Зголемена прегледност
Имајте увид во печатењето преку квартални извештаи за користење.
Намалете го нарушувањето на работата на корисниците и зголемете ја ефикасноста со нашата услуга за проактивно следење на уредите што ќе ви помогне да управувате и да ги оптимизирате вашите уреди за печатење и скенирање од Canon.
Секојдневното управување со печатачите може да ви одземе многу време, да им пречи и да биде непрактично за корисниците и да го оптовари вашиот тим за ИТ. Услугата за управување со уреди на Canon ќе го надополни вашиот стандарден договор за услуги и ќе ви овозможи поедноставно и поефикасно следење и управување со вашите уреди од Canon.
Намалете го обемот на работа со тоа што ќе ѝ препуштите на компанијата Canon да ги следи нивоата на тонер, известувањата за грешки и отчитувањата, вклучувајќи и автоматизирано обновување на потрошните материјали.
Бидете во тек со далечинските ажурирања на системот и апликациите, вклучувајќи и пристап до нови функции за уредите преку ажурирање на платформата.
Овозможете беспрекорно функционирање во секое време со професионалната поддршка за вашиот уред, вклучувајќи и пристап до нашиот портал за самостојно услужување и далечинска поддршка.
Нашиот тим за поддршка е максимално обучен за да ви обезбеди висока ефикасност од вашите уреди од Canon.
Добијте комплетна и сеопфатна услуга за ефикасно одржување и поддршка за вашите уреди.
Нашиот персонал користи проверени и тестирани алатки за да ви овозможи доследни високи перформанси од вашите уреди.
Сите компании можат да ја зголемат продуктивноста и да ги намалат трошоците со решенијата за MPS од Canon.
Обновете ја контролата врз деловното печатење за да ги намалите трошоците и да обезбедите усогласеност.
Нашите повеќефункционални уреди се дизајнирани за максимална продуктивност и нудат едноставно печатење, скенирање, копирање и испраќање факс.