и корисниците, PRISMAservice нуди интеграција на алатките за сервисирање од Canon во еден заеднички портал.

Добијте нов вид оптимизација на задоволството на корисниците со контролни табли за користењето и превентивно одржување.

PRISMAlytics Dashboard

Добијте сеопфатни прегледи за следење и максимизирање на производството и перформансите на вашето печатење со оваа едноставна и безбедна алатка за управување со информации заснована на Cloud.

Canon Camera
PRISMA Tech suite

PRISMAlytics Accounting

Едноставна и безбедна алатка заснована на Cloud што доставува податоци за печатењето во речиси реално време за брза наплата. Заштитете ја профитабилноста на вашето работење со податоци собрани од задачи, клиенти или оддели за точно следење на перформансите и наплата на трошоците.

Преземете ја брошурата за PRISMA Tech Suite

Компатибилни печатачи

Сите печатачи colorWAVE

Сите печатачи plotWAVE

Избор на печатачи imagePROGRAF

Разгледајте повеќе

Серија colorWAVE T

Разгледајте ги печатачите од серијата colorWAVE T или печатачите во боја за големи формати и за технички документи.

Серија plotWAVE T

Разгледајте ги црно-белите печатачи од серијата plotWAVE T за големи формати и за технички документи.

Печатачи imagePROGRAF за CAD/GIS

Запознајте се со палетата на печатачи imagePROGRAF за CAD/GIS и за технички документи.

Ви треба помош?

Сакате да го оптимизирате вашиот работен процес со PRISMA Tech Suite?