Исто така, DIGIC X управува со системот за AF со длабоко учење на EOS-1D X Mark III од Canon и со вградената функција за дигитално оптимизирање на објективот. Ваквата обработка на слика ги елиминира сите оптички проблеми што не можат да се коригираат само преку дизајнот на објективите, а тука спаѓаат аберациите и распрскувањето на светлината. Бидејќи дигиталното оптимизирање на објективот не ја намалува брзината на EOS-1D X Mark III од Canon, отсега ќе можат да го користат фотографи за вести, спорт и диви животни кои фотографираат со најголеми брзини.
Избор на формати на датотеки
EOS-1D X Mark III од Canon ви нуди голем избор на формати на датотеки за слики за да можете да го изберете форматот што најмногу ќе ви одговара за претстојната задача.
CR3 Raw-датотеки
Форматот на датотеки CR3 Raw отсега ќе биде достапен кај серијата EOS-1D.
- Може да го снимате без компресија за да добиете максимален квалитет со огромен динамички опсег и 16.384 градации по канал за боја. Идеално кога сликите треба темелно да се обработат по снимањето.
- Ако, пак, снимате со компресија, тогаш ќе заштедите до 40 проценти од големината на датотеката, со многу малку забележливо намалување на квалитетот директно од фотоапаратот.
Датотеките CR3 Raw се максимално поддржани од софтверот Digital Photo Professional што се испорачува бесплатно со EOS-1D X Mark III од Canon, како и од многу други поголеми компании за софтвер од трети страни, како што се Adobe и Apple.
Датотеки JPEG и HEIF
Кога треба брзо да ги испратите вашите слики, не постои подобра опција од JPEG-датотеки - но тоа ќе се промени. EOS-1D X Mark III од Canon ви овозможува да снимате и HEIF-датотеки (многу ефикасен формат на слика) што се основаат на кодекот за видео HVEC.
Датотеките HEIF нудат подобар квалитет на слика во споредба со датотеките JPEG, а зафаќаат приближно иста големина. Форматот применува 10-битни бои за поголем динамички опсег, овозможувајќи снимање HDR PQ-слики.
Компатибилноста на датотеките HEIF постојано се зголемува, а тие можат и да се обработат во самиот фотоапарат за да се добијат стандардни JPEG-датотеки.