НАПИС

Canon EOS 90D: разновидни опции

EOS 90D Versatility Article

Интуитивен DSLR-дизајн

EOS 90D е резултат на долгогодишно подобрување на дизајнот за фотоапарати - процес на континуирано подобрување што резултираше со фотоапарат кој е интуитивен за користење од моментот кога ќе го земете во раце. Ќе ги забележите малите детали, како што се двете вртливи копчиња за контрола што ќе ви овозможат да го прилагодувате фокусирањето додека фотографирате и прилагодливите контроли и режими за фотографирање.

EOS 90D Take a clear view Zoom Lens
© Авторски права Fergus Kennedy

Добијте појасен приказ

EOS 90D е DSLR-фотоапарат што е опремен со интелигентен оптички визир што овозможува прецизно следење на објектите што се движат, како птици во лет, и совршено темпирање на вашите слики. Информациите се прикажуваат врз приказот во реално време за да бидете во тек со сите аспекти на перформансите на фотоапаратот.

EOS 90D All-day battery life
© Авторски права Fergus Kennedy

Батерија што трае цел ден

Големата батерија овозможува снимање на 1300 слики со едно полнење* за да можете да фотографирате подолго кога работите на отворено. Држачот со батерија ви овозможува да користите и втора батерија, при што двојно ќе го зголемите времето на фотографирање од едно до друго полнење на батериите и ќе можете полесно да ракувате со фотоапаратот при вертикално фотографирање.

EOS 90D Balance and Comfortable Grip
© Авторски права Fergus Kennedy

Класичниот DSLR-дизајн на EOS 90D, со обликуван држач, овозможува балансирано и удобно држење при фотографирањето со долги или кратки објективи, што дополнително ја зголемува привлечноста на овој фотоапарат наменет за фотографи за диви животни и спорт.

EOS 90D Built-in wireless connectivity
© Авторски права / 60 знаци. сите јазици

Вградено безжично поврзување

EOS 90D има Bluetooth и Wi-Fi што овозможуваат брзо и лесно споделување слики преку паметен уред со апликацијата Canon Camera Connect,* но и далечинска контрола на фотоапаратот. Погледнете што гледа фотоапаратот преку екранот на вашиот паметен уред, прилагодувајте ги поставките, менувајте ги режимите и фотографирајте без да стоите покрај фотоапаратот. Одличен начин за фотографирање диви животни одблиску без да ги исплашите. Исто така, сликите можат да се синхронизираат со вашиот паметен уред или компјутер/Mac кога сте дома.

EOS 90D може и далечински да се поврзе со вашиот компјутер или Mac преку испорачаниот софтвер EOS Utility - одличен начин за фотографирање во студио.


< Назад кон прегледот на EOS 90D

Може да ви се допадне и...