Скратете ги трошоците
Избегнете ги казните за задоцнето плаќање и фокусирајте се повеќе на деловните задачи
Поголема контрола, ефикасност и транспарентност во процесот на исплаќање.
Нашиот едноставен и поинтелигентен пристап кон управувањето со фактурите ви помага да ја преземете контролата врз готовинскиот тек – штедејќи ви време и давајќи ви безгрижност благодарение на подобрата ревизорска трага.
Избегнете ги казните за задоцнето плаќање и фокусирајте се повеќе на деловните задачи
Скратете го потребното време за обработка на фактурите и намалете ги човечките грешки
Целосно следете го статусот на фактурите и носете одлуки базирани на повеќе информации
Постигнете подобри и поусогласени ревизорски траги и избегнете измами
Помош за модернизација на бизнисот
Благодарение на брзото решение на Canon без грешки, успеавме да го поедноставиме процесот на фактурирање.
Ján Lipták
Финансиски директор, DB Schenker Czech Republic
По повеќе години експанзија, водечката меѓународна логистичка компанија DB Schenker Czech Republic (CR) забележа зголемување на обемот на фактури кои ги добива. За да се справи со новонастанатите административните јазли, компанијата си постави задача: да го модернизира својот процес на фактурирање.
Ѝ помогнавме на компанијата DB Schenker CR со тоа што ѝ овозможивме надворешна услуга за обработка на фактурите за целокупниот процес, со база во Центарот за испорака на Canon во Прага. Резултатот беше побрз и поефикасен систем кој користи рационализирани работни процеси и автоматизирано евидентирање на податоците од фактурите, проверка и совпаѓање.
Го преполовивме потребното време за обработка на фактурите – овозможувајќи ѝ на компанијата DB Schenker CR да ги обработува сите дојдовни фактури за 24 часа. Нашето решение исто така ѝ овозможи на компанијата да прераспредели пет лица од персоналот за исплаќање – што доведе до дополнителни подобрувања во работењето.
Фактури во повеќе формати (хартиени и дигитални)
Хартиени фактури
Автоматско евидентирање на податоците за фактурата
Проверете и потврдете ги плаќањата
Добијте одобрувања
Безбедно чувајте фактури
Контролирајте ги плаќањата
Следете го процесот
Олеснете ги HR процесите преку автоматизација на работните процеси за да овозможите поголема контрола и увид
Работете побрзо, намалете ги трошоците и понудете уште подобра услуга за потрошувачите преку поефикасна обработка на поштата