Оригинал
Dual Pixel RAW
Што е Dual Pixel RAW?
Dual Pixel RAW е иновација од Canon која ги користи двете фотодиоди на Dual Pixel CMOS AF сензорот на EOS 5D Mark IV со 30,4 мегапиксели.
Како функционира
Пикселите на Dual Pixel сензорот имаат конструкција со две фотодиоди. Ваквиот дизајн на сензорот значи дека тој може да прима A и B сигнали од предметот и да ги открива фазните разлики помеѓу двата сигнала, овозможувајќи му да го задржи фокусот како дек од Dual Pixel AF системот. Кога снимате слика, сензорот ги добива информациите за сликата од комбинираните A и B сигнали од сликата. Оваа технологија го прави фокусирањето и снимањето слики возможно со истиот сензор.
При снимањето на Dual Pixel RAW, еден RAW фајл зачувува две слики во истиот фајл. Едната слика се состои од A+B комбинираните податоци за сликата, а другата само од податоците за сликата A. Ова значи дека Dual Pixel RAW фајловите содржат нормална слика и информации за паралаксата кои можат да се измерат, како и информации за растојанието од предметот кои може да се претворат. Бидејќи Dual Pixel RAW сликите содржат две слики, нивните фајлови се двојно поголеми од нормалните RAW слики.
Користејќи го Dual Pixel RAW оптимизирањето во софтверот Digital Photo Professional, корисниците можат да ги искористат Dual Pixel податоците снимени со Dual Pixel RAW сликата за микро-прилагодувања на позицијата на максималната острина користејќи ги информациите за длабочината кои се содржат во фајлот.
Микро-прилагодување на сликата
Кога сликата не е доволно остра во одредена област, како на пример кај очите на објекот, сликата може да се прилагоди и да се врати острината во посакуваната област.
Со микро-прилагодување на сликата
Поместување на заматувањето
Со Dual Pixel RAW можете да ја прилагодувате позицијата на областите кои не се фокусирани, или да извршите „заматување“ за да ја збогатите композицијата, како на пример со поместување на предмет кој не е во фокусот и кој го попречува објектот.
Оригинал
Со поместување на дефокусирањето
Намалување на привидните облици
За разлика од одблесоците во објективот, кои понекогаш може да се искористат на креативен начин за да се направи сликата да изгледа со низок контраст и „магловита“, привидните облици не се посакувани и покажуваат внатрешни одблесоци од објективот. Ова може да се контролира со Dual Pixel RAW и да се минимизира со внимателно прилагодување.
Оригинал
Со намалување на привидните облици
За најдобри резултати
За да се извлече максимумот од Dual Pixel RAW, потребни се внимателни прилагодувања на вредностите за снимање на EOS 5D Mark IV. За најдобри резултати, снимајте со фокусно растојание на објективот од најмалку 50mm и решетка од f/5.6 или пониска вредност, водејќи сметка ISO вредноста да е 1600 или помала.
Ефектите може да се разликуваат во вертикалниот или хоризонталниот формат, а за да добиете најдобри резултати, погрижете да снимате во рамките на следните параметри:
Фокусна должина
Растојание до објектот
50 mm
1 - 10m (3,3 - 32,8ft)
100mm
2 - 20m (6,6 - 65,6ft)
200mm
4 - 40m (13,1 - 131,2ft)