EOS R10 се одликува и со режими на сцени за панорамски снимки и поместување, со што ви го олеснува добивањето извонредни резултати при снимањето со овие техники.
Canon EOS R10
Повеќенаменска камера што може да се користи за разновидно снимање. Идеален придружник за патувања. Совршена алатка за создавање хибридни содржини. Ваш начин на креативно самоизразување.
Истражувајте во движење
Совршениот следен чекор во фотографирањето. Без разлика дали продолжувате од вашиот прв DSLR-фотоапарат или од паметен телефон или компактен фотоапарат - EOS R10 едноставно ви нуди повеќе. Повеќе технологија, повеќе функции, поголема преносливост, поголема креативност.
Погледнете ги сите спецификацииСпецификации
-
Dual Pixel CMOS AF II
Автоматско фокусирање што препознава и следи луѓе, животни и возила и во режими на фотографии и во режим на видео
-
Континуирано фотографирање со 15 fps1
Механичка бленда за извонредно голема брзина и резултати со висок квалитет
-
4K/30p
Висококвалитетно видео со прекумерно семплирање од 6K
-
Фокусирање при слаба осветленост од -4EV2
Прецизно фокусирање при услови на слаба осветленост
-
Фотографии со ISO-вредности до 32.000, а видеозаписи до 12.800
Можност за поставување ISO-вредности до 51.200 за фотографии и ISO 25.600 за видеозаписи
-
4K/60p3
За порамномерни движења во видеозаписите
-
EVF со 2,36 милиони точки
Избор на стапка на освежување од 60/120 fps4
-
-
Процесор DIGIC X
Контрола со брз одзив и минимално доцнење на EVF
-
image.canon
Директно поврзување преку Wi-Fi за прикачувања на услугите Cloud
-
Екран на допир од 7,5 cm со променлив агол и 1,04 милиони точки
Поинаков поглед на вашиот субјект
-
Проследување во живо на YouTube
Проследувајте во живо на вашиот канал на YouTube7
Запознајте се со фотоапаратот што ви овозможува повеќе
Поголема острина
EOS R10 се одликува со нашиот докажан систем за фокусирање Dual Pixel CMOS AF II, програмиран со технологија за вештачка интелигенција со длабоко учење, која овозможува напредно препознавање субјекти. Тој е брз, прецизен и неверојатно чувствителен при слаба осветленост - всушност, тој е прецизен дури и во сцените осветлени само од месечевата светлина.
Добијте нов вид на автоматско фокусирање
EOS R10 може да препознава луѓе, возила и животни како мачки, кучиња и птици и да ги следи нивните движења низ кадарот8. Дури и предметите што се движат брзо ќе бидат доловени со голема острина.
При фотографирање луѓе, EOS R10 им дава приоритет на очите - „прозорците на душата“. Ако тие не се видливи, тогаш го следи лицето. Ако вашиот субјект се заврти за момент, фотоапаратот следно ќе продолжи да ја следи неговата глава, а потоа и телото.
Поголема брзина
Реагирајте инстинктивно и доловувајте ги краткотрајните моменти благодарение на фотографирањето со голема брзина - идеално за фотографирање диви животни и спортови. EOS R10 може континуирано да снима серии од RAW, JPEG или HEIF-слики со брзина до 15 слики1 во секунда (или 23 fps5 ако ја користите електронската бленда на фотоапаратот). Фотоапаратот постојано го следи субјектот низ кадарот и постојано ги приспособува фокусот и експозицијата за да ја долови променливата сцена.
Доловување моменти што траат само дел од секундата
Секвенцијалниот режим во RAW-формат овозможува фотографирање со брзина до 30 fps и отсекување од 75 проценти, а сликите се складираат во една видео датотека за практична и едноставна организација. Подоцна, со помош на нашиот бесплатен софтвер Digital Photo Professional (DPP) ќе можете да ги извлечете поединечните слики. Ако ја овозможите функцијата за пред-фотографирање во менито на фотоапаратот, EOS R10 ќе почне да фотографира 0,5 сек. пред притиснувањето на копчето за активирање на блендата, што значи дека секогаш ќе може да го доловите совршениот волшебен момент.
Брза реакција
Фотоапаратот брзо реагира на вашите команди, со што ви овозможува огромна предност при доловувањето на клучниот момент. Процесорот DIGIC X нуди брз одзив и минимално доцнење или затемнување на визирот, така што секогаш ќе може да го следите вашиот субјект.
Поголема флексибилност
Независно дали снимате фотографии, видеоснимки или комбинација од двете, EOS R10 секогаш ви нуди извонреден квалитет на слика. Тој е лесно пренослив, со тежина од само 429g9, така што секогаш може да го понесете со себе.
Светла, камера, акција!
4K што ги надминува очекувањата
EOS R10 доловува извонредни 4K-видеозаписи што изгледаат неверојатно на UHD-екраните и овозможува отсекување без загуби во квалитетот при уредувањето на проектите во Full HD. Снимателите може да избираат помеѓу 4K/60p3 , за исклучително рамномерна репродукција на подвижните објекти и ефектите на забавени движења или неверојатните 4K/30p видеоснимки со прекумерно семплирање создадени од излезниот сигнал со 6K-резолуција од сензорот со 24,2 мегапиксели на фотоапаратот. Резултатите треба да ги видите за да се уверите дека се вистински.
Извонредно рамномерни движења
Кога фотографирате во Full HD режим, може да користите стапка на слики до 120 fps и да доловите уште повеќе детали за објектите во движење.10 За сцените со бавни случувања, можноста за создавање извонредни 4K и Full HD видеозаписи со забрзано движење во самиот фотоапарат додава уште алатки во вашиот креативен арсенал.
Поедноставно и задоволително користење
Од моментот кога ќе го земете EOS R10 во рака, ќе почувствувате дека сте поврзани со него и дека тој е продолжение на вашиот креативен израз. Копчињата и вртливите копчиња се интуитивно позиционирани под вашите прсти, а електронскиот визир на фотоапаратот (EVF) овозможува јасен и прецизен приказ на светот.
APS-C се придодава на системот EOS R
Предноста на APS-C
Бидејќи EOS R10 е создаден со сензор со APS-C-големина, објективите нудат 1,6x поголем телефото опсег од еквивалентните фокусни должини на фотоапаратите за целосна слика. Приближете се веднаш до вашиот субјект за да снимите фотографии од диви животни или впечатливи случувања што ќе го исполнуваат целиот кадар.
Учете и развивајте се додека фотографирате
На корисниците кои не се упатени во EOS или во фотографирањето, корисничкиот интерфејс со упатства им овозможува да ги развиваат своите вештини и да согледаат како функционира нивниот фотоапарат. Кога ќе бидете подготвени да се обидете самостојно, стандардниот интерфејс на фотоапаратот е толку интуитивен и практичен што може и да заборавите дека воопшто постои.
„ФОТОАПАРАТОТ ФУНКЦИОНИРА ОДЛИЧНО. МНОГУ Е БРЗ, А АВТОМАТСКИОТ ФОКУС Е НЕВЕРОЈАТЕН.“
Повеќе опции за поврзување
EOS R10 безжично се поврзува со вашиот паметен телефон за да може да ја споделите вашата креативност со пријателите и следбениците. Објавувајте на социјалните медиуми, испраќајте видеозаписи на пријателите и прикачувајте слики на сметките на Cloud за тие да бидат подготвени за вас кога ќе се вратите дома.
Бидете поврзани постојано
Постојано активната Bluetooth-врска со мала потрошувачка на енергија овозможува функцијата за Wi-Fi од 2,4 GHz беспрекорно да се активира кога имате потреба од префрлување слики. Можно е и да го контролирате фотоапаратот безжично од паметен уред на кој е инсталирана апликацијата Canon Camera Connect: може да гледате низ него, да ги менувате поставките и да снимате фотографии и видеоснимки. За поедноставно далечинско ракување, достапен е и безжичниот далечински управувач со Bluetooth, BR-E1.
EOS R10 се одликува и со приклучоци USB-C за полнење на батеријата додека е во фотоапаратот и фотографирање преку кабел на компјутерите со Windows/Mac.
Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година
Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.
Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.
Што содржи кутијата
Сѐ што ви е потребно за да ги направите следните чекори во фотографирањето и снимањето видеозаписи.
-
Куќиште на EOS R10
-
Капаче за фотоапарат R-F-5
-
Ремен за фотоапарат ER-R10
-
Капаче за приклучок ER-SC2
-
Полнач за батерии LC-E17E
-
Батерија LP-E17
-
Капак за батерија
-
AC-кабел
-
Комплет со упатство за користење
Објективи и дополнителна опрема
Слични статии
Слични производи
-
Фотоапарати без огледало
EOS R7
Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината. -
Фотоапарати без огледало
EOS RP
Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања. -
DSLR-фотоапарати
EOS 90D
Максимално опремен DSLR-фотоапарат што овозможува доближување до целта, побрзо фотографирање и снимање извонредни слики со 32,5 мегапиксели.
Може да ве интересира и...
- Брзината на континуирано фотографирање може да биде помала во зависност од субјектот/условите за снимање, состојбата на батеријата, поставувањето на фотоапаратот, користениот објектив итн. Погледнете го напредниот водич за корисници за повеќе информации. За информации за објективи што ја поддржуваат максималната брзина на континуирано фотографирање со Servo AF, погледнете во делот „Дополнителни информации“ за EOS R10 на веб-страницата „cam.start.canon“.
- При фотографирање, со објектив со f/1,2, централна AF-точка, AF со една снимка, при 23°C/73°F, ISO100. Освен RF-објективи со слој за рамномерно дефокусирање.
- Режимот за снимање во 4K со 60p ја отсекува хоризонталната површина на сликата до 64 %.
- Максималната стапка на слики при AF, при половично притиснување на копчето за блендата или при континуирано фотографирање изнесува 59,94 fps. Имајте предвид дека стапката на слики на екранот може да биде помала во зависност од објективот што го користите и условите за фотографирање.
- Брзината на континуирано фотографирање може да биде помала во зависност од субјектот/условите за снимање, поставувањето на фотоапаратот, користениот објектив итн. Погледнете го напредниот водич за корисници за повеќе информации. За информации за објективи што ја поддржуваат максималната брзина на континуирано фотографирање со Servo AF, погледнете во делот „Дополнителни информации“ за EOS R10 на веб-страницата „cam.start.canon“. Во зависност од природата на субјектот или условите за снимање, може да настане изобличување предизвикано од вртењето на блендата.
- Можно е да се генерираат други звуци покрај звукот на блендата (решетката, звук од моторот за фокусирање на објективот и звук од електрониката итн.).
- Услугата за проследување во живо на фотоапаратот поддржува само проследување во живо на YouTube. За да можете да ја користите услугата за проследување во живо, треба да се регистрирате на image.canon. Погледнете ги најновите предуслови на YouTube. Проследувањето во живо на YouTube може да се промени, запре или прекине без претходно известување. Canon не презема одговорност за какви било услуги испорачани од трети страни, вклучувајќи ја и нивното дистрибуција во живо на YouTube.
- Применливо кога кадарот на субјектот се прикажува при следењето и кога на фотоапаратот е прикачен компатибилен објектив додека целиот опсег на AF е активен или субјектот е откриен успешно во друг режим. За подетални информации за поддржаните објективи, погледнете го делот [Дополнителни информации] за EOS R10 на „cam.start.canon“.
- Со мемориска картичка и батерија, врз основа на стандардите CIPA.
- Во режимот за видеоснимки со висока брзина на слики не се снима звук.