УСЛУГИ

Управувани услуги за печатење

Создадете оптимизирано, безбедно и одржливо опкружување за печатење и скенирање со услугите и решенијата од Canon што се достапни преку Cloud, во хибридна комбинација или на самата локација. А сега, благодарение на решенијата за хибриден работен простор од Canon, ви нудиме поддршка за непречена работа од дома и од канцеларијата со еден договор - овозможувајќи ефикасни и продуктивни начини за работа во секое време и на секое место.
ПОБАРАЈТЕ ИНФОРМАЦИИ
Managed Print Services

MPS од Canon

Управуваните услуги за печатење нудат комбинација од нашите технологии и услуги што се водечки во индустријата за беспрекорно и безбедно управување со вашата инфраструктура за печатење и скенирање и во централните и во домашните канцеларии, овозможувајќи дигитална трансформација.

„50% од носителите на одлуки во информатичката технологија ги оценуваат управуваните услуги за печатење како еден од нивните 3 најголеми приоритети за инвестирање“

Нашиот пристап

Нашиот пристап има пет чекори за оптимизирање на вашето опкружување за печатење:

1. Проценете ги вашите работни процеси за печатење документи за да дознаете колку напредувате во дигиталната трансформација и да изнајдете можности за подобрување
2. Дизајнирајте беспрекорна дигитална трансформација според вашите уникатни деловни потреби.
3. Овозможете непречена транзиција со искористување на нашите вештини, знаење и искуство
4. Одржувајте и поддржувајте го проактивно вашето опкружување за печатење и скенирање, за да добиете колку што е можно поголема ефикасност за вашите уреди и работни процеси со документи
5. Продолжете да правите континуирани подобрувања врз основа на информациите од извештаите за услугите и перформансите

Digital transformation is the foundation for remote work

Придобивки од MPS

Нашите управувани услуги за печатење ќе ви помогнат да ја зголемите ефикасноста, безбедноста и корисничкото доживување со голем избор на напредни можности.

  • Зголемете ја продуктивноста

    Подобрете ја ефикасноста во однос на времето и трошоците со зголемена функционалност и увид на работните процеси со документи

  • Подобрете ја соработката и преносливоста

    Овозможете им на тимовите да пристапуваат далечински до напредните функции за печатење и скенирање преку подобрените опции за поврзување

  • Подобрете го корисничкото доживување

    Висококвалитетни отпечатени материјали и иновативни апликации што можат да ја пренесат вашата порака поефикасно преку лесно печатење и скенирање

  • Зголемете ја безбедноста на информациите

    Исполнете ги стандардите за безбедност и усогласеност со одлична инфраструктура за безбедност што овозможува само овластен пристап до доверливите информации

Услуги

Нудиме голем избор на услуги што се прилагодени да одговараат на уникатните деловни потреби на вашата компанија, почнувајќи од основни услуги за управување со уредите, оптимизирање на печатењето, далечинско следење и генерирање извештаи за корисниците, па сè до напредни услуги за управување со уреди од различни производители и услуги и поддршка од деловна класа - сите тие се достапни за централни и домашни канцеларии
  • Истражување и проценка

    Врши детална анализа на опкружувањето за печатење и скенирање за да обезбеди информации за уредите и секојдневните потреби за печатење и скенирање. Напредната верзија нуди и дополнителни пресметки што создаваат прецизна основа за пресметување на намалувањето на трошоците

  • Услуга за управување со група уреди

    Овозможува континуирана достапност на уредите и одржува доволен капацитет за централизирано управување што ја зголемува продуктивноста. Содржи услуги за управување со печатењето, кориснички извештаи и управување со деловни односи

  • Услуги за безбедност

    Изборот на услуги за безбедност наменети за сите видови на организации ги заштитуваат повеќефункционалните уреди и печатачите. Тука спаѓаат услуги за зголемување на безбедноста на уредите, отстранување податоци и ревизија на безбедноста

  • Услуги за одржливост

    Ви помагаат да ги остварите вашите цели за одржливост
    Тука спаѓаат услуги од Canon и 3-ти страни, на пример, печатење со неутрализација на јаглероден диоксид и пошумување

  • Услуга за управување со уреди од различни производители

    Овозможува одржување и управување со потрошните материјали за уреди во вашата компанија што не се од Canon, за да ги опфати сите ваши уреди за печатење во еден договор

  • Служба за услуги за претпријатија

    Нуди единствено место за контакт заради централизирана глобална поддршка за софтвер и апликации, што овозможува поголема ефикасност при работа, сигурност и продуктивност

  • Одржување на уредите на секоја локација

    Теренски инженер од Canon што нуди брза оптимизација на уредите за да овозможи високо ниво на достапност и задоволство за корисниците

  • Поддршка за уредите на секоја локација

    Поддршка за секојдневни процеси на печатење и скенирање што им ја нуди Canon на големите компании, преку класификација на инциденти и хигиенски активности поврзани со уредите

Инфраструктура со MPS

Нашите управувани услуги за печатење се поткрепени со голем избор на моќни софтверски решенија што ќе ги опфатат сите уреди во вашето опкружување за печатење, почнувајќи од одржување на уредите па сè до генерирање извештаи за корисниците
  • uniFLOW

    Управувајте со сите ваши уреди и со работните процеси за печатење и скенирање преку интегрирано софтверско решение

  • eMaintenance

    Автоматизирајте ги административните процеси што одземаат многу време за да се фокусирате на тоа што е важно

  • Netaphor

    Добијте корисни деловни информации со оваа алатка за собирање податоци за уредите, анализа, известување и создавање извештаи

  • CRS Online

    Подобрувајте ги континуирано вашите перформанси за печатење со информациите од тековните извештаи

Image representing digital transformation services.

РЕШЕНИЈА

Услуга за дигитална трансформација

Напредувајте во дигиталната трансформација со спојување на нашите управувани услуги за печатење од деловна класа и решенијата за соработка во работниот простор во еден пакет

РЕШЕНИЈА

Решенија за соработка во работниот простор

Подобрете го начинот на кој работите со напредни решенија за снимање, автоматизација на работните процеси со документи и поврзување со Cloud што овозможуваат безбеден проток на информации низ вашата организација

People discussing at work

Контактирајте со нас доколку имате повеќе информации и прашања

Слични производи/решенија

Погледнете повеќе решенија од Canon што ги надополнуваат нашите управувани услуги за печатење

Истражете повеќе

Прочитајте повеќе за тоа како решенијата и услугите од Canon можат да ви помогнат да се приспособите на реалноста на новото хибридно работење

  • Подготовка за неочекуваното

    Концептот за „нормално“ работење целосно се трансформираше и продолжува да се менува. Погледнете во што треба да вложите за да останете во чекор со брзите промени.

  • Подготовка на новиот работен простор

    Прочитајте како Cloud ќе има клучна улога во овозможувањето на соработката помеѓу тимовите во идното хибридно работно опкружување коешто постојано се менува

  • Приспособување кон работниот простор од иднината со помош на Cloud

    Управувајте со работниот простор од иднината со помош на технологијата за Cloud што придонесува за ефикасно и безбедно соработување

  • Што да очекувате во новото работно опкружување

    Дознајте за трендовите што влијаат врз работниот простор од иднината и добијте совети за тоа како да се подготвите