Stay connected

Бидете поврзани

Беспрекорна
интеграција

Искористете ги вградените Wi-Fi и NFC на EOS 5D Mark IV за да извршите поврзување со вашиот паметен телефон, таблет уред или лаптоп, или пак сторете го тоа директно преку услугите за споделување на слики. Идеален за испраќање слики кон клиенти и за објавување на социјалните медиуми. Поддршката за FTP/FTPS е одлична за оние кои снимаат во објекти со Wi-Fi, кога има потреба од дополнителна сигурност.

Wi-Fi GPS and NFC on EOS 5D Mark IV

Поврзете се и
фотографирајте далечински

EOS 5D Mark IV може да се контролира безжично од паметен уред на кој е инсталирана апликацијата Canon Camera Connect (iOS или Android). Погледнете од поинаков агол од тешко достапните точки и далечински контролирајте ги функциите како што е Фокус на допир – одлична за фокусирање при снимање видеозапис.

Using tablet remote with the EOS 5D Mark IV

Отсекување и менување на големината

Функцијата за отсекување и испраќање во репродукцијата на EOS 5D Mark IV им овозможува на корисниците да ја преработуваат снимката по снимањето и лесно да ја менуваат големината на сликите за да можат веднаш да ги споделат преку вградениот Wi-Fi. Исто како и во EOS-1D X Mark II, фотографите можат да ги отсекуваат сликите според тоа како сакаат да бидат издадени и можат брзо да им ги испратат на уредниците и на студијата.

Crop and resize image with EOS 5D Mark IV

Зголемете го
опсегот на Wi-Fi

WFT-E7 ја зголемува безжичната флексибилност на фотоапаратот, нудејќи им на фотографите можност за безжично префрлување слики од фотоапаратот во компјутер на голема оддалеченост, како и подобрено далечинско фотографирање и функционалност на Media Server.

Wi-Fi transmitter WFT-E7 for EOS 5D Mark IV
Connect around the world with 5D Mark IV

Во допир со светот

Вградените GPS географски ознаки ја означуваат секоја слика со вашата локација и ја оддржуваат точноста на внатрешниот часовник на EOS 5D Mark IV. Тој е исто така ефикасен и во поглед на моќноста, така што ќе можете подолго да снимате. GPS помагаат при ставањето на сликите во каталогот и ви овозможуваат да ги реконструирате вашите чекори за повторно да ги пронајдете локациите за снимање.

Не заборавајте ги податоците никогаш

Фоторепортерите мора да ги доловат сите детали, а тука спаѓаат и важните пишани информации. Вчитувајте шаблони со метаподатоци на вашиот EOS 5D Mark IV кои содржат лични информации и детали за снимките. Секоја снимена слика ќе ги има овие информации вметнати во своите полиња за IPTC мета-податоци.

Share date via IPTC with EOS 5D Mark IV

Брзо и сигурно
префрлување податоци

Поврзувањето преку USB 3.0 нуди брз пренос на податоците до компјутерите и Mac компјутерите – идеално за снимање во студијата.

USB connectivity with EOS 5D Mark IV

Флексибилни
опции за снимање

EOS 5D Mark IV располага со отвори за SD и CF картички кои поддржуваат брзи UDMA 7 картички со брзина на запишување до 167MB во секунда.

EOS 5D Mark IV dual card slots

Погледнете други придобивки