Фотоапарати без огледало
Canon EOS M6
Не пропуштајте ниту една приказна.EOS што може да оди со вас насекаде за да бидете подготвени за спонтани приказни на улиците.
За моментите кои никој не ги забележува
Огромен квалитет, мали димензии
Комбинација од DSLR перформанси и максимална преносливост
Погледнете ги сите спецификацииDSLR квалитет на слика од фотоапарат без огледало
Спој од компактни димензии и DSLR квалитет
EOS M6, кој е доволно пренослив за да го носите во џеб или торба, ви овозможува да бидете спонтани при фотографирањето и да доловувате неочекувани моменти со острина и креативност, користејќи фотоапарат што можете да го носите насекаде.
Извонредни перформанси кога најмногу ви се потребни
Dual Pixel CMOS AF овозможува брзо и прецизно фокусирање во стил на DSLR и автоматско следење на предметите кои се движат во кадарот. EOS M6 овозможува и брзо фотографирање, снимајќи слики со 24,2 мегапиксели и брзина до 9 fps (7 fps со SERVO автоматски фокус).
Dual Pixel CMOS AF
Нови нивоа на креативност за видеоснимките
Користете ги истите контроли за снимање видеоснимки што ги користите и за фотографирање, за едноставно снимање на Full HD видеоснимки кои ќе изгледаат прекрасно и на интернет и на вашиот телевизор. Остриот фокус се задржува на објектите додека тие (или вие) се движите, а снимениот материјал ќе биде стабилен благодарение на вградената стабилизација на слика со 5 оски.
Разберете ја суштината на EOS
Паметно споделување и поврзување – не се потребни кабли
Постојано активните Bluetooth® и NFC овозможуваат лесно поврзување на EOS M6 со паметен телефон или таблет-уред преку Wi-Fi. Откако ќе ја воспоставите врската може да пребарувате слики и да ги споделувате со пријателите преку Cloud. Можете дури и да го контролирате фотоапаратот далечински и да гледате низ него преку екранот на вашиот уред.
Апликација Canon Photo Companion
Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.
Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година
Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.
Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.
Спецификации
-
24,2 мегапиксели
За DSLR квалитет на слика
-
Full HD видеоснимки
Одлични видеоснимки на интернет и во домот
-
DIGIC 7
Перформанси со брз одзив
-
Дигитална стабилизација на слика со 5 оски
Спречува тресење на фотоапаратот
-
Dual Pixel CMOS AF
Брзо за фотографии; рамномерно за видеоснимки
-
Wi-Fi и NFC
Снимајте и споделувајте без кабли
-
Фотографирање со 7 fps
Со SERVO автоматски фокус
-
Bluetooth
За лесна безжична контрола
Што содржи кутијата
-
Куќиште EOS M6 од Canon
-
Капаче за фотоапарат R-F-4
-
Ремен EM-300DB
-
Полнач за батерии LC-E17E
-
Батерија LP-E17
-
Кабел за напојување
-
Комплет со упатство за користење
Препорачани објективи
* За да ги користите објективите EF 70-200mm f/4L IS II USM, EF 70-300mm f/4-5.6 IS II USM со EOS M6, ќе треба да го користите и адаптерот за монтирање објективи EF-EOS M.
-
Објективи за EOS M
EF-M 22mm f/2 STM
Мал објектив во вид на „палачинка“ со голема решетка од f/2, кој е совршен за портрети и фотографирање во услови со слаба осветленост. -
Објективи за DSLR
EF 50mm f/1.8 STM
STM објектив со достапна цена, брза решетка од f/1.8 за општо фотографирање, фотографирање при слаба осветленост и портрети. -
-
Објективи за EOS M
EF-M 55-200mm f/4.5-6.3 IS STM
Телефото објектив за зумирање со стабилизација на слика и STM, кој е совршен за доближување до далечните објекти. -
Објективи за EOS M
EF-M 11-22mm f/4-5.6 IS STM
Објектив за зумирање со извонредно широк агол, стабилизација на слика и STM, кој е одличен за фотографии и видеоснимки со пејзажи.
Дополнителна опрема
Поврзани производи
Дознајте повеќе за EOS M
- * При користење на адаптерот за монтирање EF-EOS M.
- ® Зборот во ознаката Bluetooth® и лого ознаките на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Inc. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици. Потребен е Bluetooth® верзија 4 или понов и iOS 8.4, Android 5.0 или понов.