Квалитет на слика

EOS R5 нуди квалитет на слика што ги надминува очекувањата. Сензорот со 45 мегапиксели, заедно со процесорот за слика DIGIC X, прикажува што сè може да направи технолошки напредниот систем EOS-R.

Резолуција од 45 мегапиксели и процесор DIGIC X

Во EOS R5 е вграден новиот CMOS-сензор со 45 мегапиксели за целосна слика што нуди нивоа на квалитет на слика што досега беа незамисливи. Деталите и острината се неверојатни, исто како и репродукцијата на бои, градацијата на тонови и динамичкиот опсег. Сензорот работи со максимална чувствителност од ISO 51.200 што значи дека извонредниот квалитет на слика што го нуди EOS R5 ќе ви биде достапен дури и во услови со слаба осветленост.

Специјално дизајнираниот процесор за слика DIGIC X ги зема податоците од сензорот на фотоапаратот и создава датотеки со слики со извонреден квалитет. Дигиталниот шум е минимален – не само при високи поставки на ISO, туку и при сите вредности за чувствителност. Острината е подобрена со потполно нова функција за прилагодување на јасноста, а достапен е и голем динамички опсег благодарение на подобрените технологии за автоматска оптимизација на осветлувањето (ALO) и приоритет на најсветли тонови+.

© Ulla Lohmann / Canon Ambassador

A paraglider with a yellow canopy high above the lush German Alps

© Ulla Lohmann / Canon Ambassador

© Robert Marc Lehmann

RF-приклучок

EOS R5 е фотоапарат што максимално ги искористува технолошките напредоци што се дизајнирани за системот EOS R. Тука спаѓа приклучокот за објективи RF, со широк дијаметар од 54 mm и растојание од 20 mm помеѓу отворот на куќиштето и сензорот, кој овозможува оптички дизајни што досега се сметале за невозможни.

Исто така, RF-приклучокот пренесува податоци помеѓу објективот и куќиштето на фотоапаратот со десет пати поголема брзина од приклучокот за објективи EF. На тој начин се овозможува побрзо автоматско фокусирање, нов систем за интелигентна стабилизација на слика и нови нивоа на обработка на слика во самиот фотоапарат, користејќи технологии како дигитално оптимизирање на објективот што овозможува максимален квалитет на слика и им помага на објективите да функционираат најдобро што можат.

Слики со висока резолуција до 400 MP

Верзијата 1.81 на фирмверот овозможува создавање слики со неверојатно висока резолуција до 400 MP во самиот фотоапарат. Благодарение на функцијата за IBIS со висока резолуција, кога EOS R5 е поставен на статив може да сними девет последователни слики, да го помести сензорот по малку за секоја слика со помош на вградениот механизам за стабилизација на слика и да ги спои сликите во фотоапаратот. Тоа му овозможува на фотоапаратот да создава уште помали пиксели и да постигне повисока резолуција на сликата од приближно 400 MP.

IBIS high resolution
ВКЛУЧЕН IBIS со висока резолуција

ВКЛУЧЕН IBIS со висока резолуција

ИСКЛУЧЕН IBIS со висока резолуција

ИСКЛУЧЕН IBIS со висока резолуција

Стабилизатор на слика со 8 чекори1

EOS R5 е првиот фотоапарат EOS со вградена стабилизација на слика што нуди заштита за движења по 5 оски која спречува тресење на фотоапаратот при фотографирање со објективи што немаат вградена стабилизација на слика. Меѓутоа, ако прикачите компатибилен RF-објектив со стабилизација на слика на EOS R5, тогаш двата системи за стабилизација на слика ќе формираат интелигентен систем за стабилизација на слика што ќе овозможи неверојатна стабилизација со 8 чекори.

Тоа е доволно за да можете да фотографирате рачно со многу долги брзини на блендата без да се грижите за заматување на сликата поради тресење на фотоапаратот. Замислете си дека ќе можете да користите мала брзина на блендата за да го доловите движењето на водопадот со рачно фотографирање - само еден од новите начини за креативно фотографирање што EOS R5 им ги нуди на фотографите.

Нема стабилизација на слика

© Ulla Lohmann / Амбасадор на Canon

Стабилизација на слика со 8 чекори

© Ulla Lohmann / Амбасадор на Canon

Дигитална стабилизација на слика за видео

Вградената електронска стабилизација на слика со 5 оски функционира и при снимање видео*. Таа ги користи и вградената стабилизација на слика на фотоапаратот и стабилизацијата на слика на објективот за да овозможи многу високи нивоа на стабилизација. На тој начин рачното снимање е рамномерно, а содржините изгледаат професионално, што е одлично за снимање документарни филмови и креативни видеопроекти.

* Системот за дигитална стабилизација на слика за видео не е достапен при снимање во форматот 8K RAW

Формат на слика HEIF

Освен датотеки JPEG и CR3 RAW, EOS R5 може да снима и датотеки HEIF (High Efficiency Image Format). Оваа нова генерација на формати за датотеки со слики нуди подобар квалитет од датотеките JPEG, а зафаќаат приближно иста големина. Форматот применува 10-битни бои за поголем динамички опсег и овозможува снимање HDR PQ-слики.

Датотеките HEIF може да се обработуваат и во самиот фотоапарат за да создадете JPEG-датотеки со поширок динамички опсег од стандардните JPEG-датотеки.

Слични статии

Први слики со Canon EOS R5: ги доловува прекрасните детали на природата

Ула Ломан и Роберт Марк Леман за тоа како сензорот со 45MP и AF што ги следи очите во Canon EOS R5 им помогнале да направат спектакуларни слики на отворено.

Снимање 8К и преголем примерок 4К со Canon EOS R5

Во првите видеоснимки на Canon EOS R5, Мартин Бисиг и Иван Д’Антонио истражуваат како неговите 8K функции го намалуваат времето на снимање и ги зголемуваат опциите за креативност.

EOS R5 од Canon: 10 функции што не треба да ги занемарите

Откријте ги функциите што го прават EOS R5 револуционерен уред, вклучувајќи ја и можноста за фотографирање со 45 MP и брзина до 20 fps, како и снимање 8K RAW-видеоснимки.

EOS R5 во споредба со EOS R6 од Canon - кој ви одговара повеќе?

Canon ви претставува не еден, туку два револуционерни фотоапарати без огледало за целосна слика. Кој ви одговара повеќе? Да ги споредиме EOS R5 и EOS R6 еден покрај друг.

  1. 8 чекори засновани на стандардот CIPA со RF 24-105mm F4 L IS USM со фокусна должина од 105mm.