Напредно автоматско фокусирање и препознавање субјекти
Технологијата Dual Pixel CMOS AF од Canon е препознатлива во индустријата како систем на којшто се потпираат професионалните сниматели и фотографи. EOS R5 C наследува напредна верзија од овој систем којшто е опремен со AF на очи и EOS iTR AF X. Технологијата користи напреден алгоритам за длабоко учење којшто овозможува прецизно препознавање на лица дури и кога е видливо само едно око и ги следи субјектите и кога не гледаат во камерата.