Поврзете се

EOS R5 е еден од фотоапаратите со најмногу опции за поврзување што сме го направиле, со можност за префрлување датотеки со слики преку вашиот паметен уред или Wi-Fi-мрежа до вашите клиенти, профили на социјалните медиуми, па дури и до сметки на Cloud преку нашата услуга image.canon.

Неверојатна стабилност, неверојатна брзина

EOS R5 може да воспоставува побрзи и постабилни безжични врски благодарение на вградениот Wi-Fi со два фреквентни појаси од 2,4 GHz и 5 GHz и поддршка за стандардите 802.11a, b, g, n и 802.11ac. Постојано активната Bluetooth-врска со мала потрошувачка на енергија ја одржува врската помеѓу фотоапаратот и паметните уреди, овозможувајќи пребарување, уредување и префрлување слики во телефони и таблет-уреди на локацијата каде што работите.

Фотоапаратот може да користи Wi-Fi за комуникација со паметни уреди, за вчитување слики во Cloud преку услугата image.canon или за испраќање слики директно во FTP.

Апликација Camera Connect

Започнете го дигиталниот работен процес додека патувате, пред да се вратите од сесијата за фотографирање. Активирајте ја апликацијата Canon Camera Connect на вашиот паметен телефон или таблет-уред и EOS R5 автоматски ќе се поврзе со него преку Wi-Fi за да им овозможи на корисниците да пребаруваат содржини од мемориската картичка на фотоапаратот и да префрлуваат слики за уредување со апликацијата Canon Digital Photo Professional или за споделување.

Исто така, може да го конфигурирате EOS R5 да врши автоматски пренос на сликите, така што сликите автоматски ќе се испраќаат кон вашиот паметен уред додека фотографирате.

Апликацијата им овозможува на фотографите и безжична контрола на нивните фотоапарати EOS R5 - и за фотографирање и за снимање. Изберете каде да фокусирате, прилагодувајте ја експозицијата, гледајте што гледа вашиот фотоапарат преку функцијата за далечинско прегледување во живо и фотографирајте од тешки агли.

EOS R6 Mark II

Camera Connect од Canon

Поврзете го вашиот фотоапарат од Canon со вашиот Apple или Android уред за далечинско снимање и лесно споделување на фотографиите.

image.canon

Новата услуга за фотографии на Canon врз основа на Cloud, image.canon, им овозможува на корисниците да зачувуваат неограничен број на фотографии, вклучувајќи и RAW-датотеки, на интернет во времетраење до 30 дена. Потоа датотеките со слики може да се префрлат во Google Drive, Adobe’s Creative Cloud или локално во мемориски уреди.

EOS R5 е првиот EOS-фотоапарат што овозможува автоматско вчитување на сликите во Cloud на image.canon, каде што ќе бидат подготвени и достапни преку компјутер/Mac што ќе го синхронизирате кога ќе завршите со фотографирањето.

Image.canon

Непречено префрлување слики и видеоснимки од вашиот фотоапарат од Canon во вашите уреди и на веб-услугите.

FTP

EOS R5 им нуди вграден FTP и FTPS преку вградениот Wi-Fi на професионалните фотографи кои мора да ги испраќаат фотографиите директно на клиентите на брз и безбеден начин, директно од локацијата каде што работат. Поставките за FTP може да ги конфигурирате во фотоапаратот или локално преку софтверот EOS Utility и може да зачувате најмногу 10 однапред поставени параметри што ќе можете веднаш да ги користите.

Достапен е изборен држач WFT-R10 со Wi-Fi за EOS R5, што нуди и гигабитна етернет врска за поврзување со жични мрежи и има антени MIMO за поголем опсег на Wi-Fi со помалку пречки. Достапно е и безбедно префрлување слики преку SFTP.

Доколку сте ги оценувале фотографиите или сте им додавале гласовни белешки, тие мета податоци може да се префрлат заедно со датотеките со слики – тоа се скапоцени информации за уредниците на слики и персоналот во агенцијата.

Приказ на статусот за префрлување преку FTP
Ваквиот приказ, што беше баран од фотографите за спорт и вести кои праќаат слики преку FTP, прикажува колку време ќе биде потребно за да се испратат сликите. Тоа им овозможува на фотографите да донесат информирана одлука за да останат таму каде што се и да го завршат префрлувањето или да побараат побрза врска на друго место.

Заштитете го префрлувањето на сликите
Опцијата за автоматска „заштита“ на сликите што се праќаат на FTP-сервер е корисна за многу фотографи за вести и спорт. Заштитените слики ќе бидат заклучени и нема да можете да ги избришете случајно, а ќе можете лесно да препознаете кои слики му биле испратени на клиентот откако ќе ги префрлите во вашиот компјутер по снимањето.

За да добиете целосна контрола на функциите за FTP и опција за додавање IPTC-податоци и гласовни белешки во сликите, апликацијата Mobile File Transfer од Canon му придодава повеќе функции за FTP на вашиот фотоапарат преку вашиот паметен телефон.

Прочитајте повеќе и преземете >

Слични статии

Први слики со Canon EOS R5: ги доловува прекрасните детали на природата

Ула Ломан и Роберт Марк Леман за тоа како сензорот со 45MP и AF што ги следи очите во Canon EOS R5 им помогнале да направат спектакуларни слики на отворено.

Снимање 8К и преголем примерок 4К со Canon EOS R5

Во првите видеоснимки на Canon EOS R5, Мартин Бисиг и Иван Д’Антонио истражуваат како неговите 8K функции го намалуваат времето на снимање и ги зголемуваат опциите за креативност.

EOS R5 од Canon: 10 функции што не треба да ги занемарите

Откријте ги функциите што го прават EOS R5 револуционерен уред, вклучувајќи ја и можноста за фотографирање со 45 MP и брзина до 20 fps, како и снимање 8K RAW-видеоснимки.

EOS R5 во споредба со EOS R6 од Canon - кој ви одговара повеќе?

Canon ви претставува не еден, туку два револуционерни фотоапарати без огледало за целосна слика. Кој ви одговара повеќе? Да ги споредиме EOS R5 и EOS R6 еден покрај друг.