DSLR-фотоапарати

Canon EOS 2000D

Тој е лесен и интуитивен за користење, па затоа е идеален DSLR-фотоапарат за почетници што сакаат да снимаат и споделуваат спомени со прекрасно заматување на заднината.

Запознајте се со EOS 2000D

Ослободете ја креативноста и снимајте спомени без напор.

Прекрасни фотографии, видеоснимки како во кино

Користете го сензорот со 24,1 мегапиксели и 19x поголема површина од повеќето паметни телефони*** за да снимате приказни со прекрасно заматување на заднината, дури и при слабо осветлување.

Креативност без напор

Фотографирајте со прегледување во живо со креативниот автоматски режим и додавајте уникатни завршни обработки со креативните филтри. Само насочете и фотографирајте со автоматското интелигентно откривање на сцени за да добиете одлични резултати.

Canon Camera

Внесете реалистичност во секојдневните моменти со EOS 2000D

Претворете ги спонтаните моменти во креативни Full HD видеозаписи или користете ја функцијата за куси видеозаписи за да ги доловите најдобрите моменти во денот.
Canon Camera

Фотографирајте со сигурност

Доловете го моментот така како што го гледате со прецизен автоматски фокус, брзина од 3,0 fps и DIGIC 4+. Уживајте во лесно обликување на кадарот преку оптичкиот визир и гледајте ги резултатите на LCD екранот од 7,5 cm.

Едноставно споделување, далечинско фотографирање

Префрлувајте ги вашите приказни во паметни уреди за неколку секунди, за лесно споделување на социјалните медиуми или архивирање и фотографирајте далечински преку Wi-Fi*, NFC** и апликацијата Canon Camera Connect.

Canon Camera

Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година

Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.

Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.

Photographer looking down view finder

Откријте ја моќта на DSLR

Добијте практични совети за фотографирање со DSLR уред од апликацијата Photo Companion на Canon (може да се преземе за Android и iOS). Започнете да користите различни објективи и дополнителна опрема или изберете рачна контрола кога ќе бидете подготвени.
Дознајте повеќе

Дали ви треба помош при избирањето на вашиот прв DSLR фотоапарат?

Куќиште на фотоапарат

EOS APS-C System

EOS 4000D

EOS APS-C System

EOS 2000D

Ефективни пиксели (прибл. MP)

18
24,1

LCD екран

Тип 2,7 (6,8 cm)
Тип 3,0 (7,5 cm)

Оптички визир

Да (фиксен диоптер)
Да

AF точки

9
9

Континуирано фотографирање

3 fps
3 fps

Вграден блиц

Да
Да (автоматско исфрлување)

Автоматски режим за интелигентно откривање на сцени / водич за функции

Да
Да

Креативни филтри

Да
Да

Видеоснимки

Full HD
Full HD

Апликација Photo Companion*****

Да
Да

Апликација Camera Connect****

Да
Да

Поврзување

Поддршка
Wi-Fi и NFC***

Далечински управувач****

Само преку паметен уред
RS-60 или преку паметен уред

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за да добиете DSLR-квалитет - додајте само мемориска картичка и торбичка за фотоапарати.

  • Куќиште EOS 2000D

  • Заштитник за очи EF

  • Ремен за фотоапарат EW-400D

  • Батерија LP-E10

  • Полнач за батерии LC-E10E

  • Кабел за напојување на полначот за батерии

  • Водич за почетници

Компатибилна дополнителна опрема

  • LP-E10 од Canon

    Фотографирајте подолго со резервна батерија за вашиот EOS 2000D.

  • LC-E10E од Canon

    Надополнете ја вашата опрема со втор полнач за да можете да полните повеќе батерии во исто време.

  • BP100 од Canon

    Носете ја вашата опрема и DSLR фотоапаратот, таблет-уредот и личните работи во безбеден ранец.

  • Мемориска картичка SanDisk Ultra SDHC/SDXC UHS-I C10, 16GB

    Складирајте фотографии со можност за брзо префрлување и сигурен дизајн што е отпорен на сите временски услови.

  • Торбичка за фотоапарат HL100 од Canon, црна боја

    Цврста, стилска и издржлива торбичка од Canon за заштита и носење на вашиот DSLR-фотоапарат од основна класа и објектив

  • Блиц Speedlite 270EX II од Canon

    Компактен блиц Speedlite со разновидна примена за различни прилики

  • Далечински прекинувач RS-80N3 од Canon

    Фотографирајте без да го допирате вашиот фотоапарат

  • Далечински прекинувач RS-60E3 од Canon

    Фотографирајте без да го допрете вашиот фотоапарат - идеално кога сакате да избегнете вибрации на фотоапаратот

  • Кабел за интерфејс IFC-400PCU од Canon

    Пренесувајте фотографии и видеоснимки од вашиот фотоапарат во компјутер или Mac преку овој USB-кабел

  • DC-приклучок DR-E10 од Canon

    Поврзете го вашиот EOS DSLR-фотоапарат со AC-адаптер за струја

  • Далечински управувач со тајмер TC-80N3 од Canon

    Фотографирајте без да го допрете вашиот фотоапарат и снимајте слики на редовни интервали за проекти со забрзани движења

Поврзани производи