НАПИС

EOS-1D X Mark III од Canon: Врвна острина. Врвен фокус.

Canon EOS-1D X Mark III
© Ben Thouard

Независно дали фотографирате преку одличниот оптички визир на EOS-1D X Mark III од Canon или го користите неговиот голем екран на допир од 3,1 инчи, ќе ја почувствувате брзината и прецизноста на неговиот револуционерен систем за AF. Алгоритмите со длабоко учење се програмирани да препознаваат различни спортови, а функциите за откривање лице и очи се надополнети со функција за напредно следење која ќе ги следи спортистите дури и кога носат очила или кацига.

Без разлика колку брзи ќе бидат движењата, EOS-1D X Mark III од Canon ќе биде побрз и ќе го прилагодува фокусот за да добиете остар фокус секогаш кога ќе ви биде потребен.

Наменски сензор за обработка на слика и процесор за фокусирање

Кога го промовиравме EOS 650 во 1987 година, го револуционализиравме пазарот за SLR со CMOS-сензори за автоматско фокусирање од линиски тип. Тие се толку моќни што и денес се вградуваат во моделите EOS DSLR, но EOS-1D X Mark III од Canon оди чекор понапред со нова технологија.

Canon EOS-1D X Mark III

Кога го обликувате кадарот, фокусирате и фотографирате преку оптичкиот визир на EOS-1D X Mark III од Canon, ќе почувствувате значително подобрување во дизајнот на AF. Наменскиот CMOS-сензор за обработка на слика се користи ексклузивно за автоматско фокусирање, поради што се зголемува прецизноста и се зголемува бројот на фокусни точки во визирот. Обработката со AF ја врши наменскиот процесор DIGIC 8 чија единствена задача е да управува со AF кога го користите оптичкиот визир.

EOS-1D X Mark III од Canon нуди 191 AF-точка, од кои 155 се од вкрстен тип за поголема чувствителност - совршено за добивање остар фокус за брзите спортисти и животни при слаба осветленост. Овие AF-точки може да се користат поединечно за фокусирање со голема чувствителност, во мали групи и зони што ќе можат да се движат низ кадарот, или сите заедно под услов фотоапаратот автоматски да избира кои точки е најдобро да се искористат.

Canon EOS-1D X Mark III

Начинот на работа на системот за континуирано фотографирање на фотоапаратот може да се прилагоди според движењата што ги фотографирате. Изберете една од четирите поставки за сцени или користете ја новата поставка за автоматско одредување на сцената што ќе го избере најсоодветниот начин на работа за претстојната задача.

Систем со огледала

За да може EOS-1D X Mark III од Canon да фокусира прецизно при континуирано фотографирање со голема брзина, требаше да создадеме целосно редизајниран рефлексен систем со огледала. Многу е важно огледалата на фотоапаратот да се враќаат во нивната првична положба колку што е можно побрзо помеѓу секоја слика, а треба да се елиминираат и „вибрациите на огледалата“ за непречено насочување на светлината кон сензорот за AF. Овој процес се случува 16 пати во секоја секунда во внатрешноста на EOS-1D X Mark III од Canon - извонредно достигнување на механичкото инженерство.

Dual Pixel CMOS AF

Ако го користите EOS-1D X Mark III од Canon како фотоапарат без огледало, во режим за прегледување во живо, автоматското фокусирање ќе го врши нашиот докажан систем Dual Pixel CMOS AF. Тој ги претвора речиси сите пиксели на сензорот на фотоапаратот во пиксели за обработка на слика и AF-пиксели за откривање на фаза.

Dual pixel CMOS AF може да функционира брзо кога снимате фотографии и следите предмети што се движат низ кадарот, а при снимање видео функционира порамномерно и овозможува професионални ефекти со промени на фокусот од еден на друг предмет.

Имплементацијата на технологијата Dual Pixel CMOS AF кај EOS-1D X Mark III од Canon овозможува распределба на пикселите со можност за фокусирање низ целата висина на кадарот и врз повеќе од 90 проценти од неговата ширина. Перформансите се зголемени до степен што овозможува брзо, прецизно и континуирано фотографирање со брзина до 20 fps. Истиот алгоритам за AF со длабоко учење што е достапен при користење на фотоапаратот во режим на визир е достапен и за Dual Pixel CMOS AF за да бидете сигурни дека ќе ја добиете неопходната острина за предметот, животното или лицето кое го следите.

Canon EOS-1D X Mark III

< Назад кон прегледот на EOS-1D X Mark III од Canon

Слични написи