Сите уреди
Безбедно печатење преку сите поврзани уреди во канцеларијата
Локално интегрирано софтверско решение за управување со сите уреди и работни процеси за печатење и скенирање.
Ослободете ја вашата компанија од ограничувањата за печатење и скенирање со uniFLOW
- интуитивна платформа што напредува заедно со вас.
Информациите се заштитуваат со моќната функција на uniFLOW за проверка на идентитет на корисниците која го минимизира ризикот кај важните документи преку евиденција и ограничување на пристапот.
Прецизно следење на трошоците за печатење, скенирање и копирање. uniFLOW ги намалува трошоците користејќи паметни функции за поставување правила, автоматско бришење на неиздадените задачи и печатење само на потребните документи.
Создавајте прилагодени работни процеси за снимање, споделување и складирање дигитални документи. Функцијата за распределување задачи на uniFLOW ја елиминира неорганизираноста при печатењето преку автоматско насочување на задачите кон најдобриот уред.
uniFLOW од Canon нуди поддршка за опкружувања со различни уреди и повеќе продавачи, а може и да се интегрира со вашите постоечки уреди - вклучувајќи опрема што не е од Canon - за да ја максимизирате инвестицијата во вашата опрема.
Погледнете ја палетатаДобијте безбедно печатење од мобилни уреди без дополнителни трошоци или инвестирање - изберете од кој уред сакате да печатите, независно каде се наоѓате.
Платформата на uniFLOW користи универзален драјвер за печатење за сите вработени, овозможувајќи им да печатат преку сите уреди - дури и уреди што не се произведени од Canon - со помош на конфигурација што може да се надградува.
Снимајте, споделувајте и складирајте дигитални документи, благодарение на висококвалитетната обработка на слики и прецизното извлекување на OCR-податоци. Прилагодете ги работните процеси за скенирање за уште поголема безбедност.
uniFLOW се инсталира во серверот и создава интелигентни процеси за документи наменети за мали и средни компании.
Безбедно печатење преку сите поврзани уреди во канцеларијата
Создавајте прилагодени работни процеси и дестинации за скенирање
Следење на трошоци, проверка на идентитет на корисници и контрола на функции
Исполнете ги сите предуслови за печатење со една апликација
Печатете во движење од секое место, кон секој уред
Максимизирајте ја инвестицијата во вашата опрема со поддршката за различни уреди
uniFLOW Online функционира во Cloud, ги намалува потребите за ИТ-ресурси и заштедува физички мемориски простор, а притоа нуди напредно управување со печатењето документи и печатење од мобилни уреди.
Дознајте повеќеВремето е пари, па затоа зголемете ја контролата со поедноставување на процесите и намалување на времето на чекање со потполно вмрежено печатење.
Набавете соодветна технологија за да можете да работите насекаде, без да ја намалите безбедноста на податоците или ефикасноста на процесите.
Складирајте ги информациите побезбедно и пристапувајте до податоците независно каде се наоѓате преку автоматизирање на работните процеси со документи.
Намалете им ги обврските на вработените, заштедете пари и спречете нарушување на безбедноста на податоците преку отстапување на управувањето со печатењето на надворешни субјекти.
Зголемете ја одржливоста на вашата мала или средна компанија со забрзување на процесите, намалување на отпадните материјали и контролирање на трошоците.
Паметни решенија за снимање податоци што нудат напредно ракување со документи и автоматизирани процеси што заштедуваат време.
Поедноставете ги внатрешните работни процеси со сеопфатно решение што беспрекорно ќе се интегрира со вашите уреди.
Зголемете ја продуктивноста и управувајте со трошоците користејќи едно решение за управување на сите работни процеси со документи.
ImagePRESS
Добијте канцелариски функции и обемни опции за печатење со професионален квалитет со безбедните и продуктивни повеќефункционални ласерски уреди за A3-формати во боја.
Управувајте со безбедноста на информациите, печатењето и трошоците на едноставен начин