The perfect blend of handling and great design

EOS R

Совршен спој на ракување и одличен дизајн

EOS R е компактен и лесен фотоапарат што е помал од другите EOS DSLR фотоапарати за целосна слика. Поради неговиот ергономски дизајн овој фотоапарат е совршен за користење. Тој се одликува со сите висококвалитетни EOS функции кои може да ги очекувате и нуди нови и интересни функции кои дополнително го подобруваат вашето доживување при фотографирањето.

Компактен и ергономски дизајн

Почувствувајте ја удобноста на фотоапаратот EOS R кога го држите во рака. Како дел од семејството EOS, тој го има истиот држач за рака како моделите DSLR. Исто така, LCD екранот со интуитивни менија ќе им биде добро познат на корисниците на EOS. Контролите се едноставни за користење и нудат дополнителна флексибилност бидејќи може лесно да се прилагодат според вашите потреби. EOS R е фотоапарат каков што би посакале.

Compact, ergonomic design
Compact, ergonomic design

Екран на допир со променлив агол

Екранот на допир со променлив агол на EOS R од 3,15 инчи е светол и јасен со 2,1 милиони точки за создавање слики со висока резолуција и видеоснимки со извонредна острина и јасност. Екранот може да се прилагоди на широк опсег на агли за да можете да снимате тешко пристапни објекти, додека технологијата Clear View II од Canon значително ги намалува одблесоците на екранот. Можноста за промена на тонот на бојата на LCD екранот ви помага да ги усогласите вашите фотографии со начинот на којшто сакате да ја прикажете сцената.

Може да ви се допадне и следното
Related connect upload

EOS R

Поврзете се, префрлувајте и споделувајте насекаде

Related tell your stories

EOS R

Раскажете ги вашите приказни со 4K-видеозаписи и исполнете го екранот со детали

Related article brent

EOS R

Поставување нови стандарди за креативност

Vari-angle touch screen

Уникатен визир

Фотографирањето со електронскиот визир (EVF) на EOS R со 3,69 милиони точки ви овозможува приказ на 100% од сцената и, бидејќи го држите на окото, ви дава постандардно доживување при фотографирањето. Исто така, овој визир нуди дополнителни функции кои не ги добивате со стандардниот оптички визир: можете да видите како ќе изгледа крајната слика во реално време и можете јасно да го видите објектот дури и кога е речиси мрак. Кога визирот не ви е на окото, вградениот сензор автоматски ја префрла сликата на екранот со што се штеди енергијата на батеријата. Визирот може да се користи и за снимање видеоснимки при силна светлина што овозможува полесен премин од фотографирање на снимање.

Функции за фокусирање

Кога снимате со EVF, можете брзо и прецизно да ја изберете AF површината преку фокусирање со допирање и повлекување. Со помош на оваа функција, екранот на допир можете да го користите како подлога на допир додека гледате низ визирот. Кога вашиот објект е посоодветен за рачно фокусирање, користете ги функциите за зголемување на фокусот или издвојување со фокусот на EOS R за поголема прецизност наместо острина.

Focusing features

Прилагодлива повеќефункционална лента

Уникатната повеќефункционална лента е една од иновативните функции на EOS R. Тоа е интерфејс за контрола на допир што може да се прилагоди за многубројни функции, од контролирање на AF до поставување на брзина на ISO или баланс на белата боја. Оваа лента е слична со добро познатото контролно тркалце на EOS, но се одликува со тивко ракување и поголема отпорност на лоши временски услови.

Customisable multi-function bar

Цврсто и издржливо куќиште со заштита од лоши временски услови

Цврстото куќиште од магнезиумска легура на EOS R нуди висок стандард на заштита. Поради неговата напредна отпорност на прав и влага, ова е најотпорниот фотоапарат на лоши временски услови без огледало од Canon досега.

Може да ве интересира и