Побрзо пласирање на пазарот
Сеопфатните работни процеси ја зголемуваат продуктивноста
Откријте ја иднината на книгите со сеопфатни решенија за дигитално печатење што создаваат нови извори на приход.
Со најновата дигитална технологија може да ја задоволите растечката побарувачка на економично печатење во мал тираж, да го оптимизирате ланецот на испорака на издавачите и да обезбедите побрзо пласирање на нивниот тираж на пазарот.
Сеопфатните работни процеси ја зголемуваат продуктивноста
Флексибилна големина на тираж, до единечни копии
Отстранете ги неефикасните рачни процеси
Моделите за дигитално печатење може да го намалат прекумерното натрупување на материјали
Ново поглавје во печатењето книги
Решението од Canon ни овозможи висококвалитетно печатење на брз, ефикасен и сигурен начин.
Fredrik Borg
Привремен главен извршен директор, Holmbergs
Шведската компанија за печатење Holmbergs е пионер во дигиталната технологија која сакаше да инвестира во најновата технологија, за да ја задоволи растечката побарувачка на печатење книги во мал тираж. Компанијата беше под притисок да ја зголеми продуктивноста и да ги намали трошоците, но сакаше и да им понуди поголем опсег за прилагодување и персонализација на потрошувачите.
Создадовме решение врз основа на софтверот PRISMAproduction и подобрено од инк-џет печатачот со голема брзина ColorStream и системот за завршна обработка Tecnau LaserMax. Ова ѝ овозможи на компанијата Holmbergs да понуди нов модел за еднократно печатење книги со автоматизирани работни процеси од испраќањето до испораката на задачите.
Нашето решение доведе до голем пораст на обемот на отпечатени материјали преку побрзо и поекономично еднократно печатење, без загуба на квалитет. Исто така, ова решение ѝ овозможи на компанијата Holmbergs да им понуди на потрошувачите поголем опсег за прилагодување на нивните книги, со детали како уникатни ISBN баркодови, лого ознаки и слики.