Моќни професионални перформанси

EOS R5 фотографира со 45 мегапиксели и брзина до 20 слики во секунда, со континуирано автоматско фокусирање со следење. Ваквите перформанси - благодарение на специјалниот процесор DIGIC X - ви овозможуваат да снимате слики какви што досега не било можно да се снимат.
Планински велосипедист изведува трик во воздух на сонце. Сликата е сликана одоздола со црвени афиони и треви на ридот

Мартин Бисиг беше една од првите професионалци кој ги тестираше можностите Canon EOS R5 за видеа, снимајќи ја динамичната акција на планински велосипедисти и скејтбордери. Сликано со EOS R5 со објектив Canon RF 15-35mm F2,8L IS USM со 15mm, 1/800 сек, f/9 и ISO250. © Martin Bissig

Голема брзина како никогаш досега

EOS R5 ви овозможува да фотографирате краткотрајни моменти како никогаш досега, во формат за целосна слика со 45 мегапиксели и брзина од неверојатни 201 слики во секунда, во потполна тишина и со континуирани AE и AF со следење.

Без разлика дали фотографирате спорт, репортажи, диви животни или портрети, EOS R5 ќе ви понуди многу повеќе можности за доловување на совршениот момент. А ако треба да користите механичка бленда, тогаш ќе можете да фотографирате континуирано со одлична брзина од 12 fps1: перформанси што се водечки во класата на фотоапаратите за целосна слика без огледало.

EOS R5

© Robert Marc Lehmann

© Martin Bissig / Амбасадор на Canon

© Ulla Lohmann / Амбасадор на Canon

© Martin Bissig / Canon Ambassador

Најсовремен електронски визир

EOS R5 е опремен со електронски визир што е толку напреден, што ќе гледате низ него како да нема ништо помеѓу вас и субјектот што го фотографирате. Со резолуцијата од 5,76 милиони точки, покриеноста од 100 проценти и стапката на освежување од 120 fps потполно ќе се задлабочите во сцената, а воедно ќе можете и да погледнете како точно ќе изгледаат сликите пред да ги снимите.

EVF е надополнет со 3,15-инчен екран на допир со 2,1 милиони точки и променлив агол што може да се оддалечи од фотоапаратот и да ротира за 270˚, овозможувајќи удобно фотографирање од тешки агли. Екранот може да се ротира и затвори кон куќиштето на фотоапаратот заради поголема заштита.

На задната страна на EOS R5 има сензор што овозможува автоматски избор помеѓу EVF и екранот при доближување и оддалечување на фотоапаратот од вашето лице и може да се конфигурира различно во зависност од тоа дали екранот е преклопен.

Исто така, EOS R5 нуди опција за исклучување на задното осветлување на LCD-екранот, за да можат корисниците да го исклучат LCD-екранот и да го користат EVF, а сликите да ги прегледуваат на големиот LCD-екран. Оваа опција им е позната на сите корисници на DSLR.

Процесор за слика DIGIC X

Импресивната брзина на континуирано фотографирање, неверојатниот квалитет на слика и водечкиот автоматски фокус на EOS R5 се контролираат преку процесорот DIGIC X кој ги контролира и другите функции на фотоапаратот и овозможува ракување со брз одзив.

Два отвора за картички CFexpress

EOS R5 има два отвори за мемориски картички: еден за универзално компатибилните SD-картички (со поддршка за брзите SD-медиуми од тип UHS-II); а вториот за извонредно брзите картички CFexpress што нудат неверојатно голема брзина каква што е потребна за стабилно секвенцијално фотографирање со 20 fps и максимум 180 RAW-датотеки, како и за некои видеоформати на EOS R5 со повисока резолуција.


CFexpressV90 UHS-II SD
Максимална брзина на пренос1,97 GB во секунда321 MB во секунда


Фотоапаратот нуди многу можности за прилагодување, вклучувајќи го и начинот на кој можат да се користат картичките. Може да го поставите фотоапаратот и да ги зачувате поставките во една од мемориските картички. Тоа ќе ви овозможи да споделувате поставки со пријатели или, доколку имате два фотоапарати, да ги копирате поставките и во двата фотоапарати. Оваа функција е практична и кога треба да го сервисирате фотоапаратот - ќе можете веднаш да ги активирате сите поставки штом го земете фотоапаратот од сервис.

Canon EOS R5 прикажан оддесно на корисникот. Отворите за две картички се под капачето на страната.

EOS R5, исто така, има два отвора за картички – еден отвор за брзите Cfexpress картички и еден универзално компатибилен слот за SD картички.

Батерија со поголем капацитет

EOS R5 се напојува од напредна батерија LP-E6NH која има 20 проценти поголем капацитет од постарите батерии LP-E6N и овозможува снимање на 490 слики со едно полнење во строги услови за тестирање* - и многу повеќе во реални услови за фотографирање.

Батериите LP-E6NH можат да се полнат со испорачаниот полнач за батерии или додека се во фотоапаратот преку USB C 3.1, со струја (PD) од 5 V/1,5 A. Исто така, достапен е држач со батерија BG-R10 во кој може да сместите две батерии истовремено за да фотографирате подолго.

Постарите батерии LP-E6 и LP-E6N се компатибилни со EOS R5, но најголемите стапки на фотографирање и полнењето на батеријата кога е во фотоапаратот не се достапни ако ја користите батеријата LP-E6.

* Согласно стандардите CIPA при 23˚C и користење на LCD-екранот во режим за заштеда на енергија

Професионален квалитет на изработка

EOS R5 има куќиште од магнезиумска легура што е дизајнирано да ги издржи тешките услови на професионалната употреба. Заштитните заптивки нудат заштита од прав и влага и ви овозможуваат да фотографирате сигурно независно од временските услови.

EOS R5

Слични статии

Први слики со Canon EOS R5: ги доловува прекрасните детали на природата

Ула Ломан и Роберт Марк Леман за тоа како сензорот со 45MP и AF што ги следи очите во Canon EOS R5 им помогнале да направат спектакуларни слики на отворено.

Снимање 8К и преголем примерок 4К со Canon EOS R5

Во првите видеоснимки на Canon EOS R5, Мартин Бисиг и Иван Д’Антонио истражуваат како неговите 8K функции го намалуваат времето на снимање и ги зголемуваат опциите за креативност.

EOS R5 од Canon: 10 функции што не треба да ги занемарите

Откријте ги функциите што го прават EOS R5 револуционерен уред, вклучувајќи ја и можноста за фотографирање со 45 MP и брзина до 20 fps, како и снимање 8K RAW-видеоснимки.

EOS R5 во споредба со EOS R6 од Canon - кој ви одговара повеќе?

Canon ви претставува не еден, туку два револуционерни фотоапарати без огледало за целосна слика. Кој ви одговара повеќе? Да ги споредиме EOS R5 и EOS R6 еден покрај друг.

  1. Електронска бленда до прибл. 20 fps со AF/AE со следење: важи за одредени RF/EF-објективи кога решетката е целосно отворена. Погледнете ја официјалната веб-страницата на Canon за листа на компатибилни објективи. Брзината на секвенцијалното фотографирање се разликува во зависност од брзината на блендата, поставката за решетката, состојбата на решетката при континуирано фотографирање, условите за фотографирање на субјектите, светлината (особено во затемнети услови) и видот на објективот. Механичка бленда до прибл. 12 fps со AF/AE со следење: кога користите RF-објективи и одредени EF-објективи. Погледнете ја официјалната веб-страницата на Canon за листа на компатибилни објективи. Брзината на секвенцијалното фотографирање се разликува во 3 фази во зависност од видот на батеријата, преостанатата енергија во батеријата, бројот на батерии, објективот што се користи, температурата, поставката за вградениот Wi-Fi (вклучено/исклучено) и во зависност од тоа дали користите држач со батерија и WFT, DC-приклучок или USB-адаптер за напојување. Освен горенаведените фактори, максималната брзина на секвенцијалното фотографирање може да се намали поради брзината на блендата, решетката, користењето на блицот, обработката за намалување на треперењето, условите за фотографирање на субјектите, светлината (особено на темни места).