НАПИС

EOS-1D X Mark III од Canon: Поголема брзина…

Canon EOS-1D X Mark III
© Marina Cano – ambasador tvrtke Canon

Некои моменти минуваат додека да трепнете: атлетичар кој минува преку линијата или орел што извлекува риба од водата. Во вакви ситуации нема простор за грешка. Дел од секундата порано или покасно и ќе го пропуштите моментот - момент што може никогаш да не се повтори. Токму поради овие причини го создадовме EOS-1D X Mark III од Canon.

Континуирано фотографирање со брзина до 20 fps

EOS-1D X Mark III од Canon може да снима најмногу 20 целосни слики со 20,1 мегапиксели во секунда при фотографирање во режимот за прегледување во живо, користејќи ја својата механичка бленда за реално доловување на движењата или својата електронска бленда за потполно бесшумно фотографирање.

Кога го користите оптичкиот визир на фотоапаратот, брзината за континуирано фотографирање е 16 fps што е извонредно достигнување за DSLR-фотоапарат и овозможено благодарение на професионалното искуство во механичко инженерство на Canon. За движење на рефлексното огледало нагоре и надолу се користат мотори за директен погон што го враќаат во неговата првична положба брзо, прецизно и со минимални „вибрации на огледалото“.

Блендата на EOS-1D X Mark III од Canon е предвидена за 500.000 слики и нуди нови нивоа на брзина и сигурност што ќе ви влеат самодоверба кога работите под притисок.

Два отвора за CFexpress

EOS-1D X Mark III од Canon користи CFexpress-картички - нова генерација на мемориски уреди за складирање од Compact Flash Association. Овие картички нудат значително поголеми брзини на запишување, овозможувајќи фотографирање на неверојатни 1000 слики во форматот RAW и JPEG со брзина до 20 fps без доцнење, како и внатрешно снимање на 5,5K-видео во Raw-формат.

Реализирајќи ги препораките на професионалните фотографи, отсега ќе можете да зачувувате фотографии во една картичка, а видеозаписи во друга картичка.

Canon EOS-1D X Mark III
Canon EOS-1D X Mark III

Гледајте во реално време

Добијте предност во однос на конкуренцијата со извонредниот оптички визир на EOS-1D X Mark III од Canon што не создава доцнење. Гледајте како се одвиваат случувањата во реално време, подобрете го вашето време на реакција и снимајте ги моментите дури и пред електронските бленди да можат да ги регистрираат.

Моќта на DIGIC X

EOS-1D X Mark III од Canon е опремен со процесорот за слика DIGIC X - уред што е многу помоќен од претходните процесори DIGIC и му овозможува на фотоапаратот да функционира со неверојатна брзина. Покрај врвен квалитет на слика, дури и во најтешки услови, процесорот DIGIC X овозможува континуирано фотографирање со брзина до 20 fps со автоматски фокус, автоматска експозиција и вградена обработка DLO.


< Назад кон прегледот на EOS-1D X Mark III од Canon

Слични написи