Скратете ги оперативните трошоци
Заштедете пари со рационализирање и дигитализирање на работните процеси
Подготовка на Човечки Ресурси за дигиталниот свет
Рачните HR работни процеси за документите го забавуваат вашиот бизнис, додека хартиените архиви се скап и неефикасен начин на складирање на информации за персоналот.
Заштедете пари со рационализирање и дигитализирање на работните процеси
Помогнете му на HR персоналот да работи побрзо и подобро со автоматизирање на процесите
Добијте повеќе аналитички податоци и увид во проблемите и HR податоците
Зацврстете ја безбедноста со централизирање на складирањето на податоците за вработените
Демонстрација на моќта од ослободувањето од користење хартија
Управувачот со човечки ресурси од Canon ни овозможи алатки и функционалности за да го преобразиме начинот на кој работиме.
Marco Trucchia
Директор за човечки ресурси, Canon Italy
HR тимот на Canon од Италија трошеше премногу време и пари при обработката на хартиени документи и сакаше да пронајде побрз начин за управување со податоците за вработените. Освен што го оттргнуваше вниманието на персоналот од поважните задачи, рачната обработка на 900 датотеки за персоналот го направи HR отсекот бирократски центар на трошоците.
Компанијата сфати дека одговорот на овој проблем беше управувачот со човечки ресурси од Canon, брз и флексибилен систем за обработка на документите кој му овозможува на персоналот дигитално да управува со информациите за вработените.
Со конвертирањето на хартиените документи во дигитален формат, HR отсекот го скрати административното време за 15% – зголемувајќи ја продуктивноста и еланот. Аналитичките и безбедносните функции на системот исто така му дадоа на тимот повеќе контрола врз податоците – помагајќи му да ги ажурира и да ги усогласи записите.
Нови барања за слободни позиции, управување со CV-а, избор, итн.
Рационализиран процес на запишување со помалку административни работи
Временски табели, платен список и трошоци, договори за вработените, итн.
Пензија, итн.
Работете побрзо, намалете ги трошоците и понудете уште подобра услуга за потрошувачите преку поефикасна обработка на поштата
Подобрете ја ефикасноста и намалете ги грешките со автоматизирање на корисничките процеси за аплицирање и запишување