Откривајте нови начини на работа
Професионалните совети и анализи ви овозможуваат да бидете конкурентни на пазарот
Стратешки информации, алатки и обука за растечки систем на комуникации.
Со правилен совет и поддршка може да откриете нови возбудливи пристапи и технологии што ќе ви помогнат да одговорите на променливата побарувачка на потрошувачите.
Професионалните совети и анализи ви овозможуваат да бидете конкурентни на пазарот
Пронајдете нови начини за справување со финансиските предизвици и за постигнување напредок
Стратешката иновација ви помага да одговорите на новите пазарни трендови
Создавајте сеопфатни решенија со континуирана техничка поддршка
Дигитална трансформација
Сега може да понудиме висококвалитетни дигитални услуги и може да размислуваме на подолгорочен план.
Lars Langbo
Менаџер за производство на LO Digital
Како одговор на намалувањето на обемот за печатење и на профитните маржи, норвешката компанија LO Media сакаше да се трансформира од фирма за рекламно печатење во фирма за комуникации. Освен тоа што обезбедува прилагодени и повеќеканални комуникации, компанијата треба да ги задоволи и безбедносните потреби на своите главни потрошувачи во политичката сфера.
Со комбинирање на услугата за печатење од интернет на LO Media и EFI DirectSmile Cross Media Suite, развивме платформа со разновидни опции за комуникација преку различни медиуми. Во овој пакет ги вклучуваме и обуката и континуираната деловна поддршка кои се потребни за остварување на целосниот потенцијал на новиот систем.
LO Media сега користи повеќеканален пристап кон комуникациите – избирајќи го медиумот што ќе биде најефективен за секој потрошувач или проект. Овој нов модел ѝ помогна на компанијата да склучи нови долгорочни договори вредни над €100.000 годишно и да го подобри одделот за печатење.
Увид и анализа на пазарот
Деловни и иновативни скенирања
Технологија и обука