Напредна технологија за автоматско фокусирање

EOS R5 фокусира со извонредна брзина и прецизност и може да ги препознае и следи субјектите кои се движат во сцената. Снимајте слики со одлична острина и јасност, исполнети со детали.

© Martin Bissig / Амбасадор на Canon

Dual Pixel CMOS AF II со 5940 површини и целосна покриеност

Независно каде е позициониран вашиот субјект, EOS R5 може да го пронајде и брзо да го фокусира, користејќи 5940 AF-површини што опфаќаат приближно 100 проценти од кадарот. Овие фокусни површини може да се користат заедно, посебно или во зони што ќе можете да ги поместувате низ кадарот за да ги следите случувањата.

AF-точките може да ги избирате со наменскиот повеќенасочен контролор на задната страна на фотоапаратот или преку екранот на допир - допирајте на екранот кога го користите режимот за прегледување во живо или користете го како подлога на допир кога окото ви е прилепено за фотоапаратот.

© Martin Bissig / Canon Ambassador

© Robert Marc Lehmann

© Ulla Lohmann / Canon Ambassador

AI со длабоко учење и препознавање субјекти

Системот за автоматски фокус EOS ITR AF X на EOS R5 е програмиран да користи вештачка интелигенција со длабоко учење, првично создаден за нашиот револуционерен DSLR-фотоапарат EOS-1D X Mark III. Во режимот за откривање лице/очи, системот прецизно ги препознава лицата, вклучувајќи ги и тие што се завртени странично и им се гледа само едно око. На овој начин лицата на субјектите се неверојатно остри, дури и кога се движат непредвидено, а длабочината на полето е мала. А ако субјектот се заврти за момент, фотоапаратот ќе продолжи да ја следи неговата глава за да може веднаш остро да го фокусира неговото лице штом повторно се заврти кон фотоапаратот.

Освен тоа, вештачката интелигенција со длабоко учење на EOS R5 може да препознава и следи возила, како и мачки, кучиња и птици и да ги фокусира нивните тела, лица или очи. На тој начин, фотографирањето спортови и диви животни е лесно како никогаш досега, особено за субјекти како птици во лет. Кога фотографирате мотоспортови, EOS R5 може да препознае мотоцикли и тркачки автомобили, дури и да направи разлика помеѓу отворен и затворен кокпит, прецизно одредувајќи ја кацигата на возачот кога е видлива.

© Robert Marc Lehmann

Брзо фокусирање со голема чувствителност

EOS R5 може да фокусира со брзина од 0,05 сек. - водечки перформанси во класата на фотоапарати за целосна слика без огледало.1 Автоматското фокусирање може да функционира при ниски нивоа на светлина до -6 EV,2 што е приближно еднакво на светлината при полумесечина.

Оваа неверојатна чувствителност кон светлината му помага на EOS R5 да фокусира со мала решетка до f/22, овозможувајќи употреба на телеконвертори со објективи со релативно бавни решетки и многу компактни објективи со извонреден телефото зум, како што се RF 600mm F11 IS STM и RF 800mm F11 IS STM.

Поддршка за постојан рачен фокус на објективот

Прилагодувајте го или преиначувајте го фокусот рачно кога е избран режимот за AF без да притиснете ниту едно копче. Оваа функција им е омилена на корисниците на постари објективи EF USM, па затоа ја редизајниравме кај објективите RF и им вградивме понова генерација на мотори за фокусирање.

Начин на следење со AF

Начинот на работа на автоматскиот фокус со следење AI Servo на фотоапаратот може да се прилагоди со приспособување на параметри како „Чувствителност на следење“ или „забрзување/ забавување на следењето“ или преку избирање еден од четири „опции“ - конфигурации што се идеални за различни видови на фотографирање.

EOS R5 нуди Опција A која автоматски избира една од четирите опции за AF за специфични субјекти, во зависност од тоа што фотографирате.

EOS R5 нуди Опција A која автоматски избира една од четирите опции за AF за специфични субјекти, во зависност од тоа што фотографирате.

Рачно фокусирање

Кога фокусирате рачно може да користите три методи за помош при фокусирањето за да бидете сигурни дека ќе ја позиционирате најважната фокусна точка на вистинското место.

• Фокусирање со зголемување
Со зголемување на сликата, прво за 6x, а потоа за 15x, ќе можете подобро да ја видите сликата и да го процените фокусот.

• Издвојување со фокус
Рабовите на површините од сцената што се во фокус ќе се прикажат во боја по ваш избор.

• Dual Pixel Focus Guide
Технологијата Dual Pixel Focus Guide, што прв пат ја вградивме во нашиот фотоапарат Cinema EOS C300 Mark II, ја користи технологијата Dual Pixel CMOS AF II на фотоапаратот за прецизно мерење на растојанието помеѓу фотоапаратот и субјектот, а потоа го споредува тоа растојание со тековните поставки за рачен фокус. Графичкиот водич ќе посочи дали фокусната точка е пред или зад вредноста што ја измерил фотоапаратот и ќе светне во зелена боја ако двете вредности се исти, означувајќи прецизен фокус.

Системот овозможува полесно и попрецизно создавање ефекти со промени на рачниот фокус, а на режисерите им нуди врвна прецизност каква што им е потребна за работа со резолуциите 4K и 8K.

Овие три алатки можат да се користат со компатибилни RF-објективи, EF-објективи или објективи за снимање со рачен фокус.

© Ulla Lohmann / Амбасадор на Canon

Слични статии

Први слики со Canon EOS R5: ги доловува прекрасните детали на природата

Ула Ломан и Роберт Марк Леман за тоа како сензорот со 45MP и AF што ги следи очите во Canon EOS R5 им помогнале да направат спектакуларни слики на отворено.

Снимање 8К и преголем примерок 4К со Canon EOS R5

Во првите видеоснимки на Canon EOS R5, Мартин Бисиг и Иван Д’Антонио истражуваат како неговите 8K функции го намалуваат времето на снимање и ги зголемуваат опциите за креативност.

EOS R5 од Canon: 10 функции што не треба да ги занемарите

Откријте ги функциите што го прават EOS R5 револуционерен уред, вклучувајќи ја и можноста за фотографирање со 45 MP и брзина до 20 fps, како и снимање 8K RAW-видеоснимки.

EOS R5 во споредба со EOS R6 од Canon - кој ви одговара повеќе?

Canon ви претставува не еден, туку два револуционерни фотоапарати без огледало за целосна слика. Кој ви одговара повеќе? Да ги споредиме EOS R5 и EOS R6 еден покрај друг.

  1. Почнувајќи од 3 јуни 2020 година, во групата на дигитални фотоапарати без огледало со заменливи објективи што се опремени со еквивалент на сензор за целосна слика од 35 mm со AF за откривање контраст и AF за откривање фаза во рамнината на сликата. Пресметано од резултатите на измерената брзина на AF, врз основа на стандардите CIPA (се разликува во зависност од условите за фотографирање и користениот објектив). Измерено со внатрешни методи. Услови за мерење: EV12 (амбиентална температура/ISO 100), рачен режим, користење на објективот RF 24-105mm F4L IS USM (со фокусна должина од 24 mm) со следните поставки: активирање на блендата преку копчето за блендата, AF во 1 точка (централен AF), AF со една снимка.
  2. При фотографирање, со објектив со f/1,2, централна AF-точка, AF со една снимка, при 23°C/73°F, ISO100. Освен RF-објективи со слој за рамномерно дефокусирање