Побрзо до профитирање
Профитирајте веднаш од најдобрите практики и технологии што се водечки во светот.
Извлечете максимум од работата во секое време и на секое место со искористување на моќта на софтверските апликации на Cloud.
Софтверот Saas на Canon нуди најдобри софтверски алатки за снимање документи, обработка и печатење за вашата компанија, за денес и за во иднина. Тој е дизајниран да се интегрира беспрекорно со мрежни печатачи, скенери и повеќефункционални уреди од Canon за да можете да создадете модерно работно опкружување со максимална продуктивност за работа и заштита на опремата. Освен тоа, придобивките од управувањето со документи ги минимизираат работните трошоци.
uniFLOW Online овозможува едноставни работни процеси за скенирање преку опции за класификација и снимање слики, вклучувајќи и технологии за оптичко препознавање на знаци (OCR).
Ова е најсовремениот софтвер за контрола и управување со документи на Canon. Тој се одликува со највисоко ниво на безбедност и усогласеност за вашето деловно работење.
Искористете го целосниот потенцијал на канцелариските повеќефункционални уреди (печатење-скенирање-копирање-факс) така што ќе ги комбинирате со достапен софтвер за управување со печатењето преку Cloud.
Со нашите канцелариски уреди за интернет на нештата (IoT), што се обезбедуваат и управуваат со софтверски алатки преку Cloud, може да ракувате самостојно (доколку ги купите) или со нив да ракува компанијата Canon.
Поедноставете ја интеграцијата на нови технологии и добијте напреден канцелариски софтвер преку софтверот на Cloud од Canon, вклучувајќи и опции што може да ги пробате пред да ги купите и бесплатни опции.
Искористете ги веднаш придобивките што ги нуди нашиот најнов екосистем на канцелариски софтвер, со уреди што се испорачуваат подготвени за поврзување со софтверските апликации од Canon преку Cloud.
Поврзете се на интернет за многу кратко време со софтверот што располага со многубројни опции за конфигурирање и што функционира беспрекорно со уредите од Canon.
Напредни решенија за документи што ќе го подобрат начинот на кој вашиот тим ги користи и обработува документите.
Елиминирајте ги новите кибернетички закани преку тестирање на безбедноста на екосистемот на услуги за документи во работното опкружување.
Обновете ја контролата врз деловното печатење за да ги намалите трошоците и да обезбедите усогласеност.
Складирајте, управувајте, обработувајте и пристапувајте до безбедни информации на едноставен начин - од секоја локација и во секое време.
Поедноставете ја обработката, подобрете ја продуктивноста и зголемете ја безбедноста со нашите софтверски решенија.