Скратете ги времињата за завршување на процесот и за испорака
Зголемете ја продуктивноста користејќи сеопфатни дигитални работни процеси
Побрз, пофлексибилен начин на создавање на неверојатни графички материјали за надворешно изложување.
Без вистинските алатки, тешко е да одговорите на побарувачката на пазарот за прилагодено печатење со конкурентни цени, или пак да откриете нови апликации.
Зголемете ја продуктивноста користејќи сеопфатни дигитални работни процеси
Направете го поекономично печатењето на кратки рокови со висок квалитет
Понудете максимален опсег на прилагодување и персонализација
Понудете разновидни нови апликации и печатете на повеќе супстрати
Совршеност преку иновации
Опремени сме со врвен производствен работен процес и со врвен партнер како Canon.
Andy Halasz
Администратор, Replay Studio
Белгиската компанија за печатарски услуги позната по своите иновации, Replay Studio, сакаше да ја зацврсти својата позиција на динамичниот пазар за промотивни графички материјали. Сепак, нејзината технологија не можеше да ја понуди брзината, квалитетот и флексибилноста којашто ја посакуваше, ниту пак можноста да печати на подебели супстрати за надворешна примена.
Следејќи го нашиот совет, компанијата инвестираше во печатачот за широки формати Arizona 550, во ColorWave 650 за постери, како и во Canon imagePRESS за работни задачи со тесен формат. Поради опсегот на апликациите кои ги печати компанијата, ние исто така поставивме работен процес со управување за бои за да обезбедиме непроменето печатење на секој уред.
Овој побрз и поефикасен систем двојно ги намалува трошоците за производство и времињата на испорака, притоа подобрувајќи го квалитетот на печатењето и капацитетот на компанијата да печати на подебели супстрати. Ова ја зацементира првата позиција на Replay Studio на пазарот за дигитално печатење во голем формат и доведе до зголемување од 27% на профитот во период од 4 години.
Задачата за печатење пристигнува
Работата влегува во работниот процес
Проследување кон соодветната технологија за печатење
На пр. сечење или пренасочување на ProCut
Клиентот го добива завршниот производ