Безжично поврзување во мрежа
EOS-1D X Mark III од Canon има вграден Wi-Fi што е идеален за комуникација со паметни уреди и компјутери, како во студиото така и на локацијата каде што работите.
Паметните телефони и таблет-уредите во кои се инсталирани апликациите Camera Connect и Digital Photo Professional Express* може да се користат за пребарување, уредување, дообработка и префрлување на фотографиите кога сте во движење. Тие може да се користат и како модерен далечински управувач за фотоапаратот, овозможувајќи ви да го обликувате кадарот преку екранот на уредот, да ги менувате поставките на фотоапаратот и да снимате фотографии и видеозаписи. Компјутерите и Mac-компјутерите со EOS Utility, исто така, можат да ги извршуваат истите задачи.
А доколку ви треба посилна безжична врска, изборниот безжичен адаптер WFT-E9 ќе ви понуди поголем опсег и поголема сигурност во „дигитално оптоварени“ опкружувања како што се фудбалските стадиони. Тој го поддржува стандардот MIMO 802.11ac што користи фреквентни опсези од 5 GHz и 2,4 GHz за комуникација на оддалеченост до 150 метри, а овозможува и поврзување со безбедни SFTP-сервери.
* Паметниот телефон треба да биде опремен со Bluetooth верзија 4.0 (или понова верзија). Исто така, потребно е паметниот уред да користи оперативен систем iOS 11.4 (или понов) или Android 5.0 (или понов)